Слаб снег на Стража, нема проблеми во сообраќајот (видео)


Слаб снег попладнево провејуваше на планинскиот превој Стража на патот Гостивар-Кичево, но наносите не се задржуваат на коловозот. На социјалните мрежи и на порталот „Порта“ се споделуваат видеа од патот кон Стража на кои може да се види дека провејува снег. И на јутјуб-каналот на Здружението за промоција на македонските ски-центри, „Ски Македонија“, каде што […]

Колку всушност треба да се движиме: На возрасните им требаат најмалку 150 минути неделно


Светската здравствена организација (СЗО) препорачува возрасните да имаат најмалку 150 до 300 минути умерена физичка активност неделно, што е приближно половина час на ден, пет дена во неделата, со вежби за зајакнување на мускулите најмалку двапати неделно. Препораките се дел од упатствата за физичка активност и седентарен начин на живот објавени од СЗО во 2020 […]

Мнозинството гласачи во Израел ја поддржаа опозиција, Ликуд најголема партија, покажуваат излезните анкети


  Партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху освои најмногу гласови на изборите во Израел во вторникот, но ниту еден од двата политички табора во Израел нема јасен пат кон формирање влада, покажуваат излезните анкети на Канал 12. Според излезните анкети, блокот од еврејските партии, кои му се спротивставуваат на Нетанјаху, е најголем и се очекува […]

Бразил: Флавио Болсонаро ги загуби претседателските избори и избега од земјата


  Сенаторот од крајната десница, Флавио Болсонаро, наводно побегнал од Бразил и е на пат кон Соединетите Држави, откако на претседателските избори во неделата загуби од левичарскиот кандидат Луиз Инасио Лула да Силва. Според извештај на информативниот портал „Метрополес“, кој се повикува на лица блиски до семејството на политичарот, тој е на пат кон САД. […]

Филипче со граѓаните на Босилово: Рудник Иловица – Штука нема да има, нема да дозволиме Мицкоски да ја распродава земјата


Денеска граѓаните од општина Босилово не поканија нас како пратеници и вечерва сме тука заедно со пратениците Јована Тренчевска, Борче Цветков и Миле Цеков, како и други луѓе, активисти граѓански, претставници на невладини организации, на средба со граѓани. Ова не е партиски собир, значи ова не е собир на членови на СДСМ, овде се присутни […]

Изборната комисија на Израел одби да го продолжи работното време на избирачките места


Изборната комисија на Израел официјално го одби барањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се продолжи работното време на избирачките места по 20:00 часот по локално време, наведувајќи ја како причина високата излезност на гласачите. Комисијата одлучи дека во оваа фаза нема основа за таква мерка. „Сегашните околности не оправдуваат продолжување на работното време. Високата […]

Жерновски: Тридневна жалост во ВМРО-ДПМНЕ по поразот на Вучиќ


  Членот на раководството на СДСМ, Андреј Жерновски, имал чувство дека самиот Христијан Мицкоски да загубел на избори „немаше да биде прогласена оваа тридневна внатрепартиска жалост“. „За разлика од нашиве ‘патриоти’, Србија, но и и регионот, го слават падот на Вучиќ и почетокот на распаѓањето на неговиот балкански октопод“, вели Жерновски. Според него, промените во […]

Комисијата за финансирање и буџет утре ја почнува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот


Спротивставени ставови на пратениците од власта и опозицијата попладнево беа изнесени на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на која во второ читање се разгледува Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година. Седницата на Комисијата за финансирање и буџет по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна […]

Трансокеанскиот брод станува најголемиот вештачки гребен во светот, ќе биде потонат во близина на Флорида


  Океанскиот брод SS United States наскоро ќе се впушти во своето последно патување и ќе заврши на дното на Мексиканскиот Залив. Службениците на округот Окалоса објавија планови за потопување на историскиот брод SS United States во близина на брегот на Флорида во текот на втората недела од ноември, доколку времето дозволи. Бродот што некогаш […]

Скелет од диносаурус на аукција во Њујорк: Се очекува да достигне цена помеѓу шест и девет милиони долари


Склопениот скелет на диносаурусот од видот Нанотиран, наречен „Џоди“, кој долго време се сметал за млад тираносаурус рекс, ќе се продава на аукција во „Сотбис“ во Њујорк и се очекува да достигне цена помеѓу шест и девет милиони долари. Скелетот е висок околу три метри, а аукциската куќа го опишува како одлично зачуван примерок подготвен […]

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите


Владата донесе одлука за формирање Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите, што ќе има задача да ја следи состојбата со безбедноста на медиумските работници, да ја унапредува соработката меѓу институциите и медиумската заедница и да изработи национален акциски план за заштита и безбедност на новинарите до 15 декември годинава, соопшти попладнево владината портпаролка […]

Светска банка: Економскиот раст на Западен Балкан ќе забрза


Економскиот раст на Западен Балкан се очекува да забрза во 2026 година и дополнително да зајакне во 2027 година, поттикнат од потрошувачката и инвестициите. Регионалната економија покажа отпорност на шокови и продолжува да се приближува до Европската унија. За да се поддржи создавањето подобри работни места, бизнисите имаат потреба од поефикасни регулативи поврзани со трговијата […]

„Боинг“ ја намали загубата во третото тримесечје, заостанатите нарачки се искачија на 745 милијарди долари


 Американскиот воздухопловен и одбранбен гигант „Боинг“ денеска објави значително помала нето-загуба во третото тримесечје, благодарение на пониските трошоци и повисоките приходи, а истовремено повторно оствари оперативна добивка. Вкупната вредност на заостанатите нарачки на „Боинг“ на крајот на септември достигнала 745 милијарди долари, во споредба со 682,21 милијарди долари на крајот на 2025 година. Компанијата забележа […]

Фискален пораз или одговор на кризата: Опозицијата и власта со различни оцени за предлог-ребалансот на Буџетот


Власта и опозицијата и денеска ги вкрстија аргументите за предлог-ребалансот на буџетот. За власта, тој е одговор на актуелните геополитички случувања и показател за одговорни политики, а според опозицијата, фискален пораз на една неодговорна политика.  Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека буџетот не е статичен документ и тој мора да одговори на реалните околности, особено […]

Левица: Колку илјади станови треба да се соберат во рацете на малкумина?


Додека европските градови како Загреб и Берлин воведуваат високи даноци за недвижности кои не служат за домување и преземаат чекори за враќање на големиот станбен фонд во јавна сопственост, Владата на ДПМНЕ со својот либерален пристап им ја отвора вратата на инвестициските фондови да трупаат станови и да заработуваат милиони – коментира Левица преку соопштение. […]

Израел денес решава каква држава сака да биде


  Израелците денеска гласаат на клучни избори, додека нивната земја се соочува со нерешени војни, сè уште ги чувствува последиците од нападот на Хамас во 2023 година и е длабоко поделена околу карактерот на државата и личноста што треба да ја води. Премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој гласаше веднаш по пладне, се соочува со низа партии […]

Вучиќ ги обвини студентите дека спроведувале „револуционерен терор“


  Александар Вучиќ дојде во вторник на прославата на партиската слава Света Петка на Српската напредна партија (СНС) и одржа говор во кој, меѓу другото, се закани дека СНС ќе се самоорганизира ако полицијата не реагира на „теророт врз луѓето“, осврнувајќи се на упадот на група граѓани во просториите на ТВ Информер синоќа. Во својот […]

Мистериозни пари ги преплавуваат кампањите за среднорочни избори во САД


На нешто повеќе од една недела до денот на гласањето, рекордите во озлогласено скапиот изборен систем во САД се срушени. Анализата на АФП на федералните податоци покажува дека само пет групи познати како супер PAC (политички акциони комитети) учествувале со речиси една третина од непартиските трошоци во овој изборен циклус, заклучно со 25 октомври. Три […]

Студентите побараа оставки од директорот на РТС и главниот уредник


  Студентите во блокадата на Србија и победници на изборите објавија на својот Инстаграм профил дека испратиле отворено писмо до раководството на РТС, Советот на РЕМ и Собранието, нагласувајќи дека граѓаните имаат право на вистинити, целосни и непристрасни информации. Тие бараат, како што наведуваат во писмото, одговорност на институциите и ослободување на јавниот сервис од […]

Глумците на Ателје 212 побараа од Љубиша Ристиќ да поднесе оставка од функцијата в.д. директор


  Ансамблот на театарот Ателје 212 во Белград, како што изјавија актерките Хана Селимовиќ и Тамара Драгичевиќ на својот Инстаграм профил, очекува од в.д. директорот на овој театар, Љубиша Ристиќ, да поднесе оставка, објави денес порталот „Нова.рс“. „На средбата со претставниците на синдикатот Ателје 212, љубезно нè известивте дека дојдовте на позицијата в.д. за да […]