Богат Британец сакал селфи пред хеликоптер, пропелерот му ја отсекол главата
Младиот британски турист, Џек хентон (22) загина во страшна несреќа во која телото му било распарчено од пропелерите на хеликоптер, пред очите на неговиот брат, на хелидромот Спата во Грција, објави Дејли мејл.
21-годишното момче, за кое се знае дека потекнува од богато семејство, синоќа полетало од Миконос со хеликоптер со уште тројца туристи, меѓу кои бил неговиот брат. Зад нив летал друг хеликоптер во кој биле нивните родители. Момчето излегло од хеликоптерот „бел 407“ и додека пропелерите сѐ уште работеле, го заобиколило леталото. При тоа му била отсечена главата. Била повикана брза помош, но момчето било мртво. Тој настрадал кога се нашол на удар на пропелерите каде што се нашол сакајќи да направи селфи, и покрај предупредувањето од екипажот.
„Сите четворица патници се симнаа и беа придружувани до чекалницата додека да тргнат на приватен лет за Лондон“, рече Јоанис Кандилис, претседател на грчкиот комитет за воздухопловни несреќи што го истражува инцидентот. „Но, додека беа во салонот, жртвата се отцепи и се врати на асфалтот кон хеликоптерот со брзо темпо“, тврди Кандилис. „Сведоците со кои разговаравме рекоа дека имал телефон до увото и отишол брзо до авионот, пркосејќи му на копнениот екипаж кој му викал „Стоп!, „Стоп!“
Пилотот е уапсен со обвинение за убиство, а двајца техничари се задржани во полиција додека се истражуваат околностите за смртта на момчето.
Полицијата соопшти дека пропелерите продолжуваат да работат уште околу 2 минути откако ќе се исклучи моторот, сѐ додека пилотот не го притисне копчето стоп. Вратите на хеликоптерот немаат клуч, така што секој може да излезе кога сака. Истрагата ќе се фокусира на тоа дали пилотот им кажал на патниците да излезат.
Родителите кои биле во друг хеликоптер слушнале за несреќата преку радио врска, а нивниот пилот решил наместо во Спата, да слета на аеродромот во Атина за да ги поштеди родителите од трагичната глетка.

Семејството требало да се врати во Британија со приватен авион од аеродромот Елефтериос Венизелос во Атина. Пред хелидромот во Спата ги чекале лимузини кои требало да ги однесат на аеродромот во Атина. Се проценува дека двата лета со хеликоптер чинеле повеќе од 15.000 фунти.
Пилотот на вториот хеликоптер избрал да се пренасочи од приватниот аеродром во Спата и на меѓународниот аеродром во Атина за да ги спречи родителите да бидат сведоци на местото на трагичната несреќа. Таткото на Џек Фентон, Мигел, е шеф на маркетинг, продажба и односи со јавноста во фармата Хоп, селски парк од 400 хектари и атракција за посетители во Белтринг, во близина на Тонбриџ, Кент.