ОАЕ ги суспендира сите финансиски трансакции со Иран


Абу Даби  –    Обединетите Арапски Емирати објавија дека сите трговски, економски размени и финансиски трансакции со Иран се суспендирани до понатамошно известување. Тоа го соопшти Министерството за надворешни работи на таа држава.

Одлуката е донесена во услови на ескалација во регионот, што „го поткопува регионалниот и меѓународниот мир и безбедност“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на ОАЕ.