Кос: Во ЕУ има место за сите земји од Западен Балкан


Еврокомесарката за проширување Марта Кос пред денешната седницата на министрите за надворешни работи во Брисел, истакна дека во ЕУ има место за сите држави од Западен Балкан. Очекувам сите овие земји цврсто да останат на патот кон ЕУ, наведе Кос. Според неа, се дискутира можноста за постепено пристапување, вклучувајќи не само единствениот пазар, туку и […]

70. Евросонг почна на тиркизен килим во Виена (фото)


 Виена – Со дефилето на 35. учесници по тиркизниот килим на Евросонг во центарот на Виена, вчера попладне, свечено е отворена годинешната 70.Песна за Евровизија, кое ќе заврши во сабота. Kако еден вид симболично „кревање на завесата“ дизајнирана да одговара на обемот, спектаклот и духот на најголемиот светски музички настан во живо. Во срцето на […]

Мајка во САД уапсена затоа што го истетовирала својот син (1). „Самиот сакаше“


Жена од Кентаки е уапсена под обвинение за злоупотреба на деца откако го истетовирала својот едногодишен син во својот дом. Полицијата на државата Кентаки реагирала на пријава за злоупотреба и пронашла траги од мастило за тетоважа на раката на момчето, објавува „Унилад“. Брук Мекданиел, 27, била уапсена пред една недела откако полицајците го посетиле нејзиниот […]

Нетанјаху за Си-би-ес: Сакам да го одвикнам Израел од американската воена помош


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се надева дека ќе го одвикне Израел од американската воена помош во рок од една деценија, бидејќи неговата земја се стреми да ги зајакне врските со земјите од Заливот, рече тој во вчера објавено интервју за американската телевизиска мрежа Си-би-ес. „Сакам да ја намалам на нула американската финансиска поддршка, финансиската компонента […]

Меси емотивно ѝ честиташе на Барселона за освојувањето на 29-тата титула шампион на Шпанија


Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лео Меси, можеби е илјадници километри оддалечен од Барселона, но неговото срце е сè уште во тој клуб. Имено, веднаш по завршувањето на натпреварот против Реал, Меси објави на Инстаграм шампионска фотографија од играчите на Барса со тренерот Ханси Флик и им ја честиташе титулата. „Campeones!!! Visca el Barca!!“, додаде […]

Во Бангладеш од 15 март регистрирани 344 смртни случаи на деца од мали сипаници


 Вкупно 344 деца починале од почетокот на епидемијата на мали сипаници во Бангладеш во март оваа година, а бројот на случаи продолжува да расте, соопштија здравствените службеници во земјата, цитирани од ДПА. Од 344 деца кои починале од 15 март, кај 65 е потврдена инфекција со мали сипаници, додека останатите имале симптоми. Генералниот директорат за […]

Дел од Кисела Вода денеска без струја


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 8:30 до 14:30 часот, дел од улицата Јустиниан Први, општина Кисела Вода.

Мавровско Езеро во пресрет на Светското првенство порибено со два тона крап


 Во рамки на подготвителните активности за Светското првенство во спортски риболов на крап, вчера беше извршено порибување на Мавровското Езеро со 2.000 килограми крап, информираат од националниот парк „Маврово“. Воедно, ЈУНП „Маврово“ ги известува сите спортски риболовци дека од денес стапува во сила забрана за лов на крап, која ќе важи во наредниот период, односно […]

Кристијан Шмит поднесе оставка од функцијата висок претставник во БиХ


Кристијан Шмит вчера потврди дека поднел оставка од функцијата висок претставник во Босна и Херцеговина, а претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), владејачката партија во Република Српска (РС), Милорад Додик, кој беше во постојан конфликт со него, рече дека неговата оставка е потврда дека РС е неуништлива. Германскиот дипломат поднесе оставка по речиси пет […]

Вкупно 94 патници досега евакуирани од бродот „Хондиус“ зафатен од смртоносниот хантавирус


Мадрид – Вкупно 94 патници и членови на екипажот досега се евакуирани од крузерот „Хондиус“ зафатен од смртоносниот хантавирус. Како што соопшти шпанската министерка за здравство, Моника Гарсија, станува збор за државјани на 19 земји, кои вчера со осум специјални лета ги напуштиле Канарските Острови. За денеска е најавена евакуација на уште шест лица за Холандија […]

Флик ја предводеше Барса и покрај смртта на татко му. Еве што кажа по освојувањето на титулата


Тренерот на Барселона, Ханси Флик, доживеа ден исполнет со најдлабока тага и најголема професионална радост. На денот на Ел Класико, во кој неговиот тим ја обезбеди титулата во лигата со победа од 2-0 над Реал Мадрид, почина неговиот татко. Тоа беше тежок удар за германскиот стратег, чија тага беше испреплетена со еуфорија поради освојувањето на […]

Концерт на млади виолинисти во Струмица


Фестивалот на млади виолинисти „Виолин фест“ и оваа година продолжува да биде место каде талентот станува уметност и каде младите виртуози ја слават музиката. Започнувајќи ја својата мисија со работилница и презентација во музичкото училиште во Прилеп, продолжува денеска со концерт во музичкото училиште „Боро Џони“ во Струмица, каде ќе блеснат 17 виолинисти – ученици […]

Иран го отфрли мировниот план на Трамп, бара репарации и целосен суверенитет врз Ормуската Теснина


Техеран – Иранските државни медиуми објавија дека иранското раководство го одбило предлогот на САД за прекин на војната на Блискиот Исток бидејќи претставувал повик за предавање на Техеран. Прифаќањето на предлогот би значело дека Исламската Република ќе се покори на „прекумерните барања“ на американскиот претседател Доналд Трамп, рано утринава коментираше Press TV, радиодифузер поврзан со […]

Поранешниот градоначалникт на Истанбул Екрем Имамоглу повторно пред суд


Истанбул – Во Истанбул денеска започнува ново судење против поранешниот градоначалник Екрем Имамоглу, кој се смета за можен противкандидат на актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган. Имамоглу заедно со уште три лица се товарат дека се извршители на кривично дело „политичка шпионажа“. Според обвинението, Имамоглу, неговиот советник за кампањи Неџати Озкан, бизнисменот Хусеин Гун и […]

Барселона е шампион на Шпанија


Барселона е новиот шампион на Шпанија. Во Ел Класико одиграно синоќа на Камп Ноу, каталонскиот тим го победи Реал Мадрид со 2-0 и со тоа математички ја обезбеди шампионската титула со победа против својот најголем ривал. Натпреварот беше обележан и со лична трагедија за тренерот на Барселона, Ханси Флик, чиј татко почина во пресрет на […]

Променливо облачно со сончеви периоди, а попладне краткотраен пороен дожд, грмежи и ветер


Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе достигнува брзина од над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 11 мај 2026 година, 131-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 234 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 18 минути, а ќе зајде во 19 часот и 43 минути. Денов трае 14 часа и 25 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Берлин: Шредер е неприфатлив, но Штајнмаер би можел да биде медијатор за Украина


Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот германски канцелар Герхард Шредер да биде посредник за решавање на војната во Украина, е неприфатлив за Владата во Берлин, која како потенцијален преговарач го преферира претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, објави денеска весникот „Шпигел“, повикувајќи се на извори во владејачката коалиција. Според „Шпигел“, како идеја не се исклучува и заедничко […]

Летонскиот министер за одбрана поднесе оставка откако два украински дрона погодија складиште за нафта


Министерот за одбрана на Летонија Андрис Спрудс денеска поднесе оставка откако две украински беспилотни летала во четвртокот прелетаа од Русија и погодија складиште за нафта. Претходно денеска, летонската премиерка Евика Силиња побара негова оставка, велејќи дека системите против беспилотни летала не биле распоредени и активирани доволно брзо.

СЗО препорача 42 дена карантин за евакуираните од крузерот со хантавирус


Првата група патници евакуирани од крузерот „МС Хондиус“, на кој се појави зараза со хантавирус, пристигнаа во Мадрид. Четиринаесет шпански државјани со чартер-лет од Тенерифе беа пренесени во главниот град, каде што ќе бидат сместени во задолжителен карантин во воена болница.   Пред качувањето во авионот во Тенерифе, персоналот ангажиран во операцијата им облече на […]