Контејнери за кабаст отпад поставени на осум локации во Гази Баба


До 23 август, на територијата на Општина Гази Баба се поставени контејнери за одлагање кабаст отпад, информираат од ЈКП „Гази Баба 2007“.

Контејнерите се достапни на осум локации – во Ергеле, Трубарево, Скопско Поле, Јурумлери, Колонија, Идризово и Дрма.

Од јавното претпријатие апелираат граѓаните навремено да го одлагаат кабастиот отпад и тоа исклучиво во поставените контејнери, со цел да се спречи создавање диви депонии и оставање отпад на јавни површини.

Акцијата е насочена кон одржување на почиста и поуредна животна средина во населените места на територијата на Општина Гази Баба.