Се поставува атмосферска канализација на „Волгоградска“


Општина Карпош започна со реализација на градени активности за поставување на нова атмосферска канализација на улицата „Волгоградска“ во населбата Карпош 4. Предвидено е поставување на атмосферска мрежа во должина од 60 метри, со што ќе се унапреди системот за одведување на атмосферските води и ќе се подобри функционалноста на инфраструктурата во овој дел од населбата. […]

Русија го подготвува својот „последен удар“ во Украина


Во Киев и главните градови на украинските сојузници, разговорот за брутална „зима“ што ја чека Украина поради руските напади е главна тема на агендата. И сосема е веројатно дека токму оваа есен и зима ќе станат своевиден „последен удар“ на Русија – обид некако да го сврти текот на својата војна. Кремљ ќе смета дека […]

За кафе за носење ќе мора да си носиме чашка


Правилата за употреба на пакувањето се менуваат во Европската Унија. Новите правила почнуваат од утре и важат за сите што пласираат пакување на пазарот. Целта е да се намали количината на пластичен отпад и да се поттикне повеќекратната употреба на пластични предмети. Од февруари следната година, ќе стапат во сила промените поврзани со потрошувачите. Потрошувачите […]

Една четвртина од младите на возраст од 15 до 16 години се коцкале за пари во последната година


Една четвртина од учениците на возраст од 15 до 16 години во земјава се коцкале за пари во последните 12 месеци, или 34 отсто од момчињата и 16 отсто од девојчињата. Младинската група на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА Млади, заедно со Иницијативата „Фрли ја коцката!“, по повод Меѓународниот ден на младите […]

ДУИ: Како Недим Рама, додека директорува со НОМАГАС, обезбедил капитал за инвестиции во „Мерцедес“?


ДУИ бара одговори за имотниот лист на Недим Рама, директор на НОМАГАС, особено за инвестициите во Mercedes-Benz Group AG кои според партијата се сомнителни и треба да се проверат од антикорупциските органи за потеклото на капиталот. Имотниот лист на Недим Рама, директор на НОМАГАС и близок соработник на Изет Меџити, отвора многу посериозни прашања од […]

МОН: Партнерскиот однос со младите, клуч за иднината на државата


Младите се двигател на општествениот развој, а нивното знаење, креативност и енергија се најголемата инвестиција во иднината на државата. Затоа, континуирано работиме на создавање повеќе и подобри можности за образование, личен развој и професионална реализација на новите генерации во сопствената земја. По повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, Министерството за образование и наука уште […]

Училишна библиотека во Неготино ќе добие 35 книги по јавниот повик на „Матица македонска“ за пријавување за донација


Донацијата од 35 книги на „Матица македонска“ ќе им биде достапна на околу 500 средношколци од СОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Неготино. Како што соопшти издавачката куќа, речиси 90 библиотеки се пријавиле на нејзиниот јавен повик „Каде недостигаат книги за Македонија?“, објавен во рамките на програмата „Зад датумот: Овој Илинден, Македонија се чита“, а […]

Дваесет стихозбирки во поширок избор за наградата „Антево перо“


Сто и петнаесет збирки и автори од Македонија и светот се пријавиле на конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“, во годината кога се одбележуваат 95 години од раѓањето на Поповски и по деветти пат се организира меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. -Ваков неверојатен интерес кај творците на потската реч не се […]

Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна


Во Европската Унија од денеска на сила се новите регулативи за амбалажа и амбалажен отпад, а една од најзначајните промени се однесува на таканаречените PFAS-соединенија во амбалажата за храна. Промената особено ќе влијае врз амбалажата што потрошувачите секојдневно ја добиваат со храната за носење, како што се кутиите за хамбургери и помфрит, кесите за ќебапи […]

Караванот „Силно светнал ден“ вечерва во Велес


Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност на Македонија, на 12 август пристигнува во Велес, во паркот пред Општина Велес, во 20:30 часот. Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, […]

Петта година по ред бесплатни ранчиња за сите првачиња во Центар


Општина Центар и оваа година продолжува со поддршката за најмладите ученици и нивните семејства. Петта година по ред, сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта ќе добијат бесплатни училишни ранчиња, обезбедени со средства од општинскиот буџет. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека оваа мерка веќе стана убава традиција со која Општината им посакува добредојде на […]

Силна бура ја погоди Словенија: Ветрови соборија дрвја и покриви, оштетен историски замок


Силна бура погоди неколку делови од Словенија синоќа. Најлошо беше во општина Старше, каде што пожарникарите реагираа на 17 локации поради паднати дрвја, оштетени покриви и поплавени подруми. Силна бура погоди делови од Словенија синоќа, а беше особено силна во општина Старше, каде што силните ветрови соборија дрвја и изложени покриви, додека дождот ги поплави […]

Германските компании очекуваат вештачката интелигенција да доведе до намалување на платите, објави Институтот Ифо


Многу компании во Германија очекуваат платите да се намалат во следните пет години како резултат на употребата на вештачка интелигенција, според најновата студија на Институтот Ифо со седиште во Минхен. Се очекува работниците со помалку од пет години професионално искуство да бидат особено погодени, при што околу половина од компаниите веќе користат ВИ очекуваат нивните […]

Албанија ја зголеми површината на своите јавни плажи за над 300.000 квадратни метри


 Во 2026 година, Албанија ја зголеми површината на своите јавни плажи за над 300.000 квадратни метри, што претставува раст од над 10 проценти на годишно ниво, јави АТА, повикувајќи се на изјава на албанскиот министер за туризам, култура и спорт, Бленди Гонџја.   Според него, во текот на тековната летна сезона, површината на јавните плажи […]

СДСМ: Пет недели Гостивар е без вода, Мицкоски не дојде ни еднаш


СДСМ го критикува одснесувањето на власта која кога има проблем исчезнува „од радар“, а премиерот оди на промоција на секакви некакви објекти, или како што велат: „Кога има лента за сечење – доаѓаат. Кога има криза што ги погаѓа обичните граѓани – исчезнуваат и напаѓаат“. -Веќе пет недели граѓаните на Гостивар се трујат. Водата не […]

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“


Со изведување на градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски,  кој […]

Формирани двојките за плејофот во Лигата на шампионите


Познати се сите парови за последната рунда од плејофот за пласман во главната фаза на фудбалската Лига на шампиони. По синоќешните реванши од третото квалификациско коло, двојките за баражот се: Фенербахче (Турција) – Лион (Франција) НЕЦ Нијмеген (Холандија) – Бодо-Глимт (Норвешка) Хапоел Бер Шева, Израел – Сабах (Азербејџан) Слован (Словачка) – Целје (Словенија) Селтик (Шкотска) […]

Солистички концерт на кинескиот пијанист Сихенг Сонг вечерва на „Охридско лето“


Програмата на годинешното издание на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, со целовечерниот концерт на кинескиот пијанист Сихенг Сонг. Сонг е роден во Шангај во 1981 година и се смета за еден од најдобрите пијанисти од својата генерација. Музичкото образование го стекнува во Франција, на Високата школа за музика во Париз, во […]

Без струја Момин Поток, основното училиште во Петровец и ЈП Паркови и зеленило


Без електрична енергија денеска во периодот од 08.30 до 13.00 часот ќе останат корисниците во населба Момин Поток, поточно на ул.Калош Дани, фирмите Стил Железо, Синтекс, Европа 92, сооптши РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 13.00 часот, ќе нема објектот на ОУ Кочо Рацин во Петровец, а од 09.00 до 14.00 часот, главниот објект на […]

Федерална судијка ја прошири на цела територија на САД забраната за уредбата на Трамп за гласање по пошта


Федерална судијка ја прошири на целата територија на САД забраната за спроведување на извршната наредба на претседателот Доналд Трамп, која ја обврзува Американската поштенска служба (USPS) да има построги правила за ракување со гласачки ливчиња испратени по пошта. Одлуката беше донесена во пресрет на конгресните избори во ноември. Судијката Индира Талвани од Федералниот окружен суд […]