Макрон го одложи вториот круг од локалните избори
Во вечерашното обраќање до нацијата францускиот претседател Емануел Макрон, најавувајќи драстични мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, објави дека се одложува вториот круг на локалните избори што требаше да биде одржан идната недела.
Во исто време, тој ги суспендира сите предвидени реформи, „почнувајќи со пензиската реформа“, со што сите владини средства ќе бидат алоцирани кон борбата за спречување на ширењето на епидемијата.