Без струја утре делови од Карпош и Центар


Фото: Б. Грданоски

 Без електрична енергија утре ќе останат делови од скопските општини Карпош и Центар, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Како што појаснуваат, добиено е известување од „ЕВН“, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре од девет до 11 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците околу „Стоп ен гоу“ (Stop & Go) во Момин Поток, општина Карпош.

Додека во општина Центар, од осум до 14.30 часот, без струја ќе останат делови од булевар „Партизански одреди“, од раскрсница со улицата „Ленинова“ кон раскрсница со булеварот „Климент Охридски“, дел од улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Пиринска“.