Анчелоти: Нејмар може да оди на Светското првенство ако е 100 проценти подготвен, тоа не е случај во моментов


Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, одговори на прашањето за причините за изоставувањето на Нејмар од националниот тим. Нејмар не доби повик за настап на пријателските натпревари против Франција (26 март) и Хрватска (1 април). – Нејмар може да оди на Светското првенство ако е 100 проценти подготвен. Зошто не го повикав Нејмар сега? Затоа […]

Македонски државјанин уапсен во Грција – со мотоцикл возел 223 километри на час, а било дозволено 110


Полицајците од Килкис уапсија едно лице кое беше фатено како управува мотоцикл со брзина од 223 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 110 километри на час, информираа од регионалната полициска дирекција на северна Грција, а според грчките медиуми станува збор за македонски државјанин, јави дописничката на МИА од Атина. Според […]

Во армиските објекти од ЈНА нема заковано ни шајка – професионалните војници наоѓаат лебарки во лебот


Независниот синдикат на професионални војници тврди дека додека се промовираат реновирани објекти во касарната „Јане Сандански“ во Штип, професионалните војници во најголем дел престојуваат во руинирани објекти кои, според синдикатот, потекнуваат уште од времето на поранешната ЈНА и со децении не се обновени. Од синдикатот велат дека министерот си нарачува ПР кампања по касарните за […]

Снежна бура приземји 12.500 авиони во САД – „Ла Гвардија“, „Џон Ф. Кенеди“ и „Њуарк“ најпогодени


Силно невреме што го зафати Источното крајбрежје и други делови на САД предизвика хаос во авионскиот сообраќај, при што беа одложени или откажани повеќе од 12.500 летови. Според Федерална управа за воздухопловство (FAA), најголеми проблеми имало на аеродромите во регионот на Њујорк – „Ла Гвардија“, „Џон Ф. Кенеди“ и „Њуарк“, како и на Националниот аеродром […]

Трамп бара од морнарицата да го направи невозможното: Одбраната на танкерите во Ормуз е како играта „Потопување бродови“


Најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека американската морнарица ќе го деблокира Ормускиот теснец и ќе обезбеди сообраќај на танкери и извоз на нафта од регионот е задача што ќе биде тешко да ја изврши дури и најсилната морнарица во светот. Кога во средината на 1987 година, во војната меѓу Ирак и Иран, двете страни […]

„Бенк оф Америка“ постигна спогодба во тужбата за случајот поврзан со Епштајн


Американската банка „Бенк оф Америка“ (БофА) постигна начелна спогодба во граѓанската тужба поднесена од жени кои ја обвинуваат банката дека овозможила финансиски трансакции поврзани со сексуалната злоупотреба извршена од осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, покажува денеска објавената судска документација. Адвокатите на банката и на жените кои ја поднесоа тужбата му пренеле на судијата на Окружниот […]

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител утре на собраниска седница


Собранието утре треба да се изјасни за предлогот Ненад Савески да биде избран за нов државен јавен обвинител. Савески, кој моментално е судија во Основниот кривичен суд – Скопје, беше номиниран од Владата на 10 март, а за да ја добие функцијата потребни му се најмалку 61 пратенички глас. Неговата кандидатура следува по оставката на […]

Иран во преговори со ФИФА за преместување на натпреварите од СП 2026 година од САД во Мексико


Техеран – Иранската фудбалска федерација побара од Светската фудбалска федерација (ФИФА) да ги премести натпреварите од групната фаза на Светското првенство во 2026 година од САД во Мексико. – Бидејќи Трамп јасно стави до знаење дека не може да ја гарантира безбедноста на иранската репрезентација, дефинитивно нема да патуваме во САД. Во преговори сме со […]

Амнести Интернешнел: САД го прекршија хуманитарното право во војната со Иран


Вашингтон– САД го прекршија меѓународното хуманитарно право со тоа што не ги презедоа сите можни мерки за да го спречат страдањето на цивилите за време на војната со Иран, се наведува во денеска објавениот извештај на меѓународната невладина организација за човекови права Амнести Интернешнел (АИ). Во извештајот, АИ ги обвини американските сили за напад врз […]

Џејн Фонда со забелешка за Оскарите: „Снимив четири филмови со Редфорд, Барбра еден“


Лос Анџелес – Џејн Фонда на шега коментираше за изборот на Барбра Стрејсенд да му оддаде почит на Роберт Редфорд на Оскарите. Стрејсенд (83) зборуваше за својата колешка на сцената како дел од сегментот „Во спомен“, но Фонда (88), која сними четири филмови со Редфорд, верува дека имала повеќе да каже. Шега-забелешка на забавата по […]

Реза Пахлави основа Комитет за транзициска правда во Иран


Вашингтон – Реза Пахлави, син на последниот шах на Иран, кој инаку живее во егзил во Соединетите Американски Држави, соопшти дека основал Комитет за транзициска правда предводен од добитничката на Нобеловата награда за мир за 2003 година, Ширин Ебади. „Денес, со гордост и посветеност кон правдата за секој од вас, основав Комитет задолжен за изработка на […]

Американската амбасада во Багдад нападната со беспилотни летала


Багдад – Ракети и најмалку пет беспилотни летала денеска биле лансирани врз американската Амбасада во Багдад од областите околу градот, соопштија ирачки безбедносни извори, опишувајќи го нападот како најинтензивен од почетокот на американско-израелската војна со Иран. Британските медиуми објавија дека неименувано лице видело најмалку три беспилотни летала како се движат кон амбасадата и дека системот за […]

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ со нови сведоци на Обвинителството


Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство  денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште пред Судот беа сослушани двајца сведоци. Сведокот Трајче Димишковски, кој од 2023 до август 2025 година бил дел од […]

Таксистите во Грција започнаа штрајк на неодредено време


Атина – Таксистите во цела Грција, организирани од нивната федерација утрово започнаа штрајк, што ќе трае во следните денови, односно, како што соопштија, сè додека во Парламентот на надлежната комисија се разгледува новиот закон од Министерството за транспорт за кој имаат низа несогласувања, јави дописничката на МИА од Атина. Засега не е точно одредено колку […]

Македонските граѓани се повеќе ги користат услугите на е-влада, но се уште сме далеку под просекот во ЕУ


Во 2025 година, 71,9% од луѓето во ЕУ на возраст од 16 до 74 години користеле веб-страници или апликации на јавни органи, што претставува зголемување од 1,9 процентни поени во споредба со 2024 година, покажуваат податоците на Евростат. Во Македонија 32,32 проценти од граѓаните користеле услуги на е-влада. Најчести услуги на е-влада што ги користеле […]

Уште една група македонски граѓани денеска треба да бидат евакуирани од Блискиот Исток


Уште еден лет за евакуација на граѓани на релација Дубаи – Скопје се очекува да се реализира денеска. Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати во неделата ги извести сите македонски држајани кои во моментов се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати, дека во вторник ќе се реализира уште еден лет. -Имајќи предвид дека се финализираат подготовките […]

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната од 11 до 15 степени. Во Скопје, претпладне облачно, а попладне […]

Астрономски календар


Денеска е вторнии, 17 март 2026 година, 76-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  289 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 43 минути, а ќе зајде во 17 часот и 42 минути. Денов трае 11 часа и 59 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]

Завршија попустите: Цената на руската нафта во Индија стигна до 100 долари


  Војната во Иран и олеснувањето на американските санкции станаа „златен рудник“ за руските нафтени компании. Цената на руската нафта „Урал“ во индиските пристаништа во петокот, 13 март, достигна рекордни 98,93 долари за барел, објави Блумберг, повикувајќи се на податоци од „Аргус“. Од 27 февруари, кога САД и Израел ја започнаа првата серија напади на […]

Европа ослободува десетици милиони барели нафта од резервите за да го смири пазарот


Европа ќе ослободи 73 милиони барели нафтени производи и околу 35 милиони барели сурова нафта од своите резерви на пазарот од крајот на март, според податоците од Меѓународната агенција за енергија (IEA). Европските влади ќе ослободат 32,7 милиони барели од стратешките резерви, а компаниите 74,7 милиони барели нафта и нафтени производи, објави IEA во неделата. […]