70 години кралски брак: три генерации бисерен гердан
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА- Принцот Хари, принцот Вилијам и Војвотката од Кембриџ вчера се појавија во Виндзор замокот за да ја прослават 70-тата годишнина од брак на кралицата Елизабета и принцот Филип. Внуците на кралицата и Кејт беа уловени од папарацо фотографите како пристигнуваат на прославата за платинумската свадба. За оваа пригода, Кејт носеше елегантен ѓердан од бисери со дијамант во комбинација со фустан од црна тантела. Фустанот од Diane Von Furstenberg, Кејт го носеше и пред неколку седмици на една гала вечера, како и во 2014 година на еден кралски настан.
Инаку ѓерданот на вратот на Кејт припаѓа на кралицата и таа го носи за првпат. Овој впечатлив ѓердан го има носено и принцезата Дајана на настан во Hampton Court Palace во 1982. Кралицата, исто така, го има носено ова парче накит во неколку пригоди, меѓу кои и при посетата на Бангладеш во 1983 година, една година откако и го позајми на Дијана.
Британската кралица Елизабета Втора (91) владее веќе 65 години. Принцот Филип, на кој последните години му е нарушено здравјето, во август се повлече од сите јавни должности.