Студентската листа освои 140 мандати, Вучиќ 103


Српската Републичка изборна комисија (РИК) вчера доцна вечерта ги објави официјалните резултати од предвремените парламентарни избори во Србија, одржани на 25 октомври, на кои Студентската листа ја победи владејачката Српска напредна партија (СНС), пренесоа тамошните медиуми. Со објавувањето на конечните резултати, формално почнуваат да течат роковите а формирање на идната влада во земјата. Од запишаните […]

Најстудено утрово на Попова Шапка со -3 степени, најтопло во Гевгелија 10


На Попова Шапка утрово се регистрирани -3 Целзиусови степени, 1 – Маврови Анови, 2 – Лазарополе, 3 – Крушево, 4 – Берово, Претор, 5 – Крива Паланка, Охрид, 6 – Виница, 7 – Куманово, Тетово, Прилеп, Битола, Кавадарци, 8 – Скопје-Зајчев Рид, Велес, Штип, Демир Капија, Струмица, 9 – Скопје-Петровец, 10 – Гевгелија, покажуваат податоците […]

Без струја повеќе улици во Скопје


 ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат корисници од повеќе населби.  Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, дел од корисниците од улиците Лазар Поп Трајков и 16 – та Македонска Бригада. Од 08.55 до 12.55 часот, дел од корисниците од ул. Мршевци во село Мршевци во Илинден, од 09.00 до […]

Пристапно предавање на проф. д-р Гордана Лажетиќ во МАНУ


Пристапното предавање на тема „Утврдувањето на вистината во кривичната постапка – тензија помеѓу ефикасноста и правичноста“ денеска во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе одржи проф. д-р Гордана Лажетиќ, како дописен член во редовниот состав на МАНУ.  Пригоден говор, како што е најавено, ќе одржи академик Владо Камбовски.  Гордана Лажетиќ е истакнат професор […]

Шефот на швајцарската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Касис, во посета на Скопје


Скопје– Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе биде домаќин на министерот на Сојузниот оддел за надворешни работи на Швајцарија и претседавач со ОБСЕ, Ињацио Касис. Во фокусот на разговорите, како што е најавено, ќе бидат можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката, особено во политичката, економската и развојната […]

Поскапуваат кафеаните


Цените на угостителските услуги во октомври се намалиле за 1,8 проценти во споредба со септември, главно поради поевтинувањето на ноќевањата за речиси 10 проценти. Наспроти тоа, храната и пијалаците во угостителските објекти бележат благо поскапување од 0,1 до 0,2 проценти. Сепак, во споредба со октомври минатата година, угостителските услуги се поскапи за 1,6 проценти. Според […]

Облачно со сончеви периоди и северен ветер


 Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен […]

Настап на Кирил Џајковски по повод 50 години Општина Карпош


Општина Карпош по повод јубилејот – 50 години од основањето на Општината вечер со почеток во 21 часот организира музичка забава со Кирил Џајковски и DJ collective – Sempre. Настанот ќе се одржи на отворено, пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде посетителите ќе имаат можност да уживаат во препознатливиот музички звук, ритам и […]

Жерновски: СДСМ една година предупредуваше за Алта банка, власта не презема ништо


 Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, во „Само интервју“ на телевизија Канал 5, нагласи дека Мицкоски се заканува на СДСМ затоа што е нервозен и уплашен од вистината за Алта банка, но и за другите скандали за кои клопчето ќе почне да се одмотува, информира СДСМ во соопштение . Жерновски посочи дека Мицкоски […]

САД воведоа нови санкции кон Куба


Вашингтон – САД денеска воведоа нови санкции против поединци и субјекти поврзани со Куба. – Мерките се насочени кон транспортна мрежа за сурова нафта, државни претпријатија и добавувачите со седиште во Кина, кои ги снабдуваат кубанските вооружени сили, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Во исто време, САД презедоа чекори за воведување нови санкции насочени кон […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 6 ноември 2026 година, 310-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 55 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 12 минути, а ќе зајде во 16 часот и 22 минути. Денов трае 10 часа и 9 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее 3 […]

„Се бара крв“: Пит Хегсет прв за смена по дебаклот на Трамп


  Претседателот Доналд Трамп ги прашува сојузниците што мислат за министерот за одбрана Пит Хегсет, а некои го притискаат да го замени шефот на Пентагон поради последиците од војната во Иран за време на среднорочните избори, според двајца претставници на администрацијата. „Има многу луѓе кои го сакаат неговиот скалп и мирисаат крв во водата“, рече […]

Ерата на Пјерпаоло Пичоли во Balenciaga заврши по само една година


Пјерпаоло Пичоли ја напушта модната куќа Balenciaga по само една година на чело. Оваа вест, која денес ја објави матичната компанија Kering, го означува крајот на неговиот краток ангажман во модната куќа. „Пјерпаоло е исклучителен креатор на висока мода и креативен талент кон кого имаме огромна почит“, изјави Лука де Мео, извршен директор на Kering. […]

Народна банка објави колкави биле трансферите од Алта банка Битола кон Србија и кон Русија


Народната банка на Македонија во соопштение објави податоци за трансферите од Алта банка Битола кон Србија и кон Русија. Во однос на наводите во јавноста за трансфер на поголеми износи на средства во/кон Србија и Русија преку „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека врз основа на детално анализирани податоци, вакви трансакции  во текот […]

Либија го забрани Nike поради божицата на победата


Либискиот Дар ал-Ифта – влијателен исламски верски авторитет во земјата – издаде фетва со која им се забранува на муслиманите да купуваат, продаваат или носат облека на која е прикажано логото на Nike. Во оваа верска одлука, одобрена од големиот муфтија шеик Садик ал-Гарјани, се наведува дека името и логото на Nike се поврзани со […]

Меланија Трамп ги прими претставниците на Русија и Украина во Белата куќа


Вашингтон – Првата дама на САД, Меланија Трамп, денес повика на „траен“ прекин на огнот во Украина, на прес-конференција одржана во Белата куќа во присуство на руски и украински претставници. „Сега мора да покажеме храброст, како во Олешки, за да најдеме заеднички јазик. Заедно можеме да постигнеме нешто потрајно од привремено прекин на огнот“, рече […]

МОЛ  доби лиценца од OFAC за спроведување подготвителни трансакции поврзани со аквизицијата на НИС


Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД им додели на МОЛ и MOL Serbia Investment Kft. дополнителна лиценца во врска со потенцијалното аквизиција на сопственички удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС). Лиценцата важи до 28 февруари 2027 година. Лиценцата овластува одредени трансакции потребни за пренос на хартии од […]

Расел Бренд прогласен за виновен за силување и сексуални напади


Лондон – Расел Бренд денеска е прогласен за виновен за силување на една од неговите обожавателки и сексуален напад врз три жени. Тој се соочува со повеќегодишна казна, а до крајот на животот неговото име ќе биде во регистарот на сексуални престапници. Поротата го ослободи Бренд од уште две обвиненија за силување и едно тврдење за […]

Двата најголеми американски града ќе бидат предводени од социјалисти. Пресврт и во Лос Анџелес


Градскиот советник Нитија Раман е новата градоначалничка на Лос Анџелес. Според проекциите на NBC News, таа ја победи актуелната градоначалничка Карен Бас, со што го заокружи својот брз политички подем. Раман ја базираше кампањата на остра критика на „нефункционалниот статус кво“ во вториот најголем град во Америка. Со победата на 45-годишната Раман, членка на Демократските […]

Руски капетан осуден во Финска: Влечел сидро по морското дно и скинал кабли


Фински суд денес изрече затворски казни за руски капетан и член на екипажот од Азербејџан, двајцата од товарниот брод Fitburg, за тешка саботажа, откако минатата година беа оштетени два подводни телекомуникациски кабли во Финскиот Залив. На 31 декември, Финска го задржа бродот во Финскиот Залив додека пловел од Русија кон Израел, поради сомневање дека ги […]