Мистериозни купувачи масовно грабаат стари книги: Веројатно компаниите за ВИ стојат зад тоа


Продавците на книги од втора рака во Велика Британија и Ирска во последните месеци добиваат необични нарачки за стотици, па дури и илјадници, сосема неповрзани наслови. Купувачите плаќаат полна цена и не бараат попусти, а меѓу продавачите на книги расте сомневањето дека книгите завршуваат кај компании кои ги скенираат за да ја користат нивната содржина […]

Словенија ќе набави 3.000 ракети земја-воздух


Словенечкото Министерство за одбрана објави јавен тендер за набавка на 3.000 ракети воздух-земја што ќе ги користат воздухопловните сили на словенечката армија. Првите 1.500 парчиња треба да бидат испорачани во 2028 година, а преостанатите 1.500 една година подоцна. Станува збор за ракети со дострел од околу 3.000 метри, наменети за директна огнева поддршка на копнените […]

Цените на нафтата скокнаа откако истече примирјето меѓу САД и Иран, а Трамп му се закани на Оман


Цените на нафтата повторно пораснаа откако двомесечниот прозорец за преговори за мировен договор во војната меѓу САД и Израел против Иран истече во понеделник, без крај на конфликтот на повидок. Иран во понеделник изјави дека ќе заземе поагресивен став ако разговорите со САД не успеат, додека Доналд Трамп побара од Техеран „да го крене белото […]

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе


Податоците поврзани со 1,2 милиони луѓе и 200.000 компании се украдени во голем кибер напад, објавија денеска властите во Летонија. Податоците како што се имиња, детали за плаќање, регистарски таблички на возила и адреси наводно биле украдени во напад извршен минатата недела. Се уште не е јасно кој стои зад инцидентот. Премиерот Андрис Кулбергс изјави […]

Во Албанија отпишани 410 милиони евра заостанати долгови на 204.413 даночни обврзници


До 31 јули годинава над 204 илјади даночни обврзници имаа корист од процесот на бришење на даночните обврски, со вкупна вредност од 410 милиони евра. Според Генералниот директорат за даноци, процесот продолжува автоматски за  даночните обврзници, во согласност со одредбите од Законот „За отпишување и гаснење на даночни обврски кон централната и локалната даночна администрација […]

ЦУК: До 18 часот 11 активни пожари, а три под контрола


До 18:00 часот денеска регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни, три се под контрола, а 13 се изгаснати – информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).  Активни се пожарите во: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Зелениково: с. Добрино […]

Утре без струја дел од Сопиште и Ѓорче Петров


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 13:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Христо Татарчев“ во близина на автопералната во Општина Сопиште. Во периодот од 11:30 […]

Зеленски ги номинираше Андриј Сибига за министер за надворешни работи и Евген Хмара за министер за одбрана


Киев –    Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги достави до Врховната рада номинациите на Андриј Сибига за функцијата министер за надворешни работи на Украина и на Евген Хмара за функцијата министер за одбрана на Украина. Со одобрение на претседателот Зеленски, владата вчера го назначи Евген Хмара за вршител на должноста министер за одбрана.Хмара претходно беше […]

Благој Гугинов деветти во Европа, Општина Велес ќе го поддржи неговиот настап на Европскиот куп


Седумнаесетгодишниот велешки кајакар Благој Гугинов, член на Кајак кану клубот „Арка-Борец“, постигна историски успех на Европското првенство за јуниори во кајак на диви води, што се одржа изминатиот викенд во Грандтули, Шкотска. Гугинов во конкуренција на 39 натпреварувачи од 19 европски земји обезбеди пласман во големото финале, каде што го освои деветтото место, со што […]

Од плажа на Халкидики отстранети околу 100 нелегално поставени лежалки и чадори


Атина – Околу 100 чадори и лежалки, нелегално поставени, фиксирани и заклучени на плажата Геракини помеѓу првиот и вториот крак на Халкидики, утрово во акција на општина Полигирос биле отстранети и пренесени во погон за рециклирање, јави дописничката на МИА од Атина. Од општината информираа дека лежалките и чадорите зафаќале делови од плажата и го […]

Најголемото дуо на сите времиња се врати на Билборд по 45 години


Една од најпознатите соработки во рок историјата се врати на Билборд листите повеќе од четири децении откако беше снимена. Песната на Квин и Дејвид Боуви „Under Pressure“, објавена во 1981 година, се врати на Билборд листата за стриминг песни на Хард Рок и се најде на 24-то место, пишува Parade. Ова е уште еден доказ […]

Францускиот филм и мода во жалост: Загинаа Николас Алтмаер и Матилда Фавиер


Николас Алтмаер, еден од највлијателните француски филмски продуценти, и неговата партнерка Матилд Фавиер, директорка за односи со јавноста во модната куќа Диор, загинаа во сообраќајна несреќа во понеделник. Двојката, која го отелотворуваше успехот на француското кино и мода, загина во департманот Де-Севр, а веста ја потврдија во вторник нивните блиски пријатели, објавува „Ле Фигаро“. Детали […]

Русите од страв повлекуваат милијарди од банките


Москва – Речиси 3,4 милијарди долари (286,4 милијарди рубљи) беа повлечени во првите две недели од август, покрај 7,3 милијарди долари повлечени во јули и повеќе од 4,5 милијарди долари во јуни, покажаа податоците од руската централна банка. Парите се одлеваат од банките со рекордно темпо поради интензивирањето на украинските напади со беспилотни летала и […]

ВЛЕН тврди: Блиските на Груби тргнаа против ДУИ


ВЛЕН тврди дека „вечниот Ахмети“ повторно ја игра старата двојна игра. Од една страна, демек го спасува Артан Груби од притвор, а од друга страна преку Артан му ја мести ногата на Бујар. -Веќе подолго време се шушка дека Бујар Османи зад затворени врати порачува оти Али треба да се повлече за ДУИ повторно да […]

Во Калифорнија започнува историското судење против „Мета“ за создавање зависност од социјалните мрежи кај децата


Компанијата „Мета“, сопственик на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, се соочува со историска судска тужба во процесот што денеска започнува пред судот во сојузната американска држава Калифорнија, откако адвокатите на двете страни ги соочија аргументите околу клучните сведоци и висината на потенцијалната отштета. Коалицијата од американски сојузни држави ја поднесе тужбата уште во 2023 година, […]

Alpac Capital стана сопственик на медиуми и во Хрватска


UNITED Group објави дека е завршен процесот на продажба на Adria News d.o.o. Загреб, во рамките на која работи N1 Hrvatska, на инвестициската компанија Alpac Capital. Ова доведе до промена на сопственичката и управувачката структура на компанијата, а започна и процесот на назначување нови директори. „Промената на сопственоста не влијае на уредувачката политика и секојдневната […]

„Епл“ ги менува упатствата за следење по притисокот од Германија и ЕУ


„Епл“ ги менува своите упатства за следење на апликациите за ајфон во европските земји по критиките од регулаторите за конкуренција и отпорот од рекламната индустрија, со што завршува истрагата на германската Федерална канцеларија за картели. Упатствата им овозможуваат на корисниците да спречат апликациите да собираат податоци за нивната активност на други услуги за рекламни цели. […]

Ѓорѓиевски: Исплатена финансиска поддршка за сите онколошки пациенти кои ги исполнија условите


 Сите онколошки пациенти кои побарале финансиска помош и ги исполниле условите за поддршка се исплатени, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој информира дека на јавниот повик аплицирале повеќе од 1.200 онколошки пациенти, при што повикот сè уште е отворен и заинтересираните граѓани можат да аплицираат. -Заедно кога е најпотребно – сите онколошки пациенти […]

Европската Унија останува главен трговски партнер на Албанија


Европската Унија (ЕУ) останува главен трговски партнер на Албанија, со учество од 53,6 проценти од вкупната трговија на земјата во јули, соопшти албанскиот  институт за статистика (ИНСТАТ). Податоците, исто така, покажуваат дека 68,4 проценти од албанскиот извоз во јули бил наменет за земјите од ЕУ. Во исто време, увозот од земјите од ЕУ учествувал со […]

Дизни: Администрацијата на Трамп води кампања за одмазда против ABC


Дизни поднесе тужба за да ги заштити своите телевизиски станици на ABC од она што го тврди дека е кампања за притисок од страна на администрацијата на Трамп. Медиумската компанија поднесе тужба во федералниот суд во вторник, тврдејќи дека Федералната комисија за комуникации (FCC) на Трамп ги крши нејзините права загарантирани со Првиот амандман од […]