Зеленски до лидерите во ЕУ: Војната ќе чини 155 милијарди евра следната година


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара од лидерите на Европската Унија дополнителна поддршка за Украина во наредните години, јави ДПА. „Војната ќе чини 155 милијарди евра следната година и ни требаат уште најмалку 70 милијарди евра од вас за одбрана, за оружје“, изјави Зеленски на самитот на ЕУ во Брисел. Ова е „реална сума“, рече […]

Во Словенија откриена најголема нелегална фабрика за цигари


 Во индустриската зона Тримлини во близина на Лендава, откриена е најголемата нелегална фабрика за цигари во Словенија. Фабриката се наоѓала во хала недалеку од граничниот премин Петишовци, а истрагата е започната откако службениците на финансиската управа запреле камион на патот помеѓу Лендава и Петишовци, објави „Словенске новице“. Според првите проценки, вредноста на запленетата стока е […]

Цените на гасот во Европа се на највисоко ниво од крајот на 2022 година, со почетокот на грејната сезона


Во петокот, цените на гасот во Европа го достигнаа највисокото ниво од крајот на 2022 година, поттикнати од ниските нивоа на залихи во многу земји-членки на ЕУ и падот на температурите на почетокот на грејната сезона. Утринава, на холандската берза TTF, цената за мегават-час гас за испорака во ноември изнесуваше 87,32 евра – што е […]

Германските служби за вработување бараат од владата да не ги намалува дозволите за работниците од Западен Балкан


Германските служби за вработување ја предупредија владата да не ја преполовува квотата за работници од земјите од Западен Балкан кои не се членки на ЕУ, наведувајќи дека тоа може дополнително да го влоши акутниот недостиг на квалификувана работна сила во земјата, пренесе ДПА. Сојузната агенција за вработување во Нирнберг денеска објави дека повеќе од половина […]

Лазаров пред дуелот на Алкалоид со австриски Келаг Ферлах: Влегуваме максимално мотивирани


Македонскиот ракометен суперлигаш Алкалоид овој викенд го почнува настапот во Европскиот куп на ЕХФ во кој го освои трофејот во својот дебитантски настап пред две години. „Освојувањето на европската титула за млад клуб како Алкалоид, составен од домашни ракометари, беше одлично. Сега се радуваме на новиот предизвик и ќе имаме максимален пристап на секој натпревар. […]

Во Африка има повеќе католици отколку во Европа


Во моментов има повеќе католици во Африка отколку во Европа, објави денеска Ватикан, презентирајќи ги најновите статистички податоци за Католичката црква собрани од неговата новинска агенција Фидес. На крајот на јуни 2024 година, во светот имало вкупно 1,422 милијарди католици, што е 17,8 проценти од светското население, или 0,1 процент повеќе од претходната година. Околу […]

Клековски очекува в среда да почне вакцинацијата против сезонски грип


Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека очекува в среда (21 октомври) да почне вакцинацијата против сезонски грип и ќе му биде задоволство да биде вакциниран како пациент од ризична група. Тој посочи дека Комисијата за имунизација денеска одржала состанок и ги одредила приоритетите. Во основа со 1.000 вакцинации дневно, појасни, ќе стасаме до […]

Припуз се откажа од санацијата во Госпиќ, државата  ќе го санкционира


  Откако компанијата CE-ZA-R, членка на C.I.O.S. Group, одлучи да се повлече од заедницата на понудувачи избрани за отстранување на 4.500 тони опасен отпад во Госпиќ, Хрватска, државата најави санкции. Министерката Марија Вучковиќ предупреди за можноста за активирање на гаранцијата за сериозноста на понудата, а tportal дознава за колкава сума станува збор. Откако компанијата CE-ZA-R, […]

Стојко Рамов е нов претседател на СОНК, најави нови колективни договори


Стојко Рамов е избран за нов претседател на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Македонија (СОНК) на денешниот VIII редовен конгрес на синдикатот. На функцијата доаѓа по 16 години раководење на Јаким Неделков. Како главни приоритети во претстојниот период, Рамов ги најави потпишувањето колективен договор за детската заштита и склучувањето нов колективен договор […]

Медведев последен полуфиналист во Шангај


Рускиот 30-годишен тенисер Данил Медведев се пласираше во полуфиналето АТП Мастерс турнирот од серијата 1000 во Шангај, откако денеска во последното четвртфинале со 6-3, 1-6, 6-3 го совлада Американецот Томи Пол. Медведев, кој е петти носител на Мастерсот во Шангај, ќе игра во полуфиналето против десет години помладиот Шпанец Рафаел Ходар, кој во четвртфиналето беше […]

Се регулира коритото на Сува Река за заштита од поплави


Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска изврши увид во работите за регулација на коритото на Сува Река во Општина Сарај. Проектот опфаќа регулација на околу 12 километри од речниот тек, од патот за Бојане, преку Глумово, до вливот во реката Треска.   За помалку од три месеци од почетокот на работите, […]

Франција и Германија се договорија за „made in Europe“


  Франција и Германија во петокот соопштија дека постигнале договор за фаворизирање на автомобили произведени во Европа – во рамките на значаен предлог-закон на ЕУ за индустријата – во замена за ублажување на целта за емисии на возилата до 2035 година. Со ова се става крај на повеќемесечните спорови меѓу двете најголеми економии во Унијата. […]

 Терапијата за мултиплекс склероза поблиску до пациентите – модел и за онкологијата


Во Министерството за здравство денес се објавија протоколите за дисперзирана терапија за мултиплекс склероза, заедно со директорите на Универзитетската клиника за неврологија, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид, ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје и Клиничката болница Штип.   „На Клиниката за неврологија се водат околу две илјади пациенти со мултиплекс склероза, […]

ЕУ нема капацитети да го замени Старлинк во краток рок


Европската Унија нема капацитети да го замени „Старлинк“ (Starlink) во соодветен рок, призна денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, цитирана од западните агенции. Таа изјавата ја даде откако Украина се пожали на ограничувањата на сателитската мрежа на Елон Маск, која има клучна улога за украинските вооружени сили. „Старлинк“ […]

Граѓаните јадат безбедна храна, двојно ќе се зголемат казните за несовесните оператори, вели првиот човек на АХВ


Македонските граѓани јадат безбедна храна – тврди директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов. Како што изјави денеска, пред настанот по повод Светскиот ден на храната, казните за несовесните оператори се ниски и со законските измени што веќе се изготвуваат е предвидено да бидат двојно зголемени. Според Миланов, АХВ вчера заплени два […]

Кривична пријава за Костадин Костадинов за легализација на објект


Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, и уште две лица, поради сомневања за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа при легализација на бесправно изграден објект во струмичкото село Куклиш. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пријавите се поднесени до Основното јавно обвинителство во Струмица. Покрај Костадинов, […]

„Камерен музички десерт“ на Симон Трпчевски за македонската публика на 2 и 3 ноември во Филхармонија


 На 2 и 3 ноември 2026 година Симон Трпчески ќе настапи пред македонската публика, овојпат во Македонската филхармонија со концертната програма „Камерен музички десерт“. Како што беше кажано на денешната прес-конференција, на програмата се дела од Шопен, Григ, Конесон, Шахов и Шостакович – автори со различни музички јазици, епохи и темпераменти, споени во внимателно избрана […]

Откриен изворот на наредбата што ги парализираше украинските дронови


Наредбата за ограничување на сателитскиот систем „Старшилд“ (Starshield) – кој е клучен за комуникацијата и управувањето со дроновите на украинската војска – дојде директно од Белата куќа. Ова за агенцијата „Ројтерс“ го потврдија двајца американски претставници и еден претставник од Западот, запознаени со ситуацијата, пренесе СЕЕбиз. Според нив, до претставниците во Министерството за одбрана била […]

Пристапно предавање на почесниот член Трајче Стафилов на 30 октомври во МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите кани на пристапното предавање на новoизбраниот почесен член на Академијата проф. д-р Трајче Стафилов, на тема:   „УЛОГАТА НА АНАЛИТИЧКАТА ХЕМИЈА ВО РАЗБИРАЊЕТО И ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА“.    Пригодна реч ќе одржи акад. Глигор Јовановски.   Предавањето ќе се одржи на 30 октомври (петок) 2026 година, во 12.00 часот.

Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна


Од јануари до август годинава се спроведени вкупно 74.838 инспекциски надзори во чии рамки се уништени 69.776 килограми небезбедна храна од домашниот промет и од увоз. Забранет е увоз на 21.105 килограми небезбедна храна од неживотинско потекло, а во земјите на потекло се вратени пратки со вкупно 122.602 килограми храна од животинско потекло, рече денеска […]