Активист се качи на јарболот пред Рајхстагот и постави палестинско знаме


Маж на 22-годишна возраст денеска се качи на јарболот пред зградата на Рајхстагот во Берлин го отстрани германското знаме и закачи палестинско, соопшти локалната полиција. Според полицијата, сторителот го симна црно-црвено-златното знаме со површина од 60 квадратни метри и едноставно го фрли на земја. Палестинското знаме дури по повеќе од еден час беше симнато од […]

И Европа ќе учествува во разговорите за Украина, вели францускиот министер за надворешни работи


Европјаните ќе учествуваат во разговорите за Украина во Абу Даби следната недела, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро. – Европјаните ќе бидат добро претставени, Франција ќе биде во Абу Даби за да учествува во тие разговори – рече Баро во интервју за француското радио РТЛ. Тој додаде дека сè уште не може […]

Фич предупредува: Студентската листа ветува повисок стандард, но нема јасен економски план


Студентската листа, која победи на парламентарните избори на 25 октомври, се соочува со својот прв голем тест за политичка одговорност – претворање на своите предизборни економски ветувања во конкретни мерки. Иако нејзините претставници најавија промена на економскиот модел, подобар животен стандард и пофер распределба на општественото богатство за време на кампањата, сè уште не е […]

Како да се направи добра ракија од која не боли глава: Еве што велат валандовските мајстори


Како да направиш добра и квалитетна ракија, и како да се пие лесно, а да не предизвикува главоболка, сето тоа го знаат старите мајстори за печење ракија во Валандово, кои се уште ги има. На годинешната Валандовска ракијада, меѓу учесниците можеше да се слушнат различни совети и детали за тоа како да се извади поубава […]

Почина торакалниот хирург Зоран Спировски


Почина професор доктор Зоран Спировски, торакален хирург и поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија. Веста за смртта на проф. д-р Спировски ја објави министерот за здравство Сашо Клековски на неговиот фејсбук профилот. – Торакален хирург со децениски стаж, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на Медицинскиот факултет […]

„Ниту една не требаше да биде вест, сите требаше да се живи“ – најсилната порака на протестот за Биљана (галерија)


„Ниту една не требаше да биде вест, сите требаше да се живи“ беше најсилната порака на транспарентите, што денеска можеа да се прочитаат на маршот организиран по повод смртта на Биљана Кириќ од Богданци, запалена во автомобилот од момчето со кое била во врска, а кој се обесил недалеку од таму. Протестот беше организиран како […]

„Коперник“: 2026-та година е на пат да стане втората најтопла година во историјата


Октомври 2026 година беше најтоплиот октомври досега регистриран во мерењата на глобалните температури и е трет последователен месец во кој е надминат прагот на затоплување утврден со Парискиот договор, соопшти „Коперник“, главната програма на Европската Унија за набљудување на Земјата. Според европската програма, 2026 година е втората најтопла година досега, со 20 отсто веројатност да […]

Правосудниот испит може да се полага исклучиво на македонски јазик, вели Филков


Согласно Уставот и важечките закони во Република Македонија, правосудниот испит може да се полага исклучиво на македонски јазик. Во моментов не постои законска можност за полагање на друг јазик, изјави на прес-конференција Игор Филков, претседавач на Централниот одбор на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и  министер за правда до јуни годинава.  Како што рече, […]

Стотици илјади Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа


Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во Украина, извршени во текот на ноќта, оставија стотици илјади потрошувачи без електрична енергија во Дњепропетровската и во Харковската област, соопштија украинските власти и енергетските компании. Во централната Дњепропетровска област повеќе од 600.000 жители останаа без електрична енергија по ноќните напади врз важни енергетски објекти, објави украинскиот оператор ДТЕК […]

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ што ги поврзува Аеродром и Гази Баба наскоро во функција


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој ги поврзува Аеродром и Гази Баба,  наскоро ќе биде ставен во функција, посочувајќи дека веќе се асфалтираат пристапните улици и се финализираат активностите за негово поврзување со сообраќајната мрежа. -Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција – зборот е збор! Ветив дека во […]

Цените на гасот за претприемачите: Како изгледа споредбата во Европа?


  Цените на природниот гас за претприемачи во Европската Унија се намалија за 6,7 проценти на годишно ниво во првата половина од 2026 година, според најновите податоци на Евростат, а Хрватска се издвојува со еден од најниските удел на даноци и давачки во цената на гасот, пренесува регионалниот бизнис портал СЕЕбиз. Во првата половина од […]

Владејачката коалиција во Нов Зеланд освои тесно мнозинство на парламентарните избори


Владејачката коалиција во Нов Зеланд освои тесно мнозинство на парламентарните избори, иако конечниот исход сè уште зависи од пребројувањето на специјалните гласови, пренесе весникот „Њу Зиланд хералд“. Коалицијата предводена од Националната партија освои 67 од вкупно 131 пратеничко место, со што обезбеди мнозинство за продолжување на владеењето во втор последователен мандат. Опозицискиот блок, составен од […]

Нов европски економски тигар: Привлече илјадници германски компании, станаа шампиони на економскиот раст


Додека Германија со години се бори со економска стагнација, нејзиниот источен сосед Полска доживува силен раст и сè повеќе се етаблира како една од најуспешните европски економии. Земјата, која со децении се сметаше за посиромашен дел од Европа, денес привлекува германски инвеститори, компании, но и работници кои сè повеќе одлучуваат да ја напуштат Германија и […]

Додека се на повидок мировни преговори, Путин систематски ја уништува украинската економија


  Русија се бори да постигне напредок на бојното поле во источна Украина и влева сè повеќе ресурси во војната користејќи ракети и беспилотни летала кои ја напаѓаат енергетската инфраструктура на Украина посилно и порано отколку во претходните години. Аналитичарите велат дека Кремљ го прошири својот список на цели за дополнително да ја ослабне економијата […]

Конститутивната седница на собранието на Србија е закажана за 17 ноември


Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, ја закажа конститутивната седница на новиот, 15-ти по ред собраниски состав за вторник, 17 ноември 2026 година, со почеток во 10 часот, јави Бета. На дневниот ред се предложени шест точки: потврдување на пратеничките мандати, избор на претседател и потпретседатели на Собранието, избор на генерален секретар, како и […]

Автобусот што се преврте на автопат во Хрватска бил со српски таблички


Две лица загинаа, а повеќе се тешко повредени кога автобус со српски регистарски таблички се преврте утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во близина на Загреб, објави Хрватската радио-телевизија (ХРТ). Несреќата се случила веднаш по клучката Иванич-Град, во насока кон Загреб, на 61. километар од автопатот. Во автобусот имало вкупно 33 патници и двајца […]

Глобални пазари: Распродажба на акции од технолошкиот сектор по победата на демократите


Синиот бран, победата на демократите на среднорочните избори во САД, прво беше придружена со силен раст на индексот Дау Џонс, а ден подоцна и со силна распродажба, особено во секторот за вештачка интелигенција. Имаше (претеран) страв дека демократите ќе ја забават изградбата на центри за податоци. Индексот Dow Jones минатата недела падна за 0,9 отсто, […]

Уште десет поглавја до крај: Црна Гора затвори 23 од 33, Договорот за пристап во ЕУ се очекува во јуни


Со затворањето на поглавјата 1 – Слобода на движење на стоки и 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, Црна Гора стигна до 23 привремено затворени од вкупно 33 поглавја од преговорите, така што остануваат уште десет до крајот на преговорите. Владата и европските институции најавија дека целта е сите преостанати поглавја да […]

ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега – светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција


Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во резолуцијата на Либералната интернационала усвоена изминатата недела на конгресот во Бангкок. Резолуцијата истакнува дека 78 проценти од македонската економија е поврзана со европската и дека претворањето на евроинтеграцијата во подвижна цел за Македонија и за […]

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата


До 20 ноември студентите може да аплицираат за студентска стипендија за академската 2026/2027.  Пријавувањето на  конкурсот што го објави МОН  е исклучиво електронски, преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk Вкупниот број стипендии останува непроменет од лани (3000), но МОН годинава воведе нов модел на стипендирање, со нови категории и поинаква распределба на средствата. – Промената не е во […]