Љупчо Палевски екстрадиран во земјава, ќе го пренесат во затворот „Скопје“


Љупчо Палевски, првообвинет за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е екстрадиран во земјава.

Вечерва слета на скопскиот аеродром и се очекува да биде пренесен во затворот „Шутка“.

Тој лани на 6 декември беше уапсен во Баликесир Турција, во обид да избега

Претходно објавивме  дека вечерва од Турција ќе биде донесен првообвинетиот во убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо.

Според досегашните информации, Палчо треба да слета на скопскиот аеродром околу осум часот.

Ќе биде спроведен во Истражниот затвор „Скопје“, по што на сила ќе стапи мерката од 30 дневен притвор.

Палевски првично избега во Србија, па преку Бугарија стигна во Турција, каде тамошната полиција го уапси на 6 декември во Баликесир.