Дипломатки ќе носат традициoнални македонски креации во МСУ во рамки на Моден викенд Скопје
Во Музејот на современата уметност во Скопје од 19 часот , на стартот на Моден викенд Скопје на Света Богова – Јовановска, во МСУ, ќе се одржи модната ревија „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“, на која ќе бидат претставени уникатни модни изработки создадени од жени од осум општини во државава во рамки на проектот „Зајакнување на женското претприемништво преку занаети и одржливост“.
На ревијата ќе бидат претставени креации изработени од учеснички кои преку проектот ги надградувале своите вештини во областа на традиционалните занаети, креативното изразување и одржливото производство.
Моден викенд Скопје се „сели“ во МСУ: 33. сезона под знакот на модата и современата уметност
Креациите ќе ги носат претставнички на дипломатскиот кор и дами од јавниот живот, со што, според организаторите, ќе се испрати порака за женска солидарност, еднакви можности и поддршка на женското претприемништво.
Настанот е во организација на Амбасадата на Република Словенија во Скопје и „Добредојде Macedonia – Welcome Center“, а е дел од проект поддржан од словенечката амбасада, насочен кон развој на женското претприемништво, традиционалните занаети и одржливото создавање.