Формирани четвртфиналните двојки на Евроволеј 2026
По одиграување на последниот осминафинален дуел синоќа во Торино, на кој Словенија ја совлада Србија со 3:0, познати се сите двојки за следната фаза на Европското првенство во одбојка за мажи.
Во четвртфиналето ќе играат:
Франција – Романија (22 септември, 15 часот)
Полска – Германија (22 септември, 18 часот)
Белгија – Словенија (23 септември, 16 часот)
Италија – Финска (23 септември, 21:05 часот)
Денешните четвртфиналиња ќе се играат во Софија (Бугарија), додека утрешните средби ќе се одржат во Торино (Италија).