Ретроспективна изложба „Благоја Маневски: 40 години творештво“ утре во Музејот на современата уметност во Скопје


Во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје, денеска ќе биде отворена ретроспективната изложба „Благоја Маневски: 40 години творештво“, посветена на четири децении од уметничката практика на еден од најавтентичните автори на македонската современа ликовна сцена. Како што соопштуваат од МСУ, куратори на изложбата се Лилјана Неделковска и Натали Рајчиновска-Павлеска, а координатор на проектот е […]

Седници на три собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички сиситем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија и Законодавно-правната комисија. Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година е единствената преостанта точка на дневниот ред на седницата на собраниската Комисија за политички сиситем и односи меѓу заедниците, како […]

Групна изложба „Од Македонија до Истанбул“ на здружението „Драудакум“


Во Културно-информативниот центар на Македонија во Истанбул денеска ќе биде отворена групната изложба „Од Македонија до Истанбул“ на Здружението за ликовна уметност „Драудакум“ од Гостивар. На изложбата, пред истанбулската публика ќе бидат претставени дела од македонското современо ликовно творештво, реализирани во повеќе ликовни медиуми – сликарство, скулптура, графика, уметничка фотографија и видео-уметност. Како што соопшти […]

Средба со грчкиот поет Сотирис Минас во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје


Грчкиот поет Сотирис Минас денеска повторно ќе оствари средба со читателите во книжарницата на „Матица македонска“ на булеварот „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Како што соопштуваат од издавачката куќа „Матица македонска“, настанот се организира поради големиот интерес по промоцијата на неговата поетска збирка „Раскинување на договорот“. Средбата претставува можност за читателите лично да поразговараат со […]

Администрацијата на Трамп планира да го ограничи бројот на бегалци примени во САД во 2027 година на 17.500


Администрацијата на Трамп планира да го ограничи бројот на бегалци примени во САД во 2027 година на 17.500, претежно белци од Јужна Африка. Во известувањето до Конгресот, администрацијата наведува дека белците Јужноафриканци се соочуваат со ризик од одземање на земјиште и други форми на прогон и дека веројатно ќе се интегрираат кога ќе пристигнат во […]

Настан за работни места по мерка на семејствата и промоција на практикум во Стопанската комора


Здружението „Конект“ во соработка со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) денеска во Стопанската комора на Северна Македонија ќе го одржи настанот „Работни места по мерка на семејствата: размена на најдобрите приоди од компаниите шампионки“. Како што се наведува во соопштението на Здружението, во рамки на програмата, компании од земјава и од Косово ќе […]

Прекини во снабдувањето со струја и вода во делови од Скопје


Делови од општините Бутел, Кисела Вода и Карпош денеска ќе бидат без електрична енергија, а дел од корисниците во општина Карпош ќе имаат прекин во водоснабдувањето, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје. Прекини во снабдувањето со струја ќе има од 7:55 до 9:55 часот, за дел од корисниците од улиците „Тале […]

Сончево со мала локална облачност и студено утро


Времето денеска наутро ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до […]

Зеленски по средбата со Георгиева во Њујорк: ММФ ќе ѝ помогне на Украина за финансиска стабилност во 2027 година


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе ѝ помогне на Украина да обезбеди дел од потребните средства за финансиска стабилност на земјата во 2027 година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по денешната средба во Њујорк со извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева. Зеленски за разговорите со Георгиева информираше преку социјалните мрежи, за време на неговиот престој во […]

Макрон од говорницата на ОН предупреди дека во светот „се враќа законот на џунглата“


 Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН во Њујорк предупреди дека во светот се враќа „законот на џунглата“ и упати апел за цврста поддршка на светската организација. Говорејќи на општата дебата во рамки на 81-та сесија на Генералното собрание, францускиот претседател го постави прашањето за идниот меѓународен поредок. – […]

Вештачката интелигенција ги уништува шефовите: Убер отпушти 3.300 менаџери, Амазон 14.000, а работата ја презедоа алгоритмите


Сè повеќе корпорации го елиминираат средниот менаџмент и ја оставаат работата за координација на вештачката интелигенција. Податоците покажуваат дека преостанатите менаџери се преоптоварени, а работниците без насока. На почетокот на септември, Убер отпушти околу 3.300 вработени, една десетина од работната сила, претежно средни менаџери. „Ги отстрануваме слоевите, ги поедноставуваме тимските структури и ги насочуваме луѓето […]

(Видео) Тенеси ќе ја погуби првата жена по 200 години


  Во Тенеси се упатени бројни барања за одложување на погубувањето на Криста Пајк, кое е закажано за следната недела. Доколку казната се изврши, Пајк ќе стане првата жена погубена во оваа сојузна држава по повеќе од 200 години, пренесува УНИЛАД. Таа е осудена на смрт пред повеќе од три децении за убиството на Колин […]

Разбиена криминална мрежа во Грција: Со фиктивни фирми направиле штета од над 13,3 милиони евра


Грчката полиција разби криминална организација осомничена дека преку фиктивни компании, лажни трансакции и неплатени даноци го оштетила државниот буџет за повеќе од 13,3 милиони евра. Во полициската операција во Солун се уапсени пет лица, меѓу кои и двајцата наводни организатори, додека во истрагата се опфатени уште 18 идентификувани осомничени. Според информациите од грчката полиција, групата […]

(Видео) Трамп ја нападна новинарката на Си-Ен-Ен во ОН. „Таа не треба да биде тука“


Конфликтот на американскиот претседател Доналд Трамп со водечките медиуми се прелеа од тревникот на Белата куќа на меѓународната сцена. За време на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, Трамп вербално се судри со новинарката на Си-Ен-Ен, Кејтлан Колинс, велејќи ѝ дека воопшто не треба да известува за настанот. Изненадувачкиот судир се случи денес пред […]

Трамп во обраќањето во ОН рече дека покажал храброст да го нападне Иран


  Претседателот Доналд Трамп се врати во Генералното собрание на ОН во вторникот во бурен момент за светот – и за неговото претседателствување – и тврдеше дека покажал храброст, додека другите лидери се двоумеле додека тој ја бранеше својата одлука да започне војна со Иран. Но, Трамп, исто така, посочи дека би можел да биде […]

Во првите седум месеци од годинава Грција ја посетиле 20 милиони туристи – приходите од туризмот зголемени за 12 отсто


За 8,6 отсто се зголемил бројот на посетители на Грција од јануари до јули годинава, споредено со истиот период лани, додека приходите од туризмот за земјата бележат пораст за 12 проценти и изнесуваат 13,5 милијарди евра, јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците од Банката на Грција, во првите седум месеци од годинава, Грција […]

Трамп го потпиша историскиот договор за Гренланд


  Лидерите на Гренланд и Данска потпишаа ажуриран договор за одбрана со САД во Њујорк во вторник, со што се стави крај на долгиот спор што произлезе од првите претензии на Трамп кон арктичкиот остров во 2019 година. Договорот го менува договорот за одбрана од 1951 година, кој веќе им дава на САД широк воен […]

Канаѓанец поминал девет месеци во американски имиграциски притвор, конечно е ослободен


Канаѓанецот Клејтон Херман, кој беше депортиран од САД по девет месеци поминати во притворски центар на американската Служба за имиграција и царина (ICE) во Калифорнија, изјави дека бил изложен на нехумани услови, објави канадскиот јавен сервис „Си-би-си њуз“. – Вистинско олеснување е што никогаш повеќе нема да морам да бидам во лисици, во бетонска зграда […]

Гореше магацин за бои и лакови во Железара, 20 пожарникари на терен го изгасија


Пожар избувна попладнево во скопската населба Железара, каде гори магацин за бои и лакови на булевар „Александар Македонски“ бр. 67. Црн, густ чад се гледаше над Скопје. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), на терен се екипи на Бригадата за противпожарна заштита со шест противпожарни возила и 20 пожарникари. „Гори објект – […]

Излезе Меланија, излезе Рубио, излезе и Мицкоски – по говорот на Трамп


  Откако заврши 30-минутниот говор на американскиот претседател Доналд Трамп на Генералното собрание на ОН салата ја напушти неговата сопруга Меланија. По неа веднаш замина државниот секретар Марко Рубио,  а по нив македонскиот премиер. Од директниот пренос од пленарната сала на ОН се виде дека Христијан Мицкоски побрза да стане од местото од каде го […]