СДСМ побара надзорна расправа за Алта банка АД Битола, ќе поднесе интерпелација за гувернерот Славески


Лидерот на СДСМ и пратеник, Венко Филипче, денеска на прес конференција во Собранието рече дека пратеничката група на СДСМ ќе покрене иницијатива за одржување на надзорна расправа за случувањата во Алта банка АД Битола, со цел да се види како се дојде ситуацијата во која граѓаните не може да дојдат до своите средтсва. Исто така, тој најави дека ќе поднесат интерпелација за гувернерот Трајко Славески кој што, како што рече, „ги остаи семејствата, пензионерите, младите без своите средства.

„Илјадници луѓе коишто денес не може да стигнат до своите средства, не им работат ни картичките како што вчера најавуваше дека тоа ќе функционира гувернерот. Очигледно соучесник во целата оваа манипулација и цел овој сомнителен, коруптивен, криминален процес на носење на Алта банка во земјава“, рече Филипче

Тој додаде дека Мицкоски и гувернерот Трајко Славески „очигледно е дека ќе помогнат да се опљачкаат помеѓу 150 и 180 милиони евра од граѓаните“.

„Стравуваме дека ова ќе има и домино ефект и врз други банки, затоа што веќе други граѓани коишто немаат сметка во Алта банка од сабајле ни јавуваат и ни кажуваат дека си ги проверуваат своите депозити, своите пари во други банки и ја проверуваат достапноста на истите тие средства“, рече Филипче.

Тој нагласи дека гувернерот треба да одговори на многу прашања, но и премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека тие треба да кажат како дозволиле влез во земјата на Алта банка, дали се испочитувани сите процедури, дали е направена контрола на средствата и нивното потекло коишто влегле при купување на Алта банка, дали имале предвид тоа дека Алта банка била одбиена…

Тој се осврна и на проблемите со кои што се соочуваат граѓаните кои имаат депозити во Алта банка АД Битола, а кои сега не може да располагаат со нив. Како што рече Филипче, станува збор за луѓе коишто со години и животната заштеда ја вложиле порано во Стопанска банка Битола

„А, тие се многу луѓе. Сега во Алта банка се поставува прашањето дали воопшто ќе си стигнат до своите пари.

„Зошто гувернерот кажува дека и покрај тоа што не можат да си ги повлечат парите, имаат обврска да ги враќаат кредитите? Замислете, каков врв на безобразлук. Со кои пари луѓето да враќаат кредити?“

Филипче побара одговори и за трансакциите во банката, за проверката на потеклото на капиталот и за евентуалниот престој на Давор Мацура во земјава изминатите денови.

„Денес, кога им се блокирани средствата на луѓето, а им се дозволени трансакции на фирмите коишто имаат таму средства, дали се префрлаат пари и какви пари се префрлаат од еден правен на друг правен субјект? Ако на овие прашања тие не одговараат, ние бараме Обвинителството час поскоро да се вклучи во оваа работа и сите овие прашања да ги истражи“, порача Филипче.

Запрашан за предвремени избори по резултаите од гласањето во Брвеница за избор на градоначалник, каде што победи ДУИ, Филипче рече дека таа тема и тоа што тоа се форсира од ВМРО е само уште еден обид за дефокус,

„Но, нема да можат да направат дефокус со никакви избори во Брвеница со оваа катастрофа и дебакл којшто што го направија со којшто го загрозија целокупниот финансиски систем во земјава“, рече Филипче додавајќи дека од 150 до 180 милиони евра според нивните анализи е вредноста на целокупниот капитал со којшто располага Алта банка.

„Немало поголема политичка криза од периодот на владеење на Христијан Мицковски и ние тоа во и од име на партијата и јас лично го говорам од средината на 24- та година кога укажуваме на тоа дека станува збор за криминална банда која што е заинтересирана сама за себе, којашто ги загрозува финансиските финансиската стабилност на земјата, европскиот пат, стандардот на граѓаните во име на некаков лажен патриотизам како што сакаат да се претстават. Зошто? За да можат да крадат пари. Да знаат дека ќе одговараат“, рече Филипче.