Се предлага продолжување на автобуската линија „35“ до Радишани, за бутелчани да се поврзат со Аеродром


Фото: Б. Грданоски

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека во изминатиов период до него стигнале повеќе предлози за продолжување на автобуската линија број 35, која во моментов сообраќа на релација Железничка станица – Ново Лисиче – Железничка станица Скопје Север.

Предлогот, како што вели Костовски, бил оваа линија да продолжи до Радишани, со што Општина Бутел би добила директно автобуско поврзување со друг дел од градот, пред сè со Аеродром и Ново Лисиче.

„Пред да преземеме понатамошни чекори, сакам да го слушнам и вашето мислење. Ве повикувам во коментарите да ги споделите вашите мислења, предлози и сугестии за продолжување на линијата број 35 до Радишани“, ги повика градоначалникот граѓаните на Бутел.