Неколку лица загинаа во торнадо во Ајова, десетина се повредени


Неколку луѓе загинаа во торнадо во градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова, додека десетина се повредени.

Од невремето има уништени домови, расфрлани остатоци и неколку големи соборени турбини на ветер.

„Торнадото уништи добар дел од овој град. Можеме да потврдиме дека има повеќе жртви за време на торнадото“, изјави портпаролот на полицијата на државата Ајова, наредникот Алекс Динкла, без да прецизира колку луѓе настрадале.