Дел од Скопје без вода поради дефект
Поради дефект во шахта, прекинато водоснабдување имаат корисниците на улицата “11 Октомври“, потегот од булевар „Кочо Рацин“ до Тутунски комбинат, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Водоснабдувањето било прекинато од 9:10 часот и како што се наведува во соопштението, ќе потрае до завршување на работните активности.