Вечерва во Скопје измерени 30 степени Целзиусови, за утре жолт аларм


Фото: Б. Грданоски

Близу 30 степени Целзиусови вечерва во 20 часот биле измерени во Скопје, односно во мерната станица на Зајчев Рид.

Како што соопшти УХМР, измерена температура во 20 часот, односно најтопло вечерва е во Скопје-Зајчев Рид со измерени 29.7°C.

За утре пак, прогласен е жолт аларм за Вардарскиот односно Скопскиот регион. 

Сончево и многу топло со мала локална облачност вели прогнозата за утре. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. UV=8

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.