Промоција на публикацијата ,,Модули за мировно образование во средното образование”


Првата детска амбасада во светот Меѓаши денеска ќе ја промовира публикацијата „Модули за мировно образование во средното образование”.  Од Меѓаши информираат дека модулите за мировно образование се резултат на повеќегодишната работа на организацијата, пред и во рамки на програмата за мировно образование, како дел од заложбите за градење на мирот и ненасилството, како и унапредување […]

СБ на ОН ја усвои американската резолуција за примирје и ослободување на заложниците во Газа


Советот за безбедност на ОН усвои американска резолуција што го поддржува последниот предлог на Израел за прекин на огнот и ослободување на заложниците, и го повикува палестинскиот Хамас да ја прифати понудата. Вкупно 14 членки на Советот за безбедност на ОН гласаа за резолуцијата, ниту една против, додека Русија беше воздржана. Израел минатата недела го […]

Панел-дискусија во Скопје за промени во здравството


 Панел-дискусија насловена „Ни „ваши“, ни „наши“ – реформа за поддршка на стручните лекари“, ќе се одржи попладне во „Европска куќа“ во Скопје. Станува збор за настан во рамки на пошироката иницијатива на граѓанската сила „Замисли“ за системски промени во здравството, информираат организаторите преку соопштение до медиумите. Најавено е воведно ообраќања на евроамбасадорот Дејвид Гир. 

Нова влада до 20 јуни, објавени дел од имињата на министрите


Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата Вреди и ЗНАМ  се очекува да биде формирана на 19 или 20 јуни, најави Изет Меџити од Вреди, објавувајќи дел од имињата на идните функционери од оваа коалиција. Покрај за поделбата на ресорите во новата влада и имињата на министрите, во фокус на јавноста останува двотретинското мнозинство што за […]

Незаконски разрешувањата на директорите на Токсикологија и Кардиохирургија, се чека решение за хируршките сали


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) најави дека до надлежните органи ќе покрене иницијатива за одговорност на министерот за здравство Илир Демири, откако ги прифати пријавите оти се неосновани разрешувањата на директорите на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски и на Клиниката за кардиологија, Марјан Шокаровски.   ДКСК констатираше дека со двете одлуки на Демири, прекршени […]

Сончево и топло, температура до 39 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во […]

Без струја делови од Центар и Карпош


 Без електрична енергија денеска ќе останат делови од скопските општини Карпош и Центар, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Како што појаснуваат, добиено е известување од „ЕВН“, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, од девет до 11 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците околу „Стоп ен гоу“ (Stop & […]

Пронајдено е телото на исчезнатото 11-годишно девојче од Грција- вујко ѝ ја убил


Василики Николопулу (11), која исчезнала вчера вечер во 21 часот и 10 минути, била пронајдена мртва, избодена со нож во вратот, а роднината на девојчето наводно го признал делото. Девојчето исчезнало вчера вечер од месноста Миртија во Пиргос, а денеска била пронајдена во месноста Катарачи со убодни рани на вратот. 11-годишното девојче било пријавено за […]

Украинска армија: Руски воен брод гори во Баренцовото Море


Рускиот воен брод „Адмирал Левченко“ гори во Баренцовото Море откако му се расипал моторот и се запалил, соопшти денеска Дмитро Плетенчук, портпарол на јужните одбранбени сили на украинската војска. Плетенчук на Фејсбук напиша дека бродот со неколку стотици членови на екипажот е во тешка ситуација. Тој додаде дека дефектот на моторот настанал поради санкциите воведени […]

Блинкен се сретна со Нетанјаху


Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска во Ерусалим се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху како дел од тековните напори за постигнување прекин на огнот во војната во Газа. Беа планирани и разговори со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант. Утре наутро Блинкен треба да се сретне со израелскиот претседател Исак Херцог. Блинкен претходно денеска […]

Фото-провокација: Покажете ни го Скопје во поубаво светло!


Утописки, надреални сцени може да забележаите ако сакате, со само една кратка прошетка во строгиот центар на главниот град – по кејот на Вардар и плоштадот „Маледонија“. Ваков е погледот кон кулите во изградба спроти хотелот „Холидеј Ин“, ако се шетате по кејот на Вардар. Суво дрво, исчкратн потпорен ѕид и скудна ограда по пристапната […]

Фискалните дефицити на САД и Кина претставуваат значителни глобални ризици, предупредува ММФ


Гита Гопинат, првиот заменик-управен директор на Меѓународниот монетарен фонд, ги повика САД да го намалат растечкиот фискален долг, нагласувајќи дека силниот раст на нивната економија овозможува помали трошоци и повисоки даноци. Гопинат рече дека сега е време развиените земји да „инвестираат во фискална консолидација“ и да го решат прашањето за намалување на долгот на нивоа […]

Без струја утре делови од Карпош и Центар


 Без електрична енергија утре ќе останат делови од скопските општини Карпош и Центар, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Како што појаснуваат, добиено е известување од „ЕВН“, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре од девет до 11 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците околу „Стоп ен гоу“ […]

Вечерва во Скопје измерени 30 степени Целзиусови, за утре жолт аларм


Близу 30 степени Целзиусови вечерва во 20 часот биле измерени во Скопје, односно во мерната станица на Зајчев Рид. Како што соопшти УХМР, измерена температура во 20 часот, односно најтопло вечерва е во Скопје-Зајчев Рид со измерени 29.7°C. За утре пак, прогласен е жолт аларм за Вардарскиот односно Скопскиот регион.  Сончево и многу топло со […]

Иљас Весели ќе го замени Блерим Беџети на градоначалничкото место во Општина Сарај


Откако градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети доби пратенички мандат, на неговото место до следните локални избори ќе биде Иљас Весели, советник во оваа општина. -Изразив честитки за мисијата што ја презеде г. Иљас Весели. Исто така, изразив подготвеност за безрезервна поддршка, со единствена цел Општина Сарај да ја одржи динамиката на реализација на проектите […]

Ново откритие за праисторијата: Коњите биле припитомени многу подоцна отколку што се мислело


Древната ДНК од речиси 500 коњи открива дека луѓето не биле припитомени до 2200 година п.н.е., 1.000 години подоцна отколку што се мислело. Луѓето ги припитомиле коњите 1.000 години подоцна отколку што се мислело, прво за пристап до нивното месо и млеко, а потоа и за нивните транспортни способности, сугерира новото истражување на ДНК на […]

Невреме во Неготино, нема поголеми штети


Невреме ја зафати попладнево општина Неготино, со дожд и силен ветер. Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов за МИА изјави дека според првичните информации, нема поголеми штети. – Едно дрво е уништено од невремето во центарот на градот и веднаш беше пристапено кон расчистување на теренот. Се следи состојбата и ќе се интервенира соодветно, секаде каде што […]

ЕВРО2024: Италија ја брани титулата, Шпанците и Германците рекордери


Титулата европски фудбалски првак досега ја освоиле десет репрезентации, а најуспешни се Германија и Шпанија со по три европски титули. Шпанија славеше во 1964, 2008 и 2012 година, а покрај трите титули, може да се пофали и дека е единствената што успеала да ја одбрани титулата (2008, 2012). Три европски титули има и Германија (1972, […]

Кит забележан во Јадранско Море, апел до туристите и до локалното население да не му приоѓаат


Претставници на националниот парк Мљет денеска соопштија дека добиле повеќе пријави дека во каналот Мљет меѓу Полач и Трстеник е виден кит. Тие изјавија дека немаат повеќе информации за китот, ниту пак знаат за каков вид се работи. Заедно со објавената фотографија, Националниот парк Мљет упати апел до локалното население и туристите доколку го видат […]

Македонската репрезентација со два пенали поразена од Чешка


 Македонската фудбалска репрезентација загуби од Чешка на гостински терен со 2-1 (0-0) во пријателски натпревар одигран вечерва во Храдец Кралове. Чешка, која се подготвува за настап на претстојното Европско првенство, целосно доминираше на теренот во првите 45 минути, но во предност дојде по еден час игра кога Шик го совлада Димитриевски од пенал. Македонија ја […]