Истражување: Во 2023 година најмногу вооружени конфликти од крајот на Втората светска војна


Во светот во 2023 година се случиле повеќе вооружени конфликти од која било друга година од крајот на Втората светска војна, според норвешката студија објавена денеска. Лани имало 59 конфликти од кои 28 во Африка, покажа Институтот за истражување на мирот во Осло (ПРИО). Но, бројот на земји кои доживеаја конфликти се намали од 39 […]

10 јуни во историјата – Толстој се преправи како селанец и тргна на аџилак


  На 10 јуни 1881 година, грофот Лав Толстој тргнува на аџилак во манастир преправен во селанец. Толстој веќе ги имаше напишано неговите две најголеми ремек-дела „Војна и мир“ (1865-1869) и „Ана Каренина“ (1875-1877). Рускиот благородник беше зафатен од духовна борба и се чувствуваше растргнат помеѓу неговата одговорност како богат сопственик да ја подобри состојбата […]

Костадинов најавува изградба на нов градски пазар во Струмица, најголем во државата


За новиот градски пазар во Струмица, што ќе биде најголем во државата, веќе втор пат е распишана јавна набавка и очекувам дека ќе се јават компании кои ќе дадат понуда што ќе одговара на условите пропишани од страна на Општина Струмица и граѓаните ќе добијат нов и современ градски пазар, изјави денеска градоначалникот Костадин Костадинов. […]

ДКСК ќе бара одговорност од Демири за разрешувањата на директорите на Токсикологија и Кардиохирургија


Антикорупциска комисија ги прифати пријавите дека се неосновани разрешувањата на медицинскиот директор на Токсикологија и на директорот на државната Кардиохирургија од страна на министерот за здравство Илир Демири, констатирајќи дека со двете одлуки на министерот се прекршени Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и Законот за здравствена заштита. Повреден е и Изборниот […]

Украина со дрон уништи редок борбен авион „Су-57“ на руска територија


  Украинската војска во неделата соопшти дека уништила еден од најновите и најнапредните руски борбени авиони во напад со беспилотно летало врз воена база длабоко во Русија. Борбениот ловец „Сухој-57“, наречен „Фелон“ од НАТО, бил погоден на асфалтот на воздушната база во регионот Астрахан, речиси 600 километри зад првата линија на борбите во руската инвазија […]

Outdoor Festival во Скопје Сити Мол – викенд исполнет со попусти и активности


Скопје Сити Мол ве поканува на Outdoor Festival од 13 јуни до 16 јуни каде посетителите ќе имаат можност да се едуцираат за разни outdoor активности и да ги искористат попустите за outdoor опрема и облека. Во рамки на првите три дена ќе се одржат панел дискусии во Cineplexx за outdoor спортовите, за физичкото здравје […]

Дизелот поевтинува за 1,50 денари за литар, цените на бензините без промена


Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, соопшти денес Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,734 ден/кг и сега ќе изнесува 42,475 […]

Во Сараево евакуирани средни училишта, по дојава за бомба


Во Сараево утрово се евакуирани три средни училишта по дојава за поставени бомби, соопшти Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево. На имејловите на три сараевски средни училишта пристигнале пријави за подметнати бомби поради што била потребна евакуација, потврди полицијата, пренесува порталот „Кликс“. Извештаите ги добија машинско-техничките, градежно-геодетските и средните деловно-стопански и трговски училишта во […]

Левица: Продолжува узурпацијата на Охридското крајбрежје, Пецаков не реагира


„Несанкционираното самоволие на неколку локални моќници во Охрид и натаму продолжува. Со одобрение на градоначалникот Кирил Пецаков, локалната власт и Владата предводена од ДПМНЕ, продолжува и бетонската узурпација на охридското крајбрежје“, соопштуваат од партијата Левица. „Охридското езеро, градот Охрид и статусот за заштита на УНЕСКО, денес се загрозени повеќе од било кога. Урбаната мафија продолжува […]

Фајнанс тинк: Во првиот квартал од годинава БДП зголемен за 1,2 отсто на годишна основа


Во првиот квартал од 2024, БДП се зголемил за 1,2 отсто на годишна основа, задржувајќи ја потиснатата економска динамика од 2023. Релативно воздржаната економска активност е резултат на две главни тенденции. Од една страна, извозот забележа релативно голем пад од 7.8 отсто, подлабок од тој во 2023. Од друга страна, приватната потрошувачка, која сочинува доминантен […]

(Видео) Падна потпорниот ѕид на Детската клиника во Клинички центар


Центарот за управување со кризи информира дека е накосен потпорниот ѕид на Детската клиника во Клинички центар, а утрото стигнала пријава дека дел е срушен. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, вели дека з аова предупредувал една година, но дека не наишол на слух од институциите. Тој тврди дека до ваквата состојба дошло поради подземните води. […]

Поради дефект без вода делови од Центар


Поради уличен дефект од ф 80мм на булевар „Свети Климент Охридски“ бб позади Влада, без вода се корисниците на потегот од Градски Парк – Школка до Влада и од булевар Илинден до Градски Стадион. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето е прекинато од 12:10 часот до завршување на интервенцијата.

Земјоделци и сточари со пари од ЕУ ќе купуваат дронови и роботи за помодерно земјоделство


Во канцеларијата „Европска куќа“ на Делегацијата на Европската Унија денеска во Тетово, беа доделени осум договори за грант со кои земјоделци и сточари од целата државата ќе можат да набават опрема и технологија со кои ќе може да го развиваат нивното земјоделство или сточарство. За модернизацијата Европската унија обезбеди 208.029 евра, што претставува 75 проценти […]

Коалицијата на Олаф Шолц понижена на европските избори


  БЕРЛИН – Германската владејачка коалиција претрпе разурнувачки удар на изборите за Европскиот парламент во неделата, при што социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц го забележаа својот најлош резултат на национално гласање во повеќе од еден век. Големите загуби на левичарската коалиција – поддршката за Зелените падна за речиси половина – најверојатно ќе ги обнови прашањата […]

Судскиот совет усвои нова комуникациска стратегија според препораките на ЕУ


Судскиот совет на денешната ја разгледа и едногласно усвои новата Комуникациската стратегија за ова тело и за судовите во Македонија која содржи Акционен план.Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева посочи дека со новата стратегија се исполнуваат четири од препораките нотирани во извештајот на оценската мисија, како и дека е усогласена со националните развојни политики и […]

Сара Мејс со нова песна „Хероина“ – посветена на сите жени, девојки, мајки, ќерки


Сара Мејс го објави својот најнов музички проект „Хероина“. Станува збор за безвременскa порака, која ја носи самиот текст на песната. Автор на текстот и на музиката е Сара Мејс,  за аранжманот и музичката продукција се погрижи Роберт Билбилов, зад спотот се потпишува Томислав Живковиќ, а асистент на продукација e Љупка Андоновска. Видео записот во […]

Лукаревска: Немаше „конгресен дебакл“, само одложување


Директорката на УЈП и пратеничка на СДСМ, Сања Лукаревска, не смета дека вчера се случи „конгресен дебакл“, со оглед дека Конгресот на партијата се одложи за нареден датум. „Не би рекла дека станува збор за конгресен дебакл. Ние сепак имавме отчетен конгрес на кој ги посочивме грешките спакувани во еден обемен извештај а презентиран од […]

Ќе го отвори ли новото Министерство за енергетика патот за спорните „рудници на смртта“


Со реорганизацијата на Министерството за економија, според донесените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа, неколку клучни сектори ќе се издвојат во ново Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини. Дали ваквата реорганизација ќе овозможи ефикасно спроведување на политиките во делот на енергетиката, како што најавуваат од владејачката коалиција, при […]

Авион на лет за Виена погоден од град, остана без „носот“


Авион на „Аустриан ерлајнс“ влета во невреме со град, што предизвика голема штета на пилотската кабина и изгуби дел од носот. Официјални лица на Austrian Airlines открија дека летот OS434 налетал на град на пат од Палма де Мајорка, Шпанија до Виена. Авионот пристигна на аеродромот во Виена со скршени предни стакла и уништен нос. […]

Граѓаните лани оставиле 800 милиони евра во коцкарници и обложувалници


Во 2023 година во Македонија имало 58 правни субјекти кои се занимавале со коцкање и обложување, а приходот кој го направиле бил 800 милиони евра. Толку пари оставиле граѓаните во коцкарници и обложувалници.Компаниите кои се занимаваат со оваа дејност, имале чиста добивка од 70,4 милиони евра, покажува анализата на порталот „Пари“. Компаниите со дејност обложување […]