Секој втор туристички брод на Санторини затајувал данок


Даночни прекршувања во висина од 92.000 евра откриле инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) за време на ненајавените контроли спроведени на туристички бродови и катамарани што организираат целодневни или попладневни крстарења на грчкиот остров Санторини, при што биле изречени казни во вкупен износ од 43.000 евра, јави дописничката на МИА од […]

Еден месец по разрешувањето на Федоров, Украина сè уште без министер за одбрана


Украинските пратеници денес се враќаат од летниот одмор, а министерствата за одбрана и надворешни работи сè уште немаат постојани раководители. Помина еден месец откако украинскиот претседател Володимир Зеленски ненадејно го разреши министерот за одбрана Михајло Федоров, поради зголемените руски балистички ракетни напади, објави „Еуроњуз“. Кога новата влада на премиерот Сергеј Коретски беше потврдена на 16 […]

Вечерва 13-то прскање против комарци во Скопје, а инфективна полна со пациенти со западнонилска треска


Градот Скопје продолжува со системско и континуирано спроведување на мерките за сузбивање на комарците и заштита на јавното здравје. Вечерва на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман против возрасните форми на комарци. Активностите продолжуваат и во наредните денови. Согласно издадените налози, на 20 август ќе се спроведе […]

Судот го блокира планот на Трамп за преместување на седиштето на ФБИ


Американски федерален судија го блокираше планот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за преместување на седиштето на ФБИ во канцелариска зграда во Вашингтон. Судот вчера пресуди дека администрацијата незаконски го отфрлила претходно одобрениот план за изградба на нов комплекс во Мериленд. Станува збор за спор што трае со години, пишува Еуроњус. Локацијата во Гринбелт, […]

Параглајдерството во Фетије во фокусот на растечкиот тренд за активни одмори


Сè повеќе туристи го заменуваат класичниот одмор со патувања што комбинираат повеќе различни активности. Според најновите истражувања, 44,1 отсто од испитаниците се заинтересирани токму за ваков тип одмор. Во време кога спортот, природните убавини и авантурите стануваат важен дел од туристичкото искуство, Фетије во Туркије нуди токму таква комбинација, со параглајдерството како една од најголемите […]

Неизвесен настапот на Синер на УС опен


Италијанскиот тенисер Јаник Синер може да се повлече од Отвореното првенство на САД поради повреда на коленото, објави „Газета дело Спорт“. Дваесет и петгодишниот тенисер се врати во Торино во понеделник, каде што го започна закрепнувањето од повредата на коленото и го одржа својот прв затворен тренинг.  Синер ќе биде подложен на нов преглед, по […]

Цела држава во ризик од пожари


Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на државата е во зона со висок ризик од пожари (портокалова боја). Исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден метеоролошки индекс на пожар (жолта боја), соопшти Центарот за управување со кризи. Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од […]

Безбедна за пиење е водата во Скопје


Водата на скопската територија е безбедна за пиење, покажал неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењ -, соопшти утрово Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Извештајот е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој од 10 до 14 август зел 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци […]

Најмалку десет жртви во последните руски напади врз Харковската област


Најмалку десет лица загинаа, а осум се ранети во руски ракетен напад врз село во североисточната украинска Харковска област, соопшти шефот на регионалната воена администрација, Олег Синегубов. Во нападот врз селото Печенеги се оштетени десет приватни објекти, кафуле, поштенскиот клон, продавница и најмалку седум автомобили, напиша Синегубов на социјалната мрежа „Телеграм“. Властите продолжуваат со проценка […]

Над 3.200 тони ѓубре собрано во Скопје последната седмица


Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа 3.200 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. Во истиот период се отстранети 675 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад […]

Почина Ведрана Рудан – жената со остар јазик


Хрватската писателка, новинарка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст, по долга и тешка борба со ракот. Веста за нејзината смрт за хрватскиот портал „Шоубаз“ ја потврдиле извори блиски до неа.   Утрово, на официјалниот профил на Рудан беше објавена кратка порака која навести дека таа починала. „Ведрана отиде на подрачје без сигнал“, стои во објавата.   Набргу […]

Унгарска вечер на „Охридско лето“ со уметничките Ноеми Салаи и Александра Балог


Музичката програма на годинешното 66. издание на „Охридско лето“ продолжува со Унгарската вечер и целовечерниот концерт на кларинетистката Ноеми Салаи и пијанистката Александра Балог. На концертот ќе бидат изведени дела од Роберт Шуман, Мате Бела, Золтан Кодај, Реже Кокаи и Бела Барток, со што публиката ќе има можност да проследи програма во која се преплетуваат […]

Армијата го слави 34. роденден со најдинамична трансформација и модернизација и потврдена борбена готовност


Армијата денеска одбележува 34 години од формирањето како модерна, современа и целосно интероперабилна сила во рамките на евроатлантскиот безбедносен систем. Преку учеството во меѓународни мисии, забрзаната модернизација и исполнувањето на НАТО-стандардите таа ја потврдува својата улога како доверлив НАТО-сојузник и важен фактор во регионалната безбедност, но пред се, посветена на својата основна мисија – заштита […]

Младински оркестар на Западен Балкан со маестрален концерт на „Охридско лето“


Во извонедниот амбиент на Долни Сарај синоќа беше реализиран уште еден од низата успешни концерти од музичката програма на „Охридско лето“. Овојпат, главни актери беа младите музичари од регионот, обединети во Младинскиот оркестар на Западен Балкан.Вкупно 75 врвни инструменталисти-членови на оркестарот, под диригентската палка на маестро Десар Сулејмани, музицираа со фантастична  мотивираност, ослободувајќи моќна творечка […]

Завршен концерт од Интернационалниот семинар на виолинистот Перцан и пијанистката Гулијевa на „Охридско лето“


Македонскиот виолинист со интернационална кариера Емилио Перцан заедно со пијанистката Тамила Гулијева изминатите денови во Охрид го водеа Меѓународниот семинар за виолина, виола и камерна музика, а крајот на семинарот беше означен  вчера со завршен концерт на учесниците во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Годинава на  семинарот учествуваа 11 млади од Украина, Словенија, Перу, Србија, […]

Москва и се закани на Велика Британија со „последици“ поради британските дронови користени за напади на руска територија


Лондон– Русија предупреди за „последици“ по Велика Британија по извештаите за употреба на британски дронови за напади врз цели длабоко на руска територија. Украина во рамки на таканаречената кампања за „длабоки удари“  користела дронови произведени од две британски компании, објави лондонскиот весник „Сандеј тајмс“. Киев годинава ги засили нападите врз Русија, при што ракети со […]

Дел од Илинден без струја


 Без електрична енергија денеска од 06.00 до 13.00 часот, ќе бидат корисниците од населба Белви, соопшти РЦУК Скопје. Струја во истиот период ќе немаат и објектите на мотел Белви и Чеза Комерц во општина Илинден.

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места


На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување кандидати за запишување на студии во прва година. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за бруцоши во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври.  Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, […]

НАТО тврди дека го следи развојот на руските бази за дронови со голем дострел


Брисел –    НАТО „внимателно ги следи руските воени активности, вклучувајќи ги и нивните капацитети за удари со голем дострел и беспилотни летала“, изјави денеска неименуван портпарол на НАТО за британскиот весник „Индипендент“. Ова беше кажано по истрагата на друг британски весник, „Телеграф“, која откри нови бази што и овозможуваат на Москва да лансира беспилотни летала […]

Канада се подготвува за американски царини од 50 проценти, бидејќи преговарачите се далеку од договор


Oтава –  Канада се подготвува за нов бран од 50 проценти американски царини што треба да стапат на сила в среда, бидејќи преговарачите од двете земји се уште се далеку од постигнување трговски договор. Новите царини ќе бидат насочени кон канадски увоз вреден речиси 20 милијарди долари, или околу 5,2 проценти од вкупниот американски увоз […]