500 илјади фунти: Меган Маркл не штеди за трудничка гардероба
Англија- Меган, војвотката од Сасекс, од септември, лани до денес, потрошила трудничка гардероба во износ од 500 илјади фунти, пренесува „Космополитен“.
Најскапа е тоалетата со галеби на „Оскар де ла Рента“ што ја облече за наградите на Географското друштво во Сиднеј која чини 10 илјади фунти, искомбинирани со салонки на „Аквазура“ од 500 фунти.
На јавноста најмногу и се допаднала вечерната црна тоалета од кадифе на Живанши облечена во декември за Британските модни награди, а најчесто носела гардероба во тегет и во црна боја.
Меган , според Гугл, имаше најбаран стил за 2018 година, а „Пипл“ ја прогласи и за најдобра облечена жена, лани.