„Виза“ и „Мастеркард“ завршија на суд поради високи надоместоци


Американските компании за кредитни картички „Виза“ и „Мастеркард“ се соочуваат со колективна тужба од трговци во Британија поради надоместоци за обработка на плаќањата по построга регулаторна контрола и спорови во САД. „Виза“ и „Мастеркард“ долго време доминираа на пазарот за платежни картички, што го привлече вниманието на британските пратеници и предизвика бран барања за построг […]

Исчезна воен хеликоптер со потпретседателот на Малави и уште девет патници


Јавноста во Малави стравува дека потпретседателот на земјата Саулос Чилима можеби загинал кога неговиот хеликоптер принудно слетал во шумата Чикангава и не слетал на аеродромот Мзузу поради неповолни временски услови. Порталот Малави24 јави дека потпретседателот Чилима бил во хеликоптерот на вооружените сили на Малави со кој патувал на погребот на адвокатот Ралф Касамбаре, пренесува Зимабабве […]

Анчелоти ја повлече својата изјава, Реал ќе настапи на Светското клупско првенство


 Тренерот на европскиот фудбалски шампион Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави попладнево дека неговите зборови во врска со евентуалното неучество на Светското клупско првенство биле погрешно интерпретирани, додека и „Кралски клуб“ објави соопштение во кое наведе дека неговото учество на турнирот никогаш не било доведено во прашање. Откако Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) значително го намали наградниот […]

Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран утре во портокалова фаза, препораки до граѓаните


Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран утре и задутре ќе бидат зафатена од високи температури од портокалова фаза, поради што Владата на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница и донесе соодветни препораки. Владата, како што е посочено во соопштението, ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно […]

Возрасните и тинејџерите се свртуваат кон „глупави“ телефони за да ја надминат зависноста од паметните телефони


Возрасните и тинејџерите се загрижени за времето кое го поминуваат користејќи ги своите паметни телефони, па се свртуваат кон „глупави“ модели. Во поставките на паметниот телефон, постои опција за прикажување на просечното време што корисникот го поминува користејќи го уредот во текот на денот, а овие податоци можат да претставуваат непријатно сознание дека она што […]

Се зголемува бројот на „зомби“ компании во светот


Анализата на Асошиетед прес покажа дека бројот на јавно тргувани „зомби“ компании – оние кои се толку оптоварени со долгови што се борат да ја платат дури и каматата на нивните заеми – се искачи на речиси 7.000 ширум светот. Таканаречените „зомби“ компании наскоро би можеле да се соочат со „ден на пресметување“, со заеми […]

„Звукот на идната генерација“ во Македонската филхармонија


Овој четврток (13.06.), Македонската филхармонија ќе го реализира традиционалниот концерт под наслов „Звукот на идната генерација“, на кој настапуваат студентите од државните факултети за музика. Под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски, заедно со оркестарот ќе настапат младите таленти: Емилија Богоевска – виола, Јана Каевска – флејта, Дарко Кулевски – хармоника, Александра Кировска – гитара, Ивана Здравкова – виолина, Нина Крагуевска – […]

Ливерпул, Барселона или Ајакс на местото на Реал на Светското клупско првенство


Ливерпул, Барселона или Ајакс би можеле да го заменат Реал Мадрид на Светското клупско првенство, објавија денеска неколку шпански медиуми. Информацијата доаѓа откако тренерот на шпанскиот првак Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави дека Кралскиот клуб ќе одбие учество на турнирот во 2025 година.  Турнирот треба да се одржи во нов формат со настап на 32 […]

Докторот кој го оперираше Ѓоковиќ: Вимблдон – речиси невозможен


Антоан Геромета, докторот кој го оперираше Новак Ѓоковиќ, истакна дека мали се шансите третиот тенисер во светот да игра на Вимблдон. Францускиот стручњак за L’Equipe истакнува дека е тешко да се предвиди како ќе се одвива опоравувањето на коленото и дека е речиси невозможно да се биде на 100 проценти за само три недели. „Во […]

Шефот на украинската агенција за обнова поднесе оставка


Шефот на Државната агенција за обнова и развој на инфраструктурата на Украина, Мустафа Најем денеска поднесе оставка. „Сам ја донесов одлуката поради системски пречки кои не ми дозволуваат да продолжам ефикасно да ги извршувам моите овластувања“, рече Најем на својот канал Телеграм. Според неговите зборови, од ноември минатата година, тимот на Агенцијата почнал да се […]

Лидерот на бугарската опозиција, Христо Иванов, поднесе оставка


  Христо Иванов поднесе оставка како лидер на партијата „Да, Бугарија“, а со тоа и на местото копретседател на коалицијата „Демократска Бугарија“, објави тој денеска на прес-конференција. Иванов рече и дека се откажува од пратеничката фотелја. Оваа одлука тој ја донесол поради лошите резултати на коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ). Според 93,5 […]

Почна одбројувањето до старт на ЕВРО2024


Одбројувањето до почетокот на Европското фудбалско првенство во Германија влезе во последната недела пред воведниот дуел меѓу домаќинот и Шкотска, на 14 јуни во Минхен. По последното ЕВРО2020, кое беше одложено за една година, а се одржа во време на пандемија на коронавирусот и во дури 11 земји и 11 градови, овогодишното издание повторно ќе […]

Лајен ги почна разговорите за формирање мнозинство во ЕП


Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека најпрвин ќе разговара со социјалдемократите и либералите во Брисел, со кои соработуваше во минатото, за да се формира мнозинство по изборите за Европскиот парламент. -За време на изборната кампања работев напорно за да изградам широко и ефективно мнозинство во корист на силна Европа. Поради […]

Агелер на средба со Гаши, остануваат и поддршката и барањата на САД


Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со Ангела Агилер, амбасадорка на САД во Република Северна Македонија при што ги поздрави долгогодишните и силни билатерални односи меѓу двете држави и потоа ја нагласи важноста од одржување и натамошно зајакнување на овие односи кои се од заеднички интерес на двете земји. Тој изрази благодарност, во […]

Осум месеци затвор за три лица кои го навредуваа Винисиус на расистичка основа


Тројца приврзаници на Валенсија кои го навредуваа играчот на Реал (Мадрид) Винисиус Јуниор на расна основа за време на натпреварот помеѓу двата тима на „Местаља“ на 21 мај, беа осудени во понеделникот на 8 месеци затвор и 2-годишна забрана за влез на фудбалски стадиони.  На крајот на мај средбата помеѓу Валенсија и Реал беше прекината […]

Костадиновски најавува преноси во живо од Уставниот суд


Уставните судии да отвораат предмети по сопствена иницијатива, ќе бара новиот претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Според него, особено е неопходно да е покаже судски активизам и за секоја одлука за која судиите ќе се посомневаат во уставноста да можат самите да иницираат постапка, а не само како до сега по иницијатива на граѓани. […]

Стипендии за студии во Италија и Мексико


Амбасадата на Италија во Скопје известува за можноста за добивање  стипендии за македонски државјани од страна на Владата на Италија за академската  2024-2025 година. Како што објави МОН на својата веб-страница, заинтересираните кандидати може да аплицираат за неколку категории студии во Италија: напредни курсеви во траење од три месеци за усовршување на јазикот за студенти по италијански […]

Тони Стојановски именуван за нов Претседател на УО на НЛБ Банка Скопје, на местото на Бранко Грегановиќ


Тони Стојановски е новиот директор на НЛБ банка АД Скопје, соопштија од банката преку известување до Македонскта берза. Тој на оваа позиција ќе го замени досегашниот директор Бранко Грегановиќ. Во известувањето до берзата, од НЛБ посочуваат дека на 07.06.2024 година, Бранко Грегановиќ, поднесе оставка од функцијата Претседател на Управниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје. […]

ИСОС: Јакнењето на сметководствената професија ќе донесе дополнителни придобивки и за микро, малиот и средниот бизнис


Воведувањето и употребата на меѓународните стандарди за финансиско известување во нашата земја ќе обезбеди усогласеност на финансиските извештаи на домашните компании, вклучувајќи ги и малите и средни фирми, со оние што се изготвуваат на глобално ниво, што секако ќе донесе низа придобивки за нашиот бизнис сектор, бидејќи со тоа се зголемува неговата конкурентност, креирајќи нови […]

Бошков: На македонската економија и недостига антикоруптивно, етичко и бизнис морално однесување


На македонската економија и недостига антикоруптивно, етичко и бизнис морално однесување. Генерално сите велиме дека се почитува она што е напишано во законот и ставено како корпоративна легислатива, но корупцијата не работи сама, секогаш е потребно некој да ја понуди и да ја прими. Сивата економија за нас е дел од корупцијата, работата „на црно“ […]