Русија и Украина разменија тела на повеќе од 280 загинати војници


Русија и Украина денеска ги разменија телата на загинатите војници, што претставува прва ваква размена меѓу двете земји од минатиот месец.

Пратеникот во руската Државна дума Шамсаил Саралиев за медиумот РБК изјави дека Москва ги предала телата на 261 украински војник, додека Киев ги предал телата на 24 загинати руски војници.

Украинскиот Координативен штаб за третман навоените заробеници подоцна ја потврди размената, наведувајќи во соопштение на апликацијата „Телеграм“ дека во земјата се вратени 261 тело „кои, според руската страна, им припаѓаат на украински бранители“.

„Изразуваме искрена благодарност до Меѓународниот комитет на Црвениот крст за посредувањето и поддршката при спроведувањето на мерките за репатријација“, се додава во соопштението на украинскиот штаб.

Последната ваква размена меѓу Русија и Украина се одржа на 16 јули, кога Москва ѝ предаде на Украина 501 тело, додека Киев ѝ предаде на Русија 31 тело на загинати војници.