СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците


Пратеничка група на СДСМ и коалицијата денеска поднесе предлог-закон за финансиска поддршка за намалување на последиците од економската криза во 2026 година врз производството и откупот на земјоделските производи.   „Изминатиот период се сретнавме со стотици земјоделци, луѓе кои макотрпно работат од сабајле до вечер и ги слушнавме нивните проблеми. Бевме таму на терен кај […]

Во САД оди и Димитриеска Кочоска, ќе учествува на состаноци на Светскиот економски форум во Њујорк


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД), каде што ќе учествува на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026), организирани од Светскиот економски форум. Министерката ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“. Како што информираат од нејзиниот Кабинет, на […]

Трагедија на Октоберфест: Oбезбедувач загинал откако бил удрен од гондола


Српски државјанин, кој работел како обезбедувач на фестивалот на пивото „Октоберфест“ во Минхен, загина во тешка несреќа на една од забавните атракции, соопшти германската полиција. Според информациите од „Билд“, 52-годишниот маж бил удрен од гондола на кулата за слободен пад наречена „Мамурлак“ кратко пред 22 часот. Тој се здобил со повреди опасни по живот, а […]

Ѓорѓиевски: Ново партнерство за филмската уметност во пресрет на „Скопје 2028“


Ново партнерство за филмската уметност во пресрет на „Скопје 2028“. Со Томи Салковски, управител на „Скопје филм студио“ и организатор на Скопскиот филмски фестивал, потпишавме Меморандум за соработка со што воспоставуваме долгорочно партнерство за развој на филмската уметност, побогата културна понуда и посилна меѓународна афирмација на Скопје, соопшти денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. – Нашиот […]

Европска ноќ на истражувачите: Македонското еколошко друштво – дел од европската прослава на науката


Над 85 интерактивни активности во 4 македонски градови донесува програмата за Европската ноќ на истражувачите, што на 25 септември за првпат ќе се одржи и кај нас. Македонското еколошко друштво (МЕД) е еден од шесте партнери коишто преку проектот „Избери наука! Градење општество преку истражување и иновации" ја вброија нашата меѓу земјите во Европа каде […]

„Лидл“ ќе има и втор маркет во Битола


Познатиот германски синџир на маркети „Лидл“ најави и втор маркет во Битола. За таа цел, како што се најавува, утре во градот под Пелистер ќе биде поставен камен темелник на новиот објект. Церемонијата е предвидено да се одржи на ул. „Васко Карангелески“ бр. 31. Со овој настан, како што се посочува, официјално започнува изградбата на […]

На аеродром во Ирска, Зеленски имал неформална средба со директорот на ЦИА


Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со директорот на Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Ратклиф за време на застанувањето на аеродромот Шенон во Ирска на пат кон Њујорк, објавија британските медиуми. Зеленски и Ретклиф разговарале неформално додека нивните авиони се полнеле со гориво, изјавија неименувани извори, додавајќи дека содржината на нивниот разговор не е […]

САД планираат да отворат две воени бази во Гренланд


 САД планираат повторно да отворат две поранешни воени бази од Студената војна на југот на Гренланд и да воспостават воено присуство на источниот брег, а договорот денеска треба да го потпишат Вашингтон, Копенхаген и Нуук за време на Генералното собрание на Обединетите нации, дознаваат британски медиуми од три извори. Воените бази треба да бидат лоцирани […]

Македонија неподготвена за справување со катастрофи, утврди ДЗР


Во услови на зголемена изложеност на ризици од катастрофи, особено од шумски пожари, поплави и екстремни временски услови, системот за заштита и спасување во Македонија не секогаш располага со потребната стратешка, институционална и оперативна подготвеност за ефикасен одговор – констатира Државниот завод за ревизија. Ревизорите утврдиле слабости во стратешкото планирање, координацијата и управувањето со ресурсите, […]

Топлинска купола носи ново затоплување кон крајот на септември, ќе влијае и на Македонија


Топлотен бран ќе ја зафати голем дел од Европа кон крајот на септември, а невообичаено високите температури би можеле да продолжат до почетокот на октомври. Според прогнозата на Severe Weather Europe, над континентот ќе се развие силна област со висок притисок, која ќе повлече многу топол воздух од Медитеранот и Северна Африка кон север. Во […]

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто


Од 117.400 во 2009 година, раѓањата во Грција се намалиле на 68.300 во 2024 година, односно за 15 години регистриран е пад од 42 отсто, додека пак во шест региони од континенталниот дел на земјата намалувањето надмина 50 проценти, покажуваат податоците од грчкиот Институт за демографски истражувања и студии, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Дете пукаше пред средно училиште во Турција, повредени се осум ученици (вознемирувачко видео)


Ученик денеска отвори оган пред своето средно училиште во западната турска провинција Маниса, при што повредил најмалку осум други ученици, објави „Ројтерс“. Двајца од повредените се во критична состојба, додека напаѓачот е фатен, соопшти кабинетот на локалниот гувернер. Инцидентот се случил околу осум часот во населбата Албајрак, пред Стручното и техничко средно училиште „Инџи Узмез“. […]

Исчезна хеликоптер во Бразил, во него биле пејачот Рик и бизнисменот Авелар


Потрагата по хеликоптерот што исчезна во понеделник попладне во бразилската држава Санта Катарина продолжи во текот на ноќта, а спасувачките екипи се фокусираа на пошумена област и покрај лошите временски услови. Во леталото беа познатиот бразилски пејач Рик Соло, член на дуото Рик и Ренер, и бизнисменот Бруно Авелар, кои според објавите на социјалните мрежи […]

Почина Тонкица Митровска, пионер на македонскиот анимиран филм


Друштвото на филмски работници со неизмерна почит се збогува од својата долгогодишна и истакната членка, Тонкица Митровска, пионер на македонскиот анимиран филм, кој остави неизбришлив траг во македонската кинематографија.Нејзиното заминување е огромна загуба за културната сцена, но нејзиното творештво останува како траен споменик на една извонредна кариера. Како дипломиран графичар Тонкица Митровска беше еден од […]

„Патување низ звуците“ – концертна вечер во Македонскиот културен центар во Истанбул


Македонскиот културен центар во Истанбул на 23 септември 2026 година, со почеток во 19:00 часот, ќе биде домаќин на концертната вечер „Патување низ звуците“, на која ќе настапат сопранот Дајана Малолари Пајазити, виолинистот Шкелзен Пајазити и пијанистката Едита Руси. Концертната програма е осмислена како музичко патување низ различни епохи, стилови и музички традиции. На програмата […]

Истражување: Возењето велосипед до работното место може да ја подобри економската состојба на државата


Возењето велосипед до работното место може да придонесе за подобро физичко и ментално здравје на вработените, да го намали бројот на отсуства од работа, но и да ги намали трошоците за социјално осигурување. Истражување покажало дека и ризикот од смрт се намалува за околу 10 отсто кај луѓето кои возат велосипед 100 минути неделно. Според […]

Регионална конференција и состанок со градоначалниците на поголемите општини, најавува Стопанската комора


Стопанската комора на Македонија најави дека на 24 септември ќе се одржи регионалната конференција MicroBalkans, на која ќе се создаде платформа што ќе ги поврзе микрофинансирањето, небанкарското кредитирање, FinTech-индустријата и финансискиот сектор. Овогодишното мото е „Што треба да се промени во начинот на размислување за кредитирањето“. MicroBalkans не е наменета само за финансиските компании. Најважно […]

„Смрт на погребот“ – нова премира на кумановскиот театар ги отвора „Деновите на комедијата“


Кумановци, утревечер во 20 часот, на почетокот на Фестивалот „Денови на комедија“ ќе можат да ја видат новата премиера на Театар Куманово „Смрт на погребот“ во режија на Ненад Витанов. Во претставата играат актерите Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска Величковски, Владо Дојчиновски, Дубравка Киселички, Горан Илиќ, Давид Илиќ, Анастасија Трајковиќ, Никица Јанковски и Мирослав […]

Белата куќа го отвори каналот за стриминг „Трамп ТВ“ во екот на ескалација на спорот со медиумите


Белата куќа синоќа го отвори својот онлајн стриминг канал „Трамп ТВ (Trump TV), во екот на ескалацијата на спорот со главните американски медиумски куќи откако претседателот Доналд Трамп им забрани на новинарите на три медиуми пристап и известување од Белата куќа, јави ДПА. Каналот започна да се емитува вчеравечер, првично емитувајќи говори на Трамп, како […]

Студот доаѓа: На Балканот измерени – 5 степени Целзиусови


Вторников донесе изразено студено време во поголемиот дел од Балканот. Додека во одредени градови во Србија температурите се спуштија само неколку степени над нулата, кај соседите во Романија термометрите веќе забележаа вредности под нулата на планините. На врвот Ому во Романија утрово беа измерени -5 степени Целзиусови, а поради временските услови субјективното чувство достигна -8 […]