Ѓоргоски, Aчкоска, Пајазити и Шумковски добитници на наградата „Св. Климент Охридски“
Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата седница одржана на 28.10.2026 година, донесе:
О Д Л У К А
за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2026 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија
1. Во областа на воспитанието и образованието, наградата им се доделува на:
– проф. д-р Ицко Ѓоргоски, биолог;
– проф. д-р Виолета Ачкоска, историчар;
– проф. д-р Али Пајазити, универзитетски професор.
2. Во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на:
– проф. м-р Јован Шумковски, ликовен уметник.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2026 година (вторник) во 11 часот, во Свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.