Образованието и истражувањето се најдобри инвестиции: Свечена академија по повод 75 години УКИМ


 Нема подобра инвестиција од онаа во образованието и истражувањето, оти развојот се темели и ќе остане да се темели на доброто образование, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова, вечерва, на свечената академија што по повод 75-годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и одбележувањето на патрониот ден на Универзитетот. Обраќајќи се пред претставници на […]

Некаде „Република Македонија“, некаде „Република Северна Македонија“, некаде ништо


  На денешното промовирање на веб-страницата на новата претседателка на државава Гордана Сиљановска-Давкова има забележителна доза конфузија околу официјалното име на државата. Некаде стои „Република Македонија“, некаде „Република Северна Македонија“, а на почетната страница воопшто и го нема називот на државата, туку само претседателскиот грб. Не се ни знае каква функција извршува Гордана Сиљановска-Давкова. Прво […]

Џо Бајден одлучи да ослободи милион барели гориво од резервите за да ги намали цените


Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден одлучи да ослободи милион барели гориво од стратешките резерви, со цел да ги намали цените на бензинските пумпи. Според најавите од Вашингтон, до 4 јули, Денот на независноста на САД, ќе се пуштат 100.000 барели и ќе се вбризгаат на слободниот пазар со цел да се намалат цените на […]

На Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ ќе се запишат 44 студенти/питомци


Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за определување на бројот на кандидати кои се запишуваат на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 година, чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија. Со одлуката е определено, во студиската учебна 2024/2025 година да се запишат 44-ца студенти/питомци како […]

Врховниот суд одржа седница на судии, Адеми ги информира за кривичната постапка против Наке Георгиев


Врховниот суд на Република Северна Македонија одржа седница на судии на која претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, ги информираше врховните судии во врска со започната кривична постапка против судија на Врховниот суд, преземените активности и соработка со надлежните институции во врска со случајот и решението за времено оддалечување од вршењето […]

Италијанскиот министер за одбрана итно превезен во болница


Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето денеска со возило на брза помош е пренесен во болница, јави АНСА, повикувајќи се на соопштение од неговото Министерство. Крозето излегол пред да заврши состанокот на Врховниот совет за одбрана на Италија. Засега нема други детали.

Владата расправаше за стадионот во Тетово, бара Општината да прекине со работите на теренот


Владата денеска ја одржа 22 седница, на која, како што информираат од владината прес-служба, биле донесени повеќе одлуки и заклучоци, меѓу кои за запишување студенти/питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 годинаи одлука за учество на Армијата во НАТО операцијата „Кфор“ на Косово. Владата, по побарано мислење од Уставниот суд, […]

МЗТ на чекор од шампионската титула


Кошаркарите на МЗТ Скопје запишаа втора победа со 80-75 во финалната серија од плеј-офот во Првата македонска лига против Пелистер.  Гостите од Битола започнаа подобро, но тимот од Аеродром пополека влезе во ритам и го презеде водството. Интересно беше во финишот од средбата, кога Пелистер успеа да дојде до три поени разлика (76:73), но домашните […]

Русија почна со вежби за употреба на тактичко нуклеарно оружје во близина на Украина


Руската војска денеска соопшти дека во близина на Украина почнала вежби за употреба на тактичко нуклеарно оружје, кои ги наредил претседателот Владимир Путин на почетокот на мај, нагласувајќи дека тоа е одговор на западните „закани“. „Започна првата фаза од вежбите за подготовка и употреба на нестратешко нуклеарно оружје“, соопшти руското Министерство за одбрана. Како што […]

Помор на подмладокот на риба во велешкото езеро „Младост“


Подмладок од угинати риби во јата денеска плутале на езерската површината на самиот крајбрежен појас на велешкото езеро „Младост“.  Даниел Наумоски, претседател на Здужението на спортски риболовци „Бабуна“ за МИА попладнево информира дека тие прво се забележани од страна на граѓани-посетители на езерото, а потоа биле известени и во Здужението, кое е концесионер на езерото. […]

Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија


Во силното невреме што го зафати Сомбор и околината околу 17 часот, една жена загина кога дрво паднало врз возилото што го управувала, соопшти денеска српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Како што изјавил, жената од здобиените повреди починала на самото место, се наведува во соопштението на српското МВР. Дачиќ ги повика граѓаните да […]

Интензивни врнежи од дожд и град го зафатија кумановско


Интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер попладнево го зафати поширокиот кумановски регион. Во неколку села во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане имаше појава на град. Од Регионалниот центар за управување со кризи – Куманово информираат дека е пријавена штета на кров од викендица во Младо Нагоричане и уништени се родни дрвца, во липковско има […]

Претседателот на Реал на ручек со Мбапе и Макрон


Кога мајката на Килијан Мбапе вчера изјави „добро знаете каде ќе игра Килијан“, а медиумите најавија дека на 1 јуни се чека крајот на финалето на Лигата на шампионите за официјално да се потврди дека еден од најталентираните напаѓачки пристигнува во Реал Мадрид, малкумина очекуваа дека денеска претседателот на „кралскиот“ клуб Флорентино Перез ќе се […]

Првата дама на Сирија, Асма ал Асад има леукемија


Дамаск – На првата дама на Сирија, Асма ал Асад, и е дијагностицирана леукемија, соопшти денеска кабинетот на сирискиот претседател. Дијагнозата доаѓа речиси пет години откако таа пријавила целосно закрепнување од рак на дојка. Во соопштението се вели дека Асма (48) е подложена на специјална процедура за третман што бара таа да остане во изолација, поради […]

Хируршките сали во Клиничкиот центар во употреба, надминат проблемот со компримираниот воздух


Хируршките сали во Клиничкиот центар повторно се враќаат во употреба. Проблемот со  компримираниот воздух е надминат и сервисирањето е успешно завршено, потврдија попладнево од Министерството за здравство за МИА. – Ниту еден итен пациент овие два дена не беше оставен без здравствена заштита. За итни интервенции пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести […]

Кривичен суд му одреди притвор од 30 дена на Љупчо Палевски


Судија на претходна пстапка во Основниот кривичен суд во Скопје, му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на Љупчо Палевски осомничен за убиството на 14- годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски (74). -Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека осомничениот за двојното убиство во Скопје и […]

Русија загуби уште еден ракетен брод, Украинците го погодиле „Циклон“ на Крим


Генералштабот на вооружените сили на Украина потврди дека во нападот врз Севастополскиот Залив, каде што се наоѓаат некои бродови на руската Црноморска флот, бил погоден и уништен рускиот ракетен брод „Циклон“. „Ноќта на 19 мај, одбранбените сили на Украина го погодија рускиот ракетен брод „Циклон“ во Севастопол“, соопшти Генералштабот. Нападот бил изведен со беспилотни летала. […]

Македонија2025 го организираше третиот Саем за наука, дел од проектот „Науката и јас“


Денеска се одржа третиот регионален Саем за наука, организиран како дел од проектот „Науката и Јас“, во организација на Македонија2025 и компанијата Џонсон Мети. Овој настан има за цел да ги поттикне учениците да се заинтересираат за науката и да ги презентираат своите научни проекти пред пошироката јавност. Саемот се одржа во поливалентниот простор на […]

Врховниот судија Наќе Георгиев доби притвор од 30 дена


  Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, му определи мерка притвор во траење од 30 дена на врховниот судија Наке Георгиев, за кој постои основано сомнение за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“. Од Основниот кривичен суд Скопје, […]

Тешко повреден работник при извршување градежни работи на објект во Карпош


Од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, вчера во 13.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.И.(38) од с.Свиларе, Скопско. Како што соопшти МВР, според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Карпош во Скопје. […]