Сезонската авиолинија Скопје – Крф била откажана од комерцијални причини


 Од комерцијални причини, планираната директна сезонска линија од Скопје за островот Крф нема да биде воведена, дознава дописничката на МИА од Атина, од извори од грчката авиокомпанија „Егеан Ерлајнс“. Иако конкретното авионско поврзување меѓу Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Крф, ТАВ Македонија го соопшти на почетокот на април и најавија дека летот ќе биде воведен […]

Руски физичар осуден на 14 години затвор поради предавство


Москва – Руски физичар Анатолиј Маслов, кој работеше на развој на суперсонични проектили, денеска од судот во Санкт Петербург е осуден 14 години затвор во казнена колонија за предавство. Судењето се одвиваше зад затворени врати, а 77-годишниот Маслов изјави дека е невин. Неговата одбрана ги известила властите дека Маслов на почетокот на годината доживеал срцев удар […]

Одмор што не се заборава: Луксузно сафари во Конго и во Уганда


Има само три земји во светот каде што е можно да се следат горилата во нивното природно живеалиште. Од нив, Уганда и Конго се двете поприфатливи опции за средба со загрозени горили. Овие дестинации гарантираат магично бегство на сафари кое никогаш нема да го заборавите.За воодушевувачки погледи, незаборавни искуства и луксузен престој, ова се нашите […]

Димитриевски ги минал лекарските прегледи во Валенсија


Македонскиот голман Столе Димитриевски е пред потпис со шпанска Валенсија, барем според познатиот италијански новинар Фабрицио Романо. Тој објави дека нашиот голман ги поминал лекарските прегледи и повеќе не постојат пречки да стане играч на тимот од „Местаља“.  Според неговите информации неговиот договор ќе биде со важност до 2028 година, а Димитриевски ќе биде прв […]

Во март еврозоната забележа трговски суфицит од 24,1 милијарди евра


Според првите прелиминарни проценки, еврозоната во март забележала суфицит од 24,1 милијарди евра во стоковната трговија со остатокот од светот, објави денеска Евростат. Вредноста на стоките извезени од еврозоната во остатокот од светот во март 2024 година изнесува 245,4 милијарди евра, што е за 9,2 отсто помалку во споредба со истиот месец лани. Евидентиран е […]

„Башески создава крајни, тревожни и тешки стихови“. Промовирана „Дни, години“, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“


Со доделување на престижната награда „Браќа Миладиновци“ на поетската книга „Дни, години“, се потврдуваат трајните дострели на поетскиот опус на Димитар Башески, порача денеска писателот Иван Додовски на промоцијата на ова поетско дело, што се одржа во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Башевски за неговото поетско дело „Дни, години“ ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ […]

Сликовницата „Шарени ириси“ отвора нови видици за оптимизмот и емпатијата


  Во рамките на првото издание на новиот фестивал за литература и општа култура, „Видик“, вчеравечер (20 мај), во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“, беше промовирана новата хибридна инклузивна сликовница на кирилско писмо и на Брајова азбука во издание на „Арс Ламина“, „Шарени ириси“. Книгата, која е во издание на „Арс Ламина“, е со текст на Јована […]

Палевски спроведен пред судија на претходна постапка


Љупчо Палевски Палчо попладнево е однесен пред судија на претходна постапка. Палевски е осомничен дека за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.  Тој е првпат изведен пред судија на претходна постапка по екстрадицијата од Турција, каде побегна и потоа беше фатен од тамошната полиција.

Се будат ли Флегранските полиња: Италијанскиот супервулкан за пет часа беше погоден од 150 земјотреси


Речиси 150 земјотреси, најсилни во последните 40 години, се регистрирани вчера вечерта и утринава на Флегранските полиња, во близина на Неапол во јужна Италија, кои не предизвикаа големи штети, но предизвикаа паника меѓу населението, соопштија властите. Земјотрес со јачина од 4,4 степени е регистриран во 20 часот и 10 минути по локално време на длабочина […]

Такер Карлсон стана водител на руска телевизија


  Американскиот новинар Такер Карлсон стана водител на авторска емисија на руската телевизија. Програмата TUCKER започна да се емитува на ТВ каналот Росија 24; епизодите може да се видат и на платформата Smotrim.ru. Шоуто TUCKER е заеднички проект на каналот на Карлсон на Јутјуб и Росија 24. Во првото изданиеј, новинарот разговараше со експерт за […]

Наскоро паркинг за ПОЦ ќе се плаќа со СМС за корисниците на „М-тел“


Наскоро сите корисници на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ ќе можат да го регулираат паркирањето на комерцијалните зонски паркиралишта кои ги стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“. Директорите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и телекомуникациската компанија МТЕЛ, Душко Коцевски и Марко Лопичиќ, на денешната работна средба потпишаа договор преку кој се овозможува наплата на паркинг услугите […]

Украински студент во Москва три пати по ред завршувал во затвор, го спасила ќерката на Путин?


Украинскиот државјанин Серхи Хулко до неодамна беше еден од најдобрите студенти по медицина на Московскиот универзитет, но потоа неговите колеги го пријавија за антивоени публикации и тој заврши во затвор. Иако одлежа три последователни затворски казни, тој наводно избегнал полоша судбина со помош на ќерката на Владимир Путин, Марија Воронцова. Хулко одлучи да студира во […]

Утре се прегласува за две пратенички места, останатите 118 зедоа уверенија


Вкупно 118 новоизбрани пратеници добија уверенија. ДИК им ги додели откако беа избрани на парламентарните избори на 8 мај, а резултатите од гласањето не беа оспорени во жалбена постапка и станаа конечни. Два пратенички мандати ќе бидат утврдени со утрешното гласање на 7 избирачки места. Прегласување ќе има бидејќи ДИК утврди неправилности и побара повторување, […]

Иљази за Нико Беќаровски: Тој е доктор од времето на „друже Тито“


Eкономската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази дала изјава во која истакнала дека „доктор Нико Беќаровски е доктор од времето на друже Тито“. -Од страна на некои лекари, кои не се повеќе од пет или шест, се испорачуваат невистини во медиумите. Во јавноста се добро познати по скандали и дезинформации и се нарекуваат доктори […]

Иџет Мемети беше нем сведок на „црниот понеделник“ од 24 декември 2012


  Секој коруптивен „спектакл“ треба да се искористи во своја полза. ВМРО-ДПМНЕ по десетдневна хибернација по изборите денеска преку пратеникот Миле Лефков рече дека „апсењето на врховниот судија Наќе Георгиев за земање на мито од 10 илјади евра е само уште една потврда дека Македонија со власта на СДС и ДУИ ниту била правна држава, […]

Мајкрософт најави нови компјутери со чипови со вештачка интелигенција од Квалком


Американската технолошка корпорација Мајкрософт објави дека наскоро ќе пушти во продажба нови компјутери со напредни чипови од компанијата Квалком (Qualcomm) кои се дизајнирани да извршуваат функции на вештачка интелигенција без брзо празнење на батеријата. -Во прашање се чиповите Snapdragon кои ќе им овозможат на корисниците да извршуваат некои задачи со вештачка интелигенција дури и без […]

Незгоден изборен тест за иранските владетели по смртта на Раиси


  Со децении, иранските лидери можеа да посочат на високиот одѕив на гласачите на нивните избори како доказ за легитимноста на политичкиот систем на Исламската Република. Но, бидејќи одѕивот на гласачите опадна во последниве години, изборите што сега ќе бидат обврзани да ги одржат по смртта на претседателот Ебрахим Раиси ќе го принудат политичкиот естаблишмент […]

Тони Крос ја завршува кариерата


Тони Крос преку Инстаграм го објави своето збогување со Реал Мадрид и со кариерата на крајот од сезоната. Иако во последните месеци се шпекулира дека тој наскоро ќе потпише нов едногодишен договор со Реал Мадрид, откако сегашниот му истекува на крајот на јуни, тоа нема да се случи. Крос сега ќе ја заврши кариерата. Целата […]

Кој ќе го урне панорамското тркало и рингишпилот кај СЦ „Борис Трајковски“


Рингишпилот кој никнува во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“, а нема дозвола ниту од Град Скопје, ниту од Општина Карпош, ќе се отстранува со полиција.  Од Општина Карпош, денеска демантираа дека издале дозвола. Во врска со поставените реквизити за рингишпил во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“, Општина Карпош демантира дека е издадено било […]

Транзит на Јупитер – богатство: Овие четири хороскопски знаци чекаат пари и наследство


Јупитер е една од највеличествените планети во ведската астрологија. Тоа е планетата на мудроста, знаењето, проширувањето, растот, духовноста и високото учење. Неговото влијание врз поединецот вклучува позитивност, дарежливост и можности. Оваа планета означува и богатство, изобилство, просперитет и среќа. Јупитер, како и секоја друга планета, со текот на времето се движи од еден Зодијак во […]