Тешка несреќа на автопат во Хрватска: Се преврте автобус, двајца починати


Сообраќајна несреќа се случи во Хрватска на автопатот А3 помеѓу раскрсниците Иваниќ-Град и Ругвица, на патот во правец на Брегана. Сообраќајот се одвива по една лента со ограничување на брзината од 60 километри на час, објави ХАК. Читател пријавил на 24sata дека автобусот се превртел и дека сите служби и хеликоптер се на местото на […]

Напаѓачот од Краков цртал напад врз училиште. „Рече дека тоа му е сон“, вели поранешна соученичка


Поранешна соученичка на 24-годишниот напаѓач Михал О., кој вчера уби шест лица во центарот на Краков, Полска, а уште тројца беа пронајдени во неговиот дом, откри вознемирувачки детали за неговото однесување за време на училишните денови. Таа тврди дека тој цртал обесени луѓе, мртви тела и напади врз училишта, и отворено рекол дека сакал да […]

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот


Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ, тврдат од опозициската СДСМ. Во соопштение до медиумите тие велат дека вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот.    Во соопштението се додава […]

Одбележани 130 години од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје


Со свечени богослужби и академија е одбележана 130-годишнината од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје и денешниот празник посветен на светиот великомаченик Димитриј, кој се чествува утрово со  божествена литургија, со која ќе  чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан,  По синоќешната свечена академија по повод јубилејот од изградбата на некогашниот  Соборен храм […]

Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000 ученици, најголем пад е забележан на истокот од земјата


Хрватска во изминатите 13 учебни години остана без 63.918 ученици во основните и во средните училишта, односно за 12,5 отсто од вкупниот број, а најтешко е погодена Вуковарско-сремската жупанија, каде што бројот на ученици е намален за повеќе од една третина. Пораст на бројот на ученици во овој период бележат единствено Градот Загреб и Истарската […]

Земјотрес од 5,7 степени во Јапонија. Најмалку 20 повредени (видео)


Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди рано утринава централна Јапонија, при што се повредени повеќе од 20 лица, јавуваат властите и локалните медиуми. Земјотресот се случил во еден часот по полноќ по локално време, на длабочина од 40 километри, во западниот дел на префектурата Шизуока, приближно 200 километри западно од […]

САД нудат награда до 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма


Соединетите Американски Држави нудат награда до 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма, објави американската влада на својата интернет-страница. „Програмата ’Награди за правда‘ нуди награда до 20 милиони долари и можност за преселување за информации за иранската нуклеарна програма, вклучувајќи ги нејзините постројки, опрема и поврзаниот персонал, како што се научниците, како и […]

Трамп бара истрага против демократите поради наводни закани со импичмент


Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Министерството за правда да ги истражи демократите поради, како што тврди, „заканување на многу луѓе“ со импичмент и други казни, оквалификувајќи ги нивните постапки како „кривично дело“, но без да приложи докази. Наредбата доаѓа откако демократите остварија убедлива победа над републиканците на меѓуизборите во вторникот и во јануари […]

Најстудено утрово во Скопје, локален дожд попладне и во текот на ноќта


Во Скопје утрово (мерна станица Петровец) се измерени -3 степени. Како што информира УХМР, минусни температури се измерени и во  Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови и Попова Шапка (-2 степена)  и во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци и Лазарополе (-1 степен). Нула степени утрово се измерени во Прилеп, Струмица, Штип и Крушево, […]

Реал ја стигна Барселона, Мурињо го сруши рекордот во Ла Лига


Реал Мадрид ја победи Валенсија со 3-0 на Местаља во 12-то коло од шпанската Ла Лига. Головите за тимот на Жозе Мурињо ги постигнаа Федерико Валверде во 28-та, Арда Гулер во 36-та и Килијан Мбапе во 75-та минута. Со оваа победа, Реал стигна до осмото последователно славје во сите натпреварувања и се израмни со водечката […]

Нови детали за масакрот во Краков: Потврдено е чии се трите тела пронајдени во домот на напаѓачот


По вчерашниот масакр во центарот на Краков, Полска, во кој загинаа шест лица, а уште тројца беа пронајдени мртви во домот на напаѓачот, пристигнуваат нови информации за повредени. Меѓу жртвите има и кочијаши кои секојдневно превезуваат туристи на главниот градски плоштад. Двајца од нив се борат за живот, а уште неколку се тешко повредени, соопшти […]

Иран погуби три лица обвинети за вооружени напади за време на јануарските протести


Властите во Иран погубија три лица обвинети за извршување операции во корист на Израел и САД и за вооружени напади за време на протестите што ја зафатија земјата на почетокот на годинава, објавија иранските државни медиуми. Егзекуциите биле извршени откако Врховниот суд ги потврди смртните пресуди за Хасан Диобанд, Хамид Каземи и Реза Зангане. Според […]

Пак горат танкери во Ормуз, наишле на мини


Два нафтени танкера се запалија во Ормуската Теснина откако наидоа на мини, соопштија поморските сили на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, по експлозиите што синоќа беа регистрирани во неколку области во јужен Иран, меѓу кои и на островот Кешм. Според Револуционерната гарда, танкерите се запалиле денеска во раните утрински часови додека се обидувале да поминат […]

Херцог ќе го довери мандатот за нова влада на израелскиот опозициски лидер Ајзенкот


Лидерот на израелскиот опозициски блок, Гади Ајзенкот, денеска и официјално ќе го добие мандатот за формирање нова влада од претседателот Исак Херцог. „Претседателот Исак Херцог го покани Гади Ајзенкот во претседателската резиденција, каде што утре во 17 часот ќе му ја довери задачата да формира влада“, се наведува во официјалното соопштение од кабинетот на израелскиот […]

Пол позиција за Ландо Норис на трката за ГН на Бразил


Возачот на Мекларен Ландо Норис ја обезбеди пол позицијата на денешната трка за Големата награда на Бразил. Тој имаше најбрз круг 1:27.470 минута. Второ време постигна Џорџ Расел, но поради казната ќе стартува од седмата позиција. Трето време постигна новиот светски шампион Кими Антонели. Вториот во генералниот пласман Макс Верстапен ќе стартува „поназад“ поради казна, […]

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд во западните делови од земјата


Времето денеска ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта во западните делови од државата ќе има услови за појава на локален дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 […]

Напаѓачот во Краков е полски државјанин


Терористот во Краков е 25-годишен полски државјанин, објави „Полсат њуз“. Тој при нападот носел воена униформа и нацистичка значка СС на шлемот. Според последните податоци, во нападот се убиени пет лица, а 15 се хоспитализирани. Тој користел оружје од воен тип, веројатно AR-15. Во автомобилот исто така биле пронајдени оружје, муниција и воена опрема. Во […]

Се подготвува нова Национална стратегија за дроги


Министерството за здравство започна активности за усогласување на законите за дроги со европското законодавство и подготовка на нова Национална стратегија за дроги, во рамките на Реформската агенда за периодот 2024–2027 година, информира министерот за здравство Сашо Клековски. Формирана е работна група која ќе работи на усогласување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни […]

Камења, солзавец и водени топови на протестот во Тирана


Албанската полиција употреби солзавец и бибер-спреј при судирите со демонстрантите пред министерството за образование во Тирана, каде што група учесници на протестот запалија корпи за отпадоци и ги туркаа кон полициските службеници, јави албанската новинска агенција АТА.   Тензиите дополнително се зголемија откако маскирани лица почнаа да фрлаат камења и различни предмети кон полицајците, кои […]

Се зголемува бројот на жртвите во Краков, Туск повика да не се злоупотребува трагедијата


  Полскиот премиер Доналд Туск упати апел до политичарите да не ја користат трагедијата за политички цели по нападот во Краков, Полска, во кој загинаа шест лица, а уште 12 се повредени. „Најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на жртвите. Им оддавам признание на храбрите полицајци кои ги ризикуваа своите животи. Искрено ги повикувам политичарите […]