Дигиталната лична карта веројатно најпрво ќе се користи за влез во дискотеки и ноќни клубови


 Мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi), е национална дигитална платформа преку која граѓаните можат да ги имаат своите лични документи и државни услуги директно на своите мобилни телефони. Ќе се промовира следниот месец, а министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека е свесен оти овој процес ќе трае. – Јас сум свесен дека овој процес ќе […]

ФИА ги менува правилата за Формула 1, се скратува должината на трките


Меѓународната федерација за автомобили (ФИА) и нејзината Формула 1 Комисија официјално потврдија дека од следната сезона должината на Гран при трките ќе се намали од 305 на 290 километри. ФИА најави промени во правилата на Формула 1, вклучително и скратување на Гран-при трките и напуштање на одредени предложени промени во дизајнот на менувачот. Во одделни […]

Демографската криза во Македонија се продлабочува, во Тетово и Гостивар стотици раѓања помалку отколку во 2021 година


Најмногу деца родени во Скопје, ниту едно во општина Зрновце. Откако и првиот и вториот квартал од годинава донесоа нов демографски “шамар“, со пад на бројот на живородени деца и негативен природен прираст на државата, извесно е дека и на крајот од оваа 2026 та ќе се соочиме со поразителна демографска состојба, пишува Порталб. Тетово и […]

ЦУК: Нема активни пожари, еден пожар под контрола


Центарот за управување со кризи информира дека до 7 часот регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои активни пожари нема, под контрола е еден пожар, а изгаснати се 30 пожари. Под контрола е еден пожар во Општина Македонски Брод и Сопиште: с. Белица, м.в. Кајорец (опш. Македонски Брод), проширен кон Јасен (опш. […]

Формирани четвртфиналните двојки на Евроволеј 2026


По одиграување на последниот осминафинален дуел синоќа во Торино, на кој Словенија ја совлада Србија со 3:0, познати се сите двојки за следната фаза на Европското првенство во одбојка за мажи. Во четвртфиналето ќе играат:  Франција – Романија (22 септември, 15 часот)  Полска – Германија (22 септември, 18 часот) Белгија – Словенија (23 септември, 16 […]

Избрани шест нови членови на Друштвото на писателите на Македонија


Друштвото на писателите на Македонија неодамна го прошири своето членство со шест авторки и автори. На последната одржана седница, управниот одбор на Друштвото изгласа за негови нови членови да бидат примени: Марина Икономова Шокева, Митко Бојаџиски, Ана Витанова-Рингачева, Дијана Петрова, Тодор Јовчевски и Енис Хилми, соопштуваат од ДПМ. Марина Икономова Шокева е родена 1966 г. […]

Завршна конференција на проектот „Зајакнување на иднината“


Завршната конференција на проектот „Зајакнување на иднината – Патеки за излез од сиромаштијата преку сеопфатна поддршка и социјална инклузија на деца и семејства погодени од сиромаштија во Северна Македонија“ ќе се одржи денеска во организација на Новинари за човекови права (НЧП) и ECPAT Австрија во Европска куќа во Скопје.  Конференцијата, како што се наведува во […]

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на […]

Без струја денеска дел од жителите на Бутел, Гази Баба и Кисела Вода


Без струја утрово ќе останат неколку улици од Бутел, Гази Баба и Кисела Вода. -Во периодот од 07.55 до 09.55 часот, без струја ќе бидат дел од потрошувачите на улиците Ѓорѓи Стојчевски и Лазо Москов. (општина Бутел), во периодот од 08.00 до 15.00 часот, дел од потрошувачите од ул. Вила Анастасија и тоа бензинска пумпа […]

Во Њујорк почнува заседание на Генералното собрание на ОН


Генералната дебата на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН ќе трае од денеска до 28 септември, а светските лидери ќе дискутираат за глобалните предизвици и приоритети под темата „Обнова на довербата, управување со трансформацијата: Обединети нации што им служат на сите“. Околу 130 шефови на држави и влади лично ќе присуствуваат во седиштето на […]

Велосипедски тури по повод Денот без автомобили: Во Кочани ќе се вози „По патеката на оризот“, во Делчево масовна акција „Велобус“


Во повеќе градови во земјвата Денот без автомобили ќе се одбележи со организирање велосипедски тури. Под мотото на Европската недела на мобилност „Ајде заедно да го трансформираме секое патување и да обезбедиме мобилност за сите!“, а согласно Програма за сообраќај, Општина Кочани денеска ќе го обележи Денот без автомобили. Во соработка со МВР ОВР ПС […]

Годишниот извештај за работата на Агенцијата за цивилно воздухопловство пред матичната собраниска Комисија


Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година е на дневен ред на денешната 68. седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. Седница денесска ќе одржи и Законодавно-правна комисија, на чиј дневен ред се повеќе амандмани  за Предлог на […]

Средба со новинари на режисерот Дарко Митревски


Македонскиот режисер, сценарист и продуцент Дарко Митревски денеска во фоајето на Македонскиот народен театар ќе одржи средба со претставниците на медиумите насловена „А што е следеќе?“.  Наместо класична прес-конференција, се наведува во најавата, средбата е замислена како непосреден разговор со Митревски и можност за изјави и интервјуа. По речиси две децении поминати во Лос Анѓелес, […]

Во Србија почнува исплатата на еднократна помош од 6.000 динари


Во Србија денеска полчнува исплатата на еднократна финансиска помош од 6.000 динари и ќе трае до 25 септември, а околу 1,7 милиони луѓе аплицирале за неа преку порталот на Управата за финансии. Според податоците на српскиот министер за финансии во технички мандат, Синиша Мали, 1.696.000 граѓани аплицирале за исплата на еднократен паричен надомест, а речиси […]

Јубилејна 25-та годишна конференција на Македонска берза – платформа за поврзување, размена на знаења и искуства


Македонска берза ја организира својата јубилејна 25-та годишна конференција, чиј работен дел ќе се одржи денеска и утре во Охрид. -Годишната конференција на Македонската берза е еден од најзначајните финансиски настани во нашата земја и претставува платформа за поврзување, размена на знаења и искуства, како и дискусии за актуелните случувања на пазарот на капитал во […]

Макрон: Со Трамп имавме многу конструктивен разговор за Црвеното Море и Украина


Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека имал многу конструктивен разговор со американскиот претседател, Доналд Трамп, за ситуацијата во Црвеното Море и војната во Украина. На средбата одржана во Њујорк во рамки на годишната сесија на Генералното собрание на ОН, Трамп и Макрон разговарале конкретно за тоа како да се зголеми безбедноста на транспортот на нафта […]

Постигнат е договор што ќе им овозможи на Ворнер и на Парамаунт да се спојат – со независност на Си-Ен-Ен


Обвинителите од 12 американски држави кои поднесоа тужби со намера да го спречат мега-спојувањето на Ворнер Брос.-Дискавери со Парамаунт-Скајденс (Warner Bros.-Discovery/ Paramount-Skydаnce) постигнаа договор, двете страни потврдија, а претставниците на Парамаунт очекуваат спојувањето да стапи на сила на почетокот на октомври. Тоа мултимедијално спојување вредно 110 милијарди долари – што вклучува филмски студија, платформи за […]

Манифестацијата „Движи се за здравје“ во организација на Детскиот културен центар – Карпош во рамки на Европската недела на мобилност


Манифестацијата „Движи се за здравје“ ќе се одржи денеска по 12-ти пат со почеток од 10:00 часот на Фонтана Лотус, како традицоонална поддршка која ја дава ЈУ Детски културен центар – Карпош во рамки на  Европската недела на мобилност, што се одржува од 16 септември до денеска. Целта на оваа манифестација, како што се наведува […]

Прекин во водоснабдувањето за корисниците од висока и ниска зона на ул. „Јани Лукровски“ во Гази Баба


Прекин во водоснабдување изутринава од 8:30 часот ќе имаат корисниците од висока и ниска зона на ул. „Јани Лукровски“ во општина Гази Баба. Прекинот, како што информира ЈП Водовод и Канализација е поради промена на вентили од 2.5 цола во шахта на ул.„Јани Лукровски“ 14/1 во населба Автокоманда, ЈП Водовод и Канализација додава дека прекинот […]

Променливо облачно и ветровито


Променливо облачно време со сончеви преиоди, свежо и ветровито, најавува за денеска Управата за хидрометеоролошки работи. Во западните планинските региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието повремено силен северен ветер со брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 […]