Зеленски најавува војна на Балканот (Видео)


Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека светот треба да ѝ посвети поголемо внимание на ситуацијата на Балканот бидејќи, според него, постојат информации дека Русија планира таму да покрене војна за да го оттргне вниманието од Украина.

„Русија може да создаде нови кризи на Балканот и во Молдавија за да го оттргне вниманието на светот од војната во Украина“, рече денеска украинскиот претседател во разговор со новинари од Африка.

„Денес сите зборуваат за кризата на Блискиот Исток. Но, како што кажав претходно, искрено, тоа не е вчерашен проблем. Сите знаат за овој постојан конфликт и постојана војна, но никој не сака да ѝ стави крај затоа што така им одговара. Зад експлозијата на Блискиот Исток стои Русија, сигурни сме, со својот сојузник Иран“, рече Зеленски.

„Обрнете внимание на Балканот. Верувајте ми, добиваме информации. Русија има долгорочен план: Блискиот Исток, а второто одвлекување внимание ќе биде Балканот“, рече тој.

„Барем ако земјите во светот не направат ништо сега, повторно ќе има таква ‘експлозија’, и повторно. Ова не е ново. Русија ќе се погрижи една балканска земја да влезе во војна со друга“, рече Зеленски.

Тој предупреди и за ситуацијата во Молдавија. „Русите сакаат да покажат дека нешто не е во ред со изборите во Молдавија. Да ги прогласат изборите за неуставни. Повторно да ја соборат актуелната влада, која е проевропска“, рече Зеленски.