„Алпак капитал“ ги презеде во Србија Н1, ТВ Нова, Nova.rs, Радар, Данас: Сите директори се веднаш сменети


Сопственикот на компанијата „Алпак Капитал“, Педро Варгас Сантос Давид, денеска официјално е регистриран како директор на сите независни медиуми ANN, членки на „Јунајтед Груп“ во Србија, објави Н1 на сајтот. Во Агенцијата за деловни регистри, одлуките за назначување на сопственикот на „Алпак Капитал“ се донесени денеска, 17.08.2026 година. Михаило Јовиќевиќ, директорот на порталот и весникот […]

Вуди Харелсон пред Сараево во Дубровник: Пееше песна на Оливер Драгоевиќ и пиеше вино со Вишњиќ и Цвитешиќ


Дубровник – Се чини дека американскиот актер Вуди Харелсон е неповратно вљубен во Хрватска, но и во претставата „Еквиноција“ во која глумат неговите долгогодишни пријатели Зринка Цвитешиќ и Горан Вишњиќ. Познатиот холивудски актер неодамна повторно пристигна во Дубровник и го гледаше класикот на Војновиќ во режија на Крешимир Доленчиќ на Дубровничкиот летен фестивал, а по […]

Клековски: Се подготвуваме да потпишеме меморандум со СБ и ЕИБ и за финансирањето на инвестициите во болниците во Штип, Тетово и Кичево


Се подготвуваме да потпишеме меморандум за натамошните чекори со Светскатабанка и Европската инвестициска банка (ЕИБ) и финансирањето, што се однесува на капиталните инвестиции во клиничките болници во Штип, Тетово и Кичево, ќе биде комбинирано од двете институции. Министерството за финансии оцени дека нивната понуда е поповолна бидејќи е на подолг период и има грант-компонента. Ова […]

Каја Гербер и Хомер Гир на најважната насловна страница на „Вог“


Клое Мал беше замена за Ана Винтур за точно седум изданија на американскиот Вог (и печатени и дигитални) – и првото септемвриско издание (најважно и навлијателно) на Мал е веќе објавено. За да го одбележи овој настан, штитеничката на Винтур ја пречекува назад Каја Гербер на насловната страница на американската модна библија, на која ѝ […]

Анкета на Фајненшал тајмс: Мнозинство американски гласачи велат дека им е полошо откако Трамп е претседател


Мнозинството американски гласачи во анкета на британскиот весник „Фајненшл тајмс“ (ФТ) изјавија дека им е полошо под актуелниот претседател Доналд Трамп. Истражувањето беше спроведено од 7 до 10 август од непартиската онлајн компанија Фокалдата, со седиште во Лондон, на 1.913 регистрирани гласачи. На помалку од три месеци до среднорочните избори во ноември, повеќе од 53 […]

Трамп се закани дека ќе го бомбардира Оман ако постигне договор со Иран


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе го бомбардира Оман доколку земјата „на кој било начин“ се придружи на договорот за Ормуската Теснина. Оман и Иран со недели преговараат, без учество на САД, за стратешкиот воден пат. „Доколку Оман на кој било начин се придружи, ние ќе го бомбардираме со полна сила“, изјави […]

Јован од Виница, што спасуваше настрадани во „Пулс“, меѓу 16-те годинашни добитници на наградата „Младинска храброст 2026“


Дваесетгодишниот Јован Костадинов од Виница, кој спаси 21 живот во трагичниот пожар во дисоктеката „Пулс“ во Кочани во март 2025, ризикувајќи го својот живот, е меѓу 16-те добитници на годинашната награда „Младинска храброст 2026“ (Young Courage Award). Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и амбасадите на Шведска,  им ја доделува наградата на млади […]

Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка


Денес започна процесот на порибување на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, учествуваше во првата фаза од порибувањето на езерото. Согласно договорот помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, […]

Внатрешните преправки во „Пулс“ го оневозможиле евакуирањето


Сите градежни зафати во објектот биле изведени нелегално, без проектна документација, без стручен надзор и без одобрение од надлежните институции – истакна вештото лице Маријана Лазаревска на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според неа, промените не може да се третираат како надградба, доградба или адаптација, туку претставуваат реконструкција за која е […]

Последно збогум за Бони Тајлер


Свонзи – Стотици фанови им се придружија на ожалостените во понеделник на погребот на поп-ѕвездата од Велс, Бони Тајлер, а обожавателите ја пееја песната на ѕвездата „It’s a Heartache“ додека нејзиниот ковчег беше носен во црква. Ѕвездата со рапав глас, позната по низа хитови, вклучувајќи ја и „Total Eclipse of the Heart“, почина во Португалија […]

„Одисеја“ на Кристофер Нолан е на пат да го симне „Марвел“ од тронот


„Одисеја“ на Кристофер Нолан е на пат да влезе во историјата на бокс офисот со тоа што ќе постави рекорд што ниту еден филм со рејтинг R досега не го достигнал. Епот се приближува кон пресвртница што би го симнала „Дедпул и Вулверин“ од неговиот трон на сите времиња. Епот на „Универзал Пикчрс“ заработи 1,29 […]

Македонистите од светот повторно во Охрид на 59. Летната школа на МСМЈЛК


 Шеесет македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и преведувачи од 17 земји ќе учествуваат на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што од 20 август ќе се одржува во Конгресниот центар во Охрид. Предвидено е на свеченото отворање на Школата пред […]

Орбан на гости во вилата на сестрата на Петер Маѓар во Опатија!


„444“ објави фотографија според која сменетиот унгарски премиер Виктор Орбан се дружи со сестрата на новиот унгарски премиер петер Маѓар во Опатија. „Нашиот читател наиде на возбудлива бригада во Опатија, Хрватска доцна во неделата навечер: иако сликата е за жал заматена, сепак е препознатливо како Виктор Орбан како шета во друштво на Антал Роган и […]

Полски параглајдерист пронајден неповреден на планината Даутица


На непристапен терен на планината Даутица, во раните утрински часови бил пронајден 35-годишен параглајдерист од Полска, кој претходно пријавил дека слетал на непознат терен над селото Стровија. Тој вчера во 20:30 часот пријавил во СВР Битола дека по слетувањето долго пешачел и дека е изморен, но не е повреден.     По преземените мерки, околу […]

Чешкиот премиер Бабиш се извини за берењето цвеќиња во национален парк


   Чешкиот премиер Андреј Бабиш се извини во неделата за берењето цвеќиња во заштитено подрачје на Лиса Хора, планина во источна Чешка, велејќи дека ќе плати казна доколку е потребно.   Бабиш рече во видео на Фејсбук дека ги берел цвеќињата додека се сеќавал на починатиот колега од неговото движење АНО со кого претходно се […]

Започна исплатата на повратот од „МојДДВ“


Корисниците на апликацијата „МојДДВ“ од денеска може да го очекуваат повратот на дел од платениот данок на додадена вредност. Управата за јавни приходи ја започна исплатата за последното тримесечје. Парите ќе бидат префрлени директно на трансакциските сметки на граѓаните кои ги исполнуваат условите и во изминатиот период пријавувале фискални сметки преку апликацијата. Повратот се пресметува […]

Тепале мајки, татковци, сопруги, зетовци…


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.С.(34) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 31.07.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата мајка, по што од нејзината чанта одзел пари и клучеви од возило. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава […]

Негувателки од градинка во Хром и во Берово пријавени за насилство врз дете


Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека на 14.08.2026, откако ја зела нејзината петгодишна ќерка од градинка на подрачјето на населбата Хром, таа ѝ кажала дека била удрена од негувателка. Како што се наведува во полицискиот билтен, мајката пријавила дека нејзината ќерка ѝ се пожалила дека негувателката ја стиснала за ногата. […]

Паѓа бројот на нови фирми во ЕУ, стечаите во пораст


Бројот на регистрации на нови бизниси во Европската Унија се намали за 0,5 проценти во вториот квартал во споредба со претходните три месеци, додека бројот на банкроти се зголеми за 5,7 проценти, објави денес Евростат. Регистрациите на нови бизниси се намалија во пет од осумте следени сектори. Најголем пад се случи во индустријата, каде што […]

ДУИ како Бугарија, армијата не била „македонска“


ДУИ реагира на именувањето на армијата како „македонска“ на денот кога се слави нејзиното формирање, оспорувајќи го исто како Грција и како Бугарија правото на државата да се именува со придавката. -На Денот на Армијата на Република Северна Македонија, Министерството за одбрана официјално ја претстави како „Македонска армија“. Во уставниот поредок, определбата „македонски“ се поврзува […]