Исчезнато е 11-годишно момче од Долнени


Фото: Б. Грданоски

Синоќа во 20:30 часот во ОВР Прилеп било пријавено исчезнување на 11-годишно момче од селото Десово, Општина Долнени.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, 34-годишниот А.У. пријавил дека неговиот 11-годишен внук се оддалечил од домот.

Од МВР велат дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на детето.