Израелски стартап направи батерии за автомобили кои се полнат за пет минути


 

Израелски стартап претстави батерии за елекстрични автомобили кои се полнат за пет минути, со што може да се стави крај на разговорите за батериите на електричните автомобили, односно за времето на полнење и дометот.

Времето за полнење на батериите на електричните автомобили се уште е далеку од идеално, а токму тој проблем се обидува да го речи израелскиот стартап СторДот.

Се обидуваат да развијат батерија за електрични возила од сите видови, од е-скутери до автомобили, а се работи за батерии кои се полнат само пет минути.

Батериските ќелии се производ на кинеската компанија ЕВЕ Енерџи и од традиционалните се разликуваат во тоа што анодата содржи метелоидни наночестички место графит. Од СтарДот тврдат дека тоа е клучниот чекор во надминување на проблемите кои се однесуваат на сигурноста и векот на траење на батериите. Во иднина израелскиот стартап има намера да користи силикон место германиум за овие наноќестички, а потади тоа и батериите би биле поевтини.

Електричните автомобили чии батерии ќе се наполнат за пет минути би можеле да го решат проблемот со редиците на станиците за полнење, како и да се намали стресот од грижата за нивниот домет.

Но, на тоа ќе почекаме, затоа што за вакви батерии потребни се и појаки полначи. Во СтарДот веруваат дека до 2025 година со постоечката инфраструктура батериите ќе овозможат домет од 160 км по само пет минути полнење.

Во СтарДот инвестираат Дајмлер, БО, ТДК и Самсунг.

И комапниите Тесла Моторс и Еневат развиваат батерии кои побрзо ќе се полнат.