Резервите на нафта во САД се намалиле многу повеќе од очекуваното, намалена е и инфлацијата


Резервите на нафта, бензин и други нафтени деривати во САД се намалиле многу повеќе од очекуваното во неделата заклучно 10 мај, соопштија денеска од Агенцијата за информација во енергетиката (ЕИА). Во меѓувреме, најновиот извешаj за инфлацијата е поповолен од очекуваното што предизвика раст на акциите на главните берзи на Волстрит. Резервите на нафта се намалиле […]

Пелистер го совлада Работнички, ќе игра со МЗТ за титулата


 Кошаркарите на Пелистер остварија победа против Работнички со 88:80 на домашен терен и со 3:1 ја затворија полуфиналната плеј-оф серија во Првата македонска лига.  Домаќините постојано водеа во натпреварот, одржуваа солидна предност и на крајот заслужено го добија мечот пред домашна публика. Планиниќ беше најефикасен во составот на Пелистер со 23 поени и 13 скокови, […]

Љупчо Палевски екстрадиран во земјава, ќе го пренесат во затворот „Скопје“


Љупчо Палевски, првообвинет за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е екстрадиран во земјава. Вечерва слета на скопскиот аеродром и се очекува да биде пренесен во затворот „Шутка“. Тој лани на 6 декември беше уапсен во Баликесир Турција, во обид да избега Претходно објавивме  дека вечерва од Турција ќе биде донесен првообвинетиот во […]

По седум рунди дијалог Белград и Приштина не постигнаа договор за трансакциите во динари, преговорите прекинати


 Денешната средба меѓу претставниците на Белград и Приштина за изнаоѓање одржливо привремено решение за луѓето кои се најпогодени од регулативата на косовската Централна банка за забрана на сите останати готовински трансакции освен во евра, покажа дека страните не можат да најдат компромисно решение за преостанатите отворени прашања, соопшти вечерва Европската служба за надворешни работи.  – […]

„Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Зоран Заев“ ќе организираат меѓународна конференција за Мир и одржлив развој


По повод шест годишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа, „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Зоран Заев“ во Атина ќе организираат дводневна меѓународна конференција за „Мир и одржлив развој“ на која специјалниот претставник на ОН во преговорите Метју Нимиц ќе ја добие наградата за мир, т.н. „Награда од Преспа“ , јави дописничката на МИА од […]

Кој е атентаторот од Словачка? 71-годишeн писател кој зборува за насилството и за мигрантите


Словачките медиуми јавуваат дека напаѓачот на премиерот на земјата Роберт Фицо е 71-годишниот писател Јурај Цинтула. Во објавувањето на оваа информација Деник Постој се повикува на извори во полицијата. Јурај Цинтула е 71-годишен писател, основач на литературниот клуб Духа и член на Друштвото на словачки писатели. Напишал три збирки поезија. Медиумите објавија дека тој го […]

Што предвидува ЕК во Пролетните прогнози: Македонија со раст од 2,9 отсто годинава


Европската комисија во најновите Пролетни прогнози предвидува раст за Северна Македонија од 2,9 отсто оваа година и 3 отсто во 2025 година, како и намалување на инфлацијата на три отсто годинава и 1,9 отсто иднарта година. Сепак, кд ЕК предупредуваат дека прогнозираните стапки за раст на БДП годинава би можеле да дојдат во прашање доколку […]

Ѓоковиќ без последици откако беше удрен со шише во главата


Рим-  Новак Ѓоковиќ беше на лекарски прегледи во Белград по ударот во глава на турнирот во Рим. Според изворот на „Република“, нема опасност по здравјето на 36-годишниот Србин. Прегледот не покажал никакви последици откако шишето удрило во главата на Ѓоковиќ. Инцидентот се случи на 10 мај кога Ѓоковиќ даваше автограми откако го победи Французинот Корентин […]

15 мај во историјата – Советите го почнаа повлекувањето од Авганистан


  Повеќе од осум години откако интервенираа во Авганистан за да ја поддржат прокомунистичката влада, советските трупи почнаа да се повлекуваат. Настанот од 15 мај 1988 година го означи почетокот на крајот на долгата, крвава и бесплодна советска окупација на Авганистан. Во декември 1979 година, советските трупи првпат влегоа во Авганистан во обид да ја […]

Трите меморандуми за Преспа во грчкиот парламент, ги достави Сириза


  Во облик на предлог закони, како што и најави вчера, грчката опозициска партија Сириза ги достави во парламентот трите меморандуми со Северна Македонија, донесени по втор пат, откако еднаш веќе беа доставени од актуелната влада пред нешто помалку од четири години, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на пратеничката група на Сириза, Сократис […]

Што кажа напаѓачот пред да го застрела словачкиот премиер


  Истрели беа испукани напладне во средата по состанокот на словачката влада во Хандлова кај Братислава, при што беше ранет словачкиот премиер Роберт Фицо. Функционер од партијата на Фицо потврди за „Гардијан“ дека премиерот бил погоден во пределот на стомакот. Тој брзо бил ставен во хеликоптер и пренесен во болница, а последните информации велат дека […]

Гугл ќе вгради вештачка интелигенција во својот веб-пребарувач


Веб-гигантот Гугл најави дека во резултатите од пребарувањето ќе прикажува и одговори генерирани со помош на вештачка интелигенција. Ова е една од најголемите промени на веб-пребарувачот на Гугл во последните 25 години, пренесува француската новинска агенција АФП. Новата функција првично ќе биде достапна за корисниците на прелистувачи во САД, но се очекува наскоро да биде […]

Промовирана првата група слушатели по македонски јазик во Тирана


Во просториите на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, на пригодна свеченост беа доделени сертификати на првата група студенти кои го завршија првиот циклус по македонски јазик, информираат од македонската Амбасада во Република Албанија. На настанот се обратија лекторот Славица Свидерска, а за значењето на лекторатот говореа амбасадорот Данчо Марковски и деканката на […]

Застрелан премиерот на Словачка, Роберт Фицо (Видео)


  Словачкиот премиер Роберт Фицо е застрелан во средата по состанок на владата, објавија локалните медиуми, при што се здобил со повреди на главата и градниот кош пред да биде однесен во болница од неговото обезбедување. Една жена на местото на настанот во градот Хандлова, централна Словачка, беше цитирана како вели дека слушнала три или […]

Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка


  Во Злот денеска починала Светлана Драгичевиќ, мајката на Дејан Драгичевиќ, осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ, неофицијално дознава порталот Нова.рс. Според информациите на Нова.рс, таа ненадејно починала. Светлана во април го погреба својот син Далибор, кој беше осомничен дека го криел телото на малата Данка, а почина во полицијата на Бор на распит, […]

МОН: Се печатат сите одобрени учебници од прво до седмо одделение


Започна печатењето на сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024-2025 година. Процесот е отпочнат навремено, во  вообичаениот период на печатење како и во изминатите години и наскоро целосно ќе се заокружи.  Кон крајот на овој месец […]

Велковски: Сeкое дете ќе добие Европска детска гаранција


Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски на Меѓународниот ден на семејството, денеска посети згрижувачко семејство во Oпштина Чаир, каде што се згрижени пет деца. Тој потенцира дека ваквите примери се за пофалба. -Токму од ова семејство ќе пораснат здрави индивидуи кои ќе градат здраво општество. Се радувам кога ќе видам како вложувањето во […]

Самит „Македонија 2025“: Иднината е тоа што самите ќе го создадеме


  Тринаесеттиот Самит на „Македонија 2025“, организација која ја спојува дијаспората со татковината, кој денеска почна во Скопје, упати силна порака да се впрегнат сите сили за постигнување економски раст од 5 отсто годишно со цел да се придвижиме кон развиените економии. Учесниците на Самиот, меѓу кои има бројни видни бизнименси од светот, и домашни […]

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка


Над 130 компании од Северна Македонија денеска беа запознаени со можностите за соработка со Лидл. Овој тип на соработка со локални компании е еден од основните постулати на Лидл во секоја земја каде работи.  „Основната идеја на Лидл во сите земји во кои е присутен, претставува развој на локалните производствени капацитети и заеднички раст и […]

Македонците внесуваат 2,4 пати повеќе сол од препорачаното


Во Северна Македонија се внесува 2,4 пати повеќе сол од максималниот препорачан дневен внес. Препорачано е да не се внесува повеќе од пет грама сол на ден, а кај нас просечен дневен внес на сол е 12,1 грама, информираат денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по повод Недела за подигнување на свесноста за солта. […]