Излезе Меланија, излезе Рубио, излезе и Мицкоски – по говорот на Трамп


 

Откако заврши 30-минутниот говор на американскиот претседател Доналд Трамп на Генералното собрание на ОН салата ја напушти неговата сопруга Меланија. По неа веднаш замина државниот секретар Марко Рубио,  а по нив македонскиот премиер. Од директниот пренос од пленарната сала на ОН се виде дека Христијан Мицкоски побрза да стане од местото од каде го следеше говорот на Трамп и речиси во чекор го следеше Рубио. Потоа заминаа и други државници од пленарната сала.

Во загарантираните места за американската делегација освен Меланија и Рубио беше и амбасадарото на САД во ОН, Мајк Волц и неколку дипломати. Говорот на Трамп траеше 30 минути (15 минути помалку од ланскиот) и тој од говорницата му се закани на Иран дека ќе го уништи. Кога ја нападна Куба делегацијата на таа држава ја напушти салата.

По Трамп зборуваше јорданскиот крал Абдула Втори кој реше дека акциите на Израел на Западниот Брег се обид за раселување на Палестинците. Тој силно го нагласи правото на Палестинците на своја држава и ги осуди постапките на Израел.

Не знаеме дали македонскиот премиер се врати во пленарната сала да го следи обраќањето на кралот Абдула Втори.