Промоција на публикацијата ,,Модули за мировно образование во средното образование”


Првата детска амбасада во светот Меѓаши денеска ќе ја промовира публикацијата „Модули за мировно образование во средното образование”. 

Од Меѓаши информираат дека модулите за мировно образование се резултат на повеќегодишната работа на организацијата, пред и во рамки на програмата за мировно образование, како дел од заложбите за градење на мирот и ненасилството, како и унапредување на процесот на учење за мир.

– Нашата заложба е материјалот со понудените модули да претставува чекор напред кон воведување и реализирање на мировното образование во наставните планови и програми или животот и работата на училиштата, велат од Меѓаши.