Не биле сите камиони за отпад за Скопје – повеќето ќе заминат во уште 10 други градови


Фото: Б. Грданоски

Поголем дел од камионите за отпад, цистерни и метларки, кои денеска се презентираат на паркингот пред салата „Борис Трајковски“ во Скопје, од каде градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најавуваше дека ќе се случуваат сите големи промени во главниот град, веднаш по локалните избори лани. 

Денеска пак, неговиот настап при презентацијата на новите возила, тој  настапи повеќе како претседател на ЗЕЛС, отколку како градоначалник на Скопје. Тој се заблагодари, од името на ЗЕЛС; најмногу на Светската банка која овозможила набавка на овие возила. 

Ѓорѓиевски рече дека ова е  значителна помош за општините – нов начин на третман и собирање на отпадот – а вети дека ќе се заложи овие возила да бидат со продолжен век на траење. 

– Во наредниот период ќе направиме и самите промоција на уште пет камиони коишто саамите ги обезбедивме, од коишто две се претоварни станици и дополнително завршува периодот за жалби, Градот Скопје во наредниов период ќе добие повеќе од 3.200 контејнери – рече Ѓорѓиевски.

– Благодарение на оваа помош и поддршка, ќе добиеме некаде околу повеќе од 27 возила кои ќе ги користиме во Градот Скопје – додаде Ѓорѓиевски.

Како ќе бидат распределени возилата, не кажа ниту Ѓорѓиевски, ниту подоцна министерот за транспорт и врски Александар Николоски, кој пак откри дека од  овие 40-тина возила само дел ќе останат во Скопје, а другите заминуваат во десет други општини. 

– Вкупно имамње 19 мултифункционални камиони од различен тип, 9 специјализирани камиони или популарно наречени цистерни коишто треба да помогнат во миење на улиците и 21 мултифункционално возило коишто треба да помогнат за чистење на улиците од најмали до најголеми – рече Николоски.

Во овој проект ќе има возила за Скопје, Куманово, Прилеп, Струмица, Штип, Охрид, Тетово, Неготионо, Кичево, Дебар и Велес.

Претходно тој појасни дека оваа набавка е направена  преку Светска банка, која веќе пет години спроведува проект за ревитализација и изградба на улици, но затоа што не биле потрошени сите пари за таа намена, по катастрофалната состојба со оптадот лани пред локалните избори, се дошло на идеја тие 5,5 милиони евра, неискористени пари, да се потрошат за да се најде решение за управување со ѓубрето.

За набавка на денеска презентираните возила биле потрошени 4,2 милиони евра.

Кои возила уште вечерва ќе тргнат га до чистата Скопје, како што претходно најавуваше Ѓорѓиевски, останува да видиме.

(Фото) Овие камиони и метларки ќе го „светнуваат“ Скопје