СДСМ вели дека Мицкоски си црта автопортрет – „Има само една банда – ВМРО-ОКГ“


 

Опозицискиот СДСМ го нарече премиерот Христијан Мицкоски како „шеф от на организираната криминална група ВМРО“ и неговата вчерашна реченица ќе останела како автопортрет на оваа власт.

„’Нема веќе банди, нема веќе криминал, нема рекетирање, нема веќе марихуана економија, нема веќе провизии од Лотарија… Нема…’

Нема мали банди точно, има само една голема, таа контролира сѐ.

Нема повеќе улични банди – има партиска. Нема рекет од страна – рекетот сега има печат, кабинет и прес-конференција.

Нема повеќе провизии од Лотарија ‘на црно’“ – има систем во кој државата е плен, 5,5 милиони евра а Лотаријата се води како приватна фирма на ВМРО-ОКГ.

Нема повеќе марихуана економија како изговор – има монопол на лажната приказна дека криминалот исчезнал затоа што сега тие го водат“, велат од СДСМ. 

Според СДСМ кога шефот на владата излегува и вели дека криминалот го нема, тоа било легализација на криминалот и корупцијата.

„Бандата е на власт. Нема конкуренција на улица кога улицата ја држи кабинетот. И додека Мицкоски ги раскажува своите економски бајки, граѓаните ги плаќаат сметките и гледаат како власта си купува слика на лажен ред, а одговорноста за аферите секогаш завршува кај претходните.

Класичен метод на организирана криминална група: укради го наративот, па укради ги и доказите.

Кој денес тврди дека ‘нема банди’, утре ќе тврди дека нема ни жртви. Нема повеќе банди.

Има една. Се вика ВМРО-ОКГ и седи во владата“, нагласуваат во соопштението од опозициската партија.