Се користат ушни маркички од угинати грла за да се добие финансиска поддршка, вели министерот Серафимовски


 Имаме класична злоупотреба на субвенциите. Педесетина апликанти претежно од Прилепскиот регион и Кривогаштани на два или 2,5 декари пријавиле производство од 10 и 11 тони тутун. Тоа е невозможно. И кај овците и кај кравите, што се случува? Имаме класична злоупотреба на ушните маркички со кои е обележано секое грло. Грлото угинува, а сопствениците едноставно […]

Правната битка продолжува: Пит бара од Џоли доказ за приходи


Иако разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли беше финализиран во 2024 година по осум години судски постапки, нивните конфликти не се завршени. Во најновиот развој на случајот, правниот тим на Пит побара од Џоли да достави доказ за нејзините приходи, што таа делумно го одбива. Ова е продолжение на долготрајниот спор што поранешниот холивудски […]

СДСМ не и верува на владата за тендерот за „Кожувчанка“


  Владата денеска „демантира“ и тврди дека водата од „Кожувчанка“ за Гостивар била набавена на тендер. Лажат, тврди СДСМ јасно порачувајќи дека не им верува во врска со демантот објавен претходно  во кој се потврдуваше дека е вистина дека оваа компанија на градоначалникот на Кавадарци ги снабдува Гостиварци со вода, но дека таа била поевтина и […]

Утре ќе биде затворен преминот преку пругите на „Перо Наков“


Град Скопје и Општина Гази Баба ги известува граѓаните дека на 06.08.2026 година (четврток), во периодот од 08:00 до 16:00 часот, ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје ќе изведува работи за санација на патниот премин на улица „Перо Наков“, во непосредна близина на Железничката станица Маџари.   За време на изведувањето на работите, сообраќајот на улица […]

За седум месеци, во Буџетот прибрани 53,9 отсто од планираните приходи


Приходите во Буџетот од почетокот на годината се прибираат согласно планот и со раст во споредба со претходната година, соопшти Министерството за финансии. Истовремено и на расходната страна се исплаќаат обврските согласно планираното. Податоците за реализација на Буџетот за 2026 година на заклучно со 31 јули 2026 година покажуваат дека вкупните приходи се реализирани во […]

Кремљ копа се подлабоко во џебовите на граѓаните, сите прашуваат „кога оваа војна ќе заврши“?


Иако Русија изминативе денови врши масовни напади со ракети и дронови во Украина, таа стратегија покажува повеќе очај, отколку намера да се сврти текот на војната. Зад насловите од дневните вести е сликата за земја заглавена во „специјалната воена операција“, која се потешко ги менаџира финансиите и која единствено што успеја досега, освен масовно разурнување, […]

Азески: За одржлив локален економски развој потребно е активно партнерство меѓу државата, локалната самоуправа и приватниот сектор


Поголема соработка меѓу локалната самоуправа и приватниот сектор, поттикнување на инвестициите и искористување на туристичкиот и економскиот потенцијал на општина Чучер Сандево беа во фокусот на работниот состанок меѓу претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, и градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Зоран Бајовски. На состанокот присуствуваа и Драганчо Апостолски, советник во Дирекцијата […]

Британската МИ6 е најмоќната надворешна разузнавачка служба во Европа, Словачка на дното


Париз  – Британската Тајна разузнавачка служба (МИ6) е најмоќната надворешна разузнавачка служба во Европа, пред француската Генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) и холандската разузнавачка служба, покажуваат резултатите од истражувањето на францускиот магазин „Л’Експрес“, во кое учествувале 60 експерти од 25 земји. Како што пренесува „Гардијан“, МИ6 освоила 251 поен и добила високи оценки за […]

Треба ли Македонија да стравува од енергетската криза во Европа


Невообичаено долгиот период на многу топло време во Европа и намалените водостои на некои од најголемите реки како Рајна и Дунав, од една страна ја зголемија потрошувачката на електрилчна енергија, а од друга, доведоа до намалување на производството кај хидроелектраните и до најави за можно исклучување на некои од нуклеарните централи. Нуклеарката Пакш, која обезбедува […]

Аријана Гранде се повлекува од јавниот живот по турнејата


Само неколку дена откако Аријана Гранде го издаде својот нов албум Petal, нејзиниот претставник во неделата откри дека пејачката ќе направи „чекор назад“ по завршувањето на нејзината тековна турнеја. Поради загриженоста за физичката благосостојба на пејачката, претставник на Гранде изјави за People: „Аријана ќе направи чекор назад од видливоста откако ќе ја заврши турнејата Eternal […]

Училиштен прибор и ранчиња за секое прваче во Карпош – ни едно дете не ги носи


Години наназад, скопските општини обезбедуваат ранчиња и прибор за првачињата, што градоначалниците им ги делат на првачињата на првиот училишен ден. Денеска и Општина Карпош се пофали дека на почетокот на новата учебна година ќе ги пречекаат најмладите ученици кои годинава за првпат ќе седнат во училишните клупи, обезбедувајќи им ранче и основен училишен прибор. […]

ОН: Силен Ел Нињо би можел да ја влоши глобалната глад


Женева – Временскиот феномен Ел Нињо би можел до крајот на следната година да изложи речиси уште 49 милиони луѓе на акутна несигурност во снабдувањето со храна, предупреди денеска Светската програма за храна (ВФП), наведувајќи дека бројот на загрозени лица би можел да достигне 274 милиони во 45 земји. Според извештајот на агенцијата на Обединетите […]

Вокален и пијанистички огномет за роденденот на „Охридско лето“


Со вокален раскош,  пијанистичка виртуозност и уметничка енергија, синоќа, „Охридско лето“ го одбележа својот 66. роденден. Во прекрасната „Света Софија“ каде и започна приказната за „Охридско лето“, фестивалската публика имаше можност да ужива во впечатливиот настап на Мајан Лихт, контратенор од Израел и Пшемек Виницки, пијанист од Полска, уметници кои со својата интерпретација донесоа посебна […]

Во јули собрани 15.735 тони комунален отпад – замислете колкава ќе беше тонажата, ако ги собраа и остатоците од невремето!


Во текот на месецот јули, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнале и транспортирале 15.735 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. -Отстранети се и 2360 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад, како и органски отпад паднат на јавните и сообраќајните површини во сите скопски општини како резултат од невремето […]

Тешка сообраќајка на патот Битола-Прилеп, девет лица се повредени


БИТОЛА – Тешка сообраќајка се случила утрово на патот Прилеп – Битола при судир на четири возила, во близина на мостот на Шемница. Според Клиничка болница Битола – во болницата се пренесени девет лица со повреди и пружена им е лекарска помош. Од повредените има и странец од Србија. „Едно лице поради сериозноста на повредите […]

Шарлот Казираги, внуката на Грејс Кели, влегува во ново поглавје со нова љубов 


Монако – Четириесет години и прекрасно сигурно звучат како вистина за гламурозната Шарлот Казираги. Внуката на принцот Алберт од Монако и внука на Грејс Кели го прослави својот 40-ти роденден на 3 август. Додека ја врти страницата на своите 30-ти, амбасадорката и портпаролка на Шанел остава зад себе една деценија во која ја објави својата […]

СДСМ во пресметка со Стоилковиќ: Не ни сметаат Србите, ни сметаш ти!


СДСМ влезе во отворена политичка пресметка со вицепремиерот Иван Стоилковиќ кого го гледа како манифестација на „Српскиот свет“ на претседателот Александар Вучиќ во Македонија. по инцидентот во Собранието по кој СДСМ бараше јавно извинување од Владата, сега спорот се отвора и на јавната сцена. Во соопштението денес СДСМ посочува и зошто: „Иван Стоилковиќ, не ни […]

Уште едно игралиште за деца во Ново Лисиче, а ни едно не е осветлено навечер


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески утрово сподели дека во паркот покрај булеварот „Февруарски поход”, започнала изградбата на ново современо детско игралиште, кое ќе биде едно од вкупно десетте нови детски игралишта што ќе бидат изградени низ општината. „Проектот е дел од нашата заложба секое маало да добие безбеден и квалитетно уреден простор каде што […]

Алкараз нема да игра во Синсинати


Синсинати – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се повлече од Мастерс турнирот во Синсинати. Дваесет и тригодишниот Шпанец го освои турнирот минатата година. – Му посакуваме на нашиот шампион од 2025 година се најдобро за време на неговото закрепнување. Со нетрпение го очекуваме вашето враќање следната година – објави прес-службата на турнирот. Алкараз има 26 титули […]

Жерновски тврди дека власта подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог


 Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, на прес конференција денес порача дека Владата подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог и дека тоа е поврзано со изјавата на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски за некаков таен договор за започнување на прегововри со ЕУ. -Почитувани граѓани, се подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог. Наши […]