Истражување: Дури 92 отсто од девојките во Србија биле сексуално вознемирувани
Истражувањето спроведено од Автономниот женски центар покажа дека 92 отсто од девојките во Србија од 18 до 30-годишна возраст доживеале некоја форма на сексуално вознемирување, пишува „Блиц“.
Секоја трета девојка, се вели во истражувањето, доживеала несакани допирања, доближување до лицето, додека ласцивни пораки и повици добиле шест од десет девојки.
Студијата „Младите и искуства на сексуално вознемирување“ се занимава со тоа колку во Србија сексуалното вознемирување е широко распространето, и дали младите луѓе знаат како да го прпрепознаат. Резултатите што се добиени по неколкумесеното испитување на младите жени се поразителни – мажите на 50 отсто од девојките им испраќале бакнежи и им свиркале на улица, пишува „Блиц“.
Речиси сите жени барем еднаш во својот живот биле жртви на еден или на повеќе форми на сексуално малтретирање – на улица, на работа, во автобус или во продавница, додека 14 отсто од анкетираните жени имале искуства со сите видови сексуално вознемирување, од несоодветни прекари, испраќање бакнежи, ласцивни пораки…
Од 1 јуни 2017 година до крајот на истата година во Србија се поднесени 25 кривични пријави против возрасни лица за сексуално вознемирување.