Дел од Ново Лисиче добива нов систем за полевање, кај стадиончето „Никола Христовски – Кољо“


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во активностите за поставување нов систем за полевање во Ново Лисиче, спроти паркот „Авионче“, околу Спортскиот терен „Никола Христовски – Кољо“. Овој простор за првпат добива современ систем, со кој се обезбедуваат подобри услови за одржување на тревниците и на зелените површини.

Системот ќе биде во должина од околу 2,5 km и ќе опфаќа повеќе од 300 прскалки, со што ќе се овозможи редовно, рамномерно и поефикасно полевање на зеленилото.

Овој простор е едно од омилените места за престој и рекреација на жителите на Ново Лисиче.

Секојдневно го посетуваат голем број деца, родители и возрасни, а покрај спортското, тука се наоѓа и детско игралиште. Затоа, грижата за овој простор и неговото уредување имаат особено значење за сите генерации.