Возило удри во автобуска постојка на Бит Пазар


Според фотографиите од местото на настанот, во несреќата учествувал патнички автомобил кој претрпел големи оштетувања, особено во предниот дел. Возилото подоцна било подигнато со шлеп-служба.

Од силината на ударот била урната и конструкција на автобуска постојка поставена покрај улицата, а на тротоарот и околу местото на несреќата останале расфрлани делови од возилото и од оштетениот објект, објави 4news.mk

Засега нема официјални информации за тоа како точно дошло до несреќата, ниту дали и колку лица се повредени.

Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.