Велковски: Сeкое дете ќе добие Европска детска гаранција


Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски на Меѓународниот ден на семејството, денеска посети згрижувачко семејство во Oпштина Чаир, каде што се згрижени пет деца.

Тој потенцира дека ваквите примери се за пофалба.

-Токму од ова семејство ќе пораснат здрави индивидуи кои ќе градат здраво општество. Се радувам кога ќе видам како вложувањето во децата на крај се исплати,  рече министерот  Велковски.

Според него, парите за згрижувачите не треба да бидат мотив да се стане згрижувач, туку тоа треба да биде љубовта и прифаќањето.

Тој најави градење на политика за воведување на Европска детска гаранција со цел да се обезбеди секое дете да има пристап до квалитетни услуги.

Министерот Велковски  порача дека семејството е темелот на денешницата, децата се создаваат од семејната средина, а токму од таму се гради идниот свет.

Воедно потенцира дека на  секое дете мора да му се гарантира заштита и да му обезбедиме достоинствен раст и развој.

-Голем број на деца во нашата држава живеат во сиромаштија, исклучени од системите на заштита и лишени од многу права. Други пак деца остануваат без биолошките семејства. Нивното место е да продолжат да живеат во семејство и тоа со помош и поддршка на згрижувачи, затоа што тоа е најблиска форма до семејната,порача Велковски. 

Тој најави градење на политика за воведување на Европска детска гаранција со цел на секое дете да му се обезбеди пристап до квалитетни услуги.