Неколку лица загинаа во торнадо во Ајова, десетина се повредени


Неколку луѓе загинаа во торнадо во градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова, додека десетина се повредени. Од невремето има уништени домови, расфрлани остатоци и неколку големи соборени турбини на ветер. „Торнадото уништи добар дел од овој град. Можеме да потврдиме дека има повеќе жртви за време на торнадото“, изјави портпаролот на полицијата на државата […]

Мбапе нема да игра на Олимпијадата во Париз


 Францускиот фудбалер, Килијан Мбапе нема да игра на Олимписките игри во Париз, објави „COPE“. Според шпанското радио, Реал Мадрид, кој има намера да го ангажира 25-годишниот Французин, смета на напаѓачот во август и нема да го пушти на Игрите во 2024 година. На 10 мај, Мбапе објави дека ќе го напушти ПСЖ како слободен играч […]

Десетици илјади Иранци на погребот на Раиси во Техеран


Десетици илјади Иранци се собраа утрово во центарот на Техеран за да му оддадат почит на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа. Луѓето се собраа околу зградата на Универзитетот во Техеран, каде што врховниот лидер на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, ќе ја води молитвата на погребната церемонија. Раиси и уште седум […]

Парламентарни избори 2024: Се прегласува во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6


 Во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 денеска ќе се прегласува за Парламентарните избори 2024. Прегласување во петата изборна единица ќе се спроведе на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 и 1470/1 во Долнени и 1844 во Струга, додека во шестата изборна единица на избирачкото место 2101 […]

Ескобар: Очекуваме новата влада на Северна Македонија да продолжи по европскиот пат


 Очекуваме дека Северна Македонија ќе продолжи по европскиот пат, кажа заменик-помошникот секретар на САД во заминување и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, во онлајн интервју за Европскиот центар на Атлантскиот совет. Ескобар, за време на разговорот за улогата на САД во услови на предизвици на Западен Балкан, беше прашан дали по победата на […]

Нетанјаху вели дека нема планови за израелски населби во Газа


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел не планира да гради населби во Појасот Газа откако ќе заврши војната таму, пренесе ДПА. – Раселувањето на Газа … никогаш не беше на маса. Некои од моите гласачи не се задоволни поради тоа, но тоа е мојата позиција, рече Нетанјаху во интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен. Неколку […]

Додик: Усвојувањето на резолуцијата за Сребреница ќе биде симболичен крај на мултиетничката БиХ


Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека во случај на усвојување на резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на Обединетите нации, првиот чекор на Бања Лука ќе биде владина седница во Сребреница, од каде што ќе соопшти дека резолуцијата е неприфатлива, неприменлива и ништовна. Додик за РТС изјави дека ниту една акција на РС […]

Во Битола изожба „Монодиоптрија“ на фотографот Диоген Хаџи-Коста Милевски


НУ Центар за култура-Битола, во предвечерието на меѓународниот фестивал на монодрама, организира изложба „Монодиоптрија“ чиј автор е фотографот Диоген Хаџи-Коста Милевски. Изложбата Монодиоптрија е визуелно патување и ретроспектива на најмоќните моменти од Интернационалниот фестивал на монодрама во периодот 2019 – 2023 година и содржи 30 фотографии кои ги визуелизираат емоциите и суштината на ликовите толкувани […]

Г.г. Стефан: Цариградската патријаршија ни поставува неприфатливи услови за томос


Вселенската патријаршија поставува неприфатливи услови за да ѝ додели томос за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, изјави архиепискот охридски и македонски г.г Стефан. Прашан кога ќе биде доделен томосот, тој за штипската телевизија ТВ Стар одговори – кога ќе се исполни времето. – Тоа не може да се претпостави. Може да биде […]

Без струја дел од скопските општини Центар и Аеродром


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Центар и Аеродром, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Самоилова“ во Општина Центар. Во периодот од 11:00 до 13:00 часот без струја ќе останат […]

Протест на вработените во АД Пошта


Вработените на АД Пошта денеска во сите подружници во земјава ќе одржат протест барајќи исплата на платата за април и итно отпочнување на реформи за реорганизација и оптимизација во работењето. – Поради сериозноста на состојбите во која е доведено опстојувањето на АД Пошта на РСМ, зачувувањето на работните места на вработените и егзистенцијаta на нивните […]

„Мајска сесија – Дојди да се преслушаме“ концерт на платото пред УКИМ по повод Денот на Европа


Концерт со наслов „Мајска сесија – Дојди да се преслушаме“, ќе се одржи вечер на платото пред Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје како централен настан на Јуроп хаус по повод “Денот на Европа 2024”. Концертот ќе претставува автентично музичко патување низ историјата на домашната рок и поп-антологија. На концертот, со наслов „Мајска сесија […]

Изложба „Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте“ во Сули ан


Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата по графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ по 37-ми пат ја организираат изложбата „Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте“. Изложбата ќе биде отворена вечер,, во 20 часот, во Галерија „Драгутин Аврамовски-Гуте“, на Факултетот за ликовни уметности, објект Сули ан, […]

Промоција на поетската збирка „Килибар и младост“ на Гордана Михаилова Бошнакоска во издание на „Макавеј“


Промоција на поетската збирка „Килибар и младост“ од авторката Гордана Михаилова Бошнакоска во издание на „Макавеј“ ќе се одржи вечер во 19:19 часот во Салон Империјал 1 во Културно информативниот центар – Скопје. Нејзината  поетска збирка „Килибар и младост“, е втора од проектот поетска трилогија, во која се надоврзува на претходната „Мед и младост“, а […]

Предавање во употреба на новиот Тренинг-центар за гасење пожари од нафтени деривати


Во кругот на ОКТА денеска официјално ќе биде предаден во употреба новиот Тренинг-центар за гасење пожари од нафтени деривати. На настанот се очекува да се обратат главниот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос и директорот на оператива во ОКТА, Ице Рикаловски.

Втора Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА


Втората Конференција за комерцијални недвижности, во организација на ФОРТОНМКА ќе се одржи денеска во Скопје, на која локални и меѓународни професионалци ќе дебатираат за најновите трендови и предизвици со кои се соочува индустријата за комерцијални недвижности. Целта на конференцијата, како што наведува организаторот, е да овозможи квалитетна платформа за дијалог и размена на идеи и […]

Облачно со сончеви периоди


Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа, особено во источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 11 […]

ЕЦБ ќе ги намали каматните стапки во јуни?


Во зависност од добиените податоци и новите проекции, Европската централна банка (ЕЦБ) во јуни би можела да ги намали референтните каматни стапки во еврозоната, но понатамошните чекори се многу помалку сигурни. Членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Изабел Шнабел, изјави во интервју за агенцијата Никеи дека последниот чекор за намалување на инфлацијата е најтежок, бидејќи […]

Основачот на Светскиот економски форум, Клаус Шваб, се повлекува од функцијата извршен директор


Светскиот економски форум во вторникот потврди дека основачот Клаус Шваб се повлекува од секојдневното управување со организацијата по повеќе од 50 години на чело. Форумот рече дека овој потег е дел од повеќегодишната стратегија за промена на структурата на управување, префрлање на управувањето на претседателот и одборот на директори. Борге Бренде моментално е претседател на […]

Мицотакис од Костур и Лерин упати ново предупредување за Македонија: Патот кон ЕУ ќе биде запрен


  Како што кампањата за европските избори влезе во последните две недели грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги засили предупредувањата, па дури и закани за европскиот пат на Македонија кои станаа една од главните политички теми во Грција по инцидентот при заклетвата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Мицотакис се бори за гласовите на националистичката конзервативна база во […]